Secret Movie Valentine

  • Креатор на темата Креатор на темата grande-juve
  • Време на започнување Време на започнување

Кој член сакате да ви избере филм?

  • Вкупно гласачи
    24
  • Гласањето е завршено на .
Neli ne trebase da otkrivame kraj na filmovive?
Не би требало, во рецензија не треба да се открива многу за филмот, особено не крајот. Ако има било какви забелешки за нечија рецензија, пријавете, ќе изменам.
 
Има ли некој што го нема гледано овој филм?
Screenshot 2022-02-10 at 20.17.01.png

немој сега купидон да не се фати со мене после играва, филмов е баш лесен и интересен и опушта :)
Автоматски споено мислење:

@Dumbledore веќе ми акна корпа што ми праќаш срценца сега? :(
 
Последно уредено:
Има ли некој што го нема гледано овој филм?
Прегледај го приврзокот 321787

немој сега купидон да не се фати со мене после играва, филмов е баш лесен и интересен и опушта :)
Автоматски споено мислење:

@Dumbledore веќе ми акна корпа што ми праќаш срценца сега? :(

само 4 од тука го гледале што сакаат жените
 
Последно уредено:
Closer (2004)

Филмов мислам го имав гледано пред цел еден живот. И кога првпат го гледав ми се свиѓаше, вториов пат дур го гледав цело време си мислев колку добро ќе беше ако Гаспар Ное или Кроненберг го имаше режирано. Толку многу муабети и зборови кажани, а ниту еден секс не падна. Не знам зошто, ама имам чувство дека писателов на делово имал доста проблеми у бракот или со неверства или со доверба кон партнерката. Целиов филм е борба на ега, посесивности и задоволување на сопствени суети. Можеби подобро ќе излезеше ако го гледав ко театарска претстава. Дијалозите ми се предраматични и нереалистични, и колку што дијалозите беа драматични, толку Џулија Робертс беше рамна (цел милениум не сум гледал филм со неа), Натали Портман едино ми направи ќеиф. Тоа е тоа. 6 од 10

p.s

И кога ќе видам дека Сашко на мојот филм му дал шестка, ми паѓа криво што Гранде Јуве не му го прати првиот предлог, којшто ми го врати. :(
 
Sorry а кој беше другиот предлог ако не е тајна па може ќе ги изгледам и тој?
 
3f791c9c3ade13a3ec675a5f7b9a5de0.gif

Sorry а кој беше другиот предлог ако не е тајна па може ќе ги изгледам и тој?
послужи се
 
Ме фати несоница па решив да го изглеам предлог филмот кој е премиера за мене.

По некоја случајност глеав некоја листа за актери кои незнаат да глумат и Даниел Редклиф ми се избаци... мада овде е ок во улогата што ја претставува.

За филмот,дечко среќава девојка со која од прво гледање му тргнува муабет - она као да се знаат цел живот и овој и зима број но не и се јавува ,по некоја коинциденција се среќаваат пак и повторно разговорот им иде од рака шо се вели и се наѕира пријателство меѓу нив.
Секој/а имал таков некој/а со кој/а ти трга разговор на разни теми,но тој/таа да биде во врска со друг/а,као шо во овој случај е примерот на девојката.
Дечкото на девојката трга на работа во странство шо му отвара шанса на Волас(Даниел Редклиф) да помине уште повеќе време со неа...

Да не го тупам,предвидливо е како би се одвивал филмот понатаму ...како и да е ќе си го поставиш себеси прашањето - what if/шо ако најдобриот пријател/ка е твојата сродна душа.

Севкупно филмов е симпатично лајт,со некои досадни сцени(оти премногу safe формула тера),чат-пат смешни моменти и 6.8 шо има на имдб е соодветна оцена.
 
За разлика од минатиот пат, кога 99,9999999% знаев кој е мојот Дедо Мраз, овојпат поим немам кој е мојот Купидон / Ерос. На прв поглед би личело ко @grande-juve зашто добив (скоро) филм-римејк на неговиот омилен филм, ама веројатно не е тој. Има уште неколкумина мои пријатели на LB кои го имаат оценето со висока оценка, но мислам дека сепак Купидон е некој кој нема Letterboxd. Го добив

Body Heat

Класичен нео-ноар во кој романсата се сведува само на секс сцените (а ги има во изобилство, заради што + заради сцени на насилство и други вознемирувачки сцени, има рејтинг X). Филмот ми се допадна, освен 2 работи:
1. Цело време имав чувство ко да ми е се веќе видено. Режисерот бил под огромно влијание на Double Indemnity, неговиот омилен филм, па затоа на моменти, особено при крајот се чувствува ко да е ова баш негов римејк. Ликот на Мети Вокер (глуми одличната Кетлин Тарнер за која ова бил дебитантски филм) бил направен врз база на легендата на ноарот - Лорин Бекол. Дури и при кастингот, барале актерка која потсетува на нејзе и има долги нозе, како нејзе. Токму поради тоа силно влијание на филм-ноарот тука, се чувствува ко да има мало отсуство на оригиналност.
2. Потта кај ликовите ме правеше да се чувствувам непријатно. Малку ми беше одбивно да гледам во секоја сцена како им тече вода по лицето и како сите имаат вирчиња под мишките. Ааа, да - и плава кошула во лето не се носи! :sick:
Инаку - интересен филм. Го задржува вниманието до крај, иако претчувствуваш цело време што ќе се случи. Нормално дека приказната не може да биде реална зашто
не може некој уште по средношколските денови да планира што ќе му се случи во животот по 10, 15, 20 години, па да си го смени идентитетот во тој на својата соученичка, како неа да се претставува со гоодини секаде, дури и на својот сопруг и љубовник, се со цел да го натера љубовникот да го убие нејзиниот сопруг за да може она да ужива во наследството. Јас не знам што ќе јадам утре за ручек, а не да правам пазли за 10 години од сега, и да испадне толку совршено.
Во секој случај фала на Купидонот / Еросот кој ми го предложил филмот. (y) Убаво филмче, ја сакам многу естетиката на филмовите од осумдесетите и деведесетите, заради што добива и поен плус од мене. 8/10
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom