Јас реков одам до трета доза и не ја играм играва и понатаму. Стигнав до таму (3/3), плус прележав и ја завршив играта. Па макар еден ден и да не можам да излезам од Македонија поради некаков си иден нов сертификат што би се барал.
Воопшто не е играчка да се рчка имуниот систем на секои 6 месеци или година. Тоа ми е потврдено од навистина многу еминентни лекари (проваксери).
Крај краева, во последно време (Омикрон) гледаме дека пак е руски рулет Ковидот и кај вакцинирани и кај невакцинирани, што воопшто не беше случај додека доминираше Делта сојот.
Пола фамилија ми се медицински лица (инаку проваксери) во секундарно и терцијално здравство. Гледаат што гледаат, па ми пренесуваат, дискутираме.
Односно некој ќе го помине вирусот лесно и невакциниран, и со 2 дози и со 3 дози. А некој ќе го јаде ежот и со три дози, еве последен пример мој добар пријател, од вчера е хоспитализиран на Инфективна, богами за жал критично му е (без коморбидитети).
Не е единствен, има и многу други како него. Ова е реалноста за жал, ми се свиѓала или не.
Пост-Ковид исто, руски рулет, гледам во мое широко опкружување.
Сите што ги познавам (целосно вакцинирани и невакцинирани) веќе се заразија, секаде различно удира вирусов некој лесно, некој потешко, едностано нема правило. Некој без последици, некој со последици. Ѓубре вирус!
Омикронот, па и неговата подваријанта BA.2 која што веќе пред речиси две недели е детектирана и кај нас со првиот секвенциониран случај што е кај пациент Д-р Кунгуловски (се зарази човекот), но и кај доста други.
Се докажува дека вакцините (три дози) едвај штитат 30% од зараза (јас би рекол ни толку) и тоа многу краткотрајно, сега со овие мутации веќе трансмисијата на вирусот подеднакво ја вршат и целосно вакцинирани 3/3 и невакцинирани.
Тука веќе целосно се губи и смислата на сертификатите, нешто што веќе секој треба да го сфати, дека нема апсолутно повеќе никаква логика од ограничувањето за невакцинирани. Исто повеќе нема место и за било какви други рестриктивни мерки.
Моето сегашно гледање на работите околу вакцините, не е ниту про ниту анти ваксерско, само сум крајно, крајно реален.
Чувајте се колку што можете (иако е практично невозможно со Омикрон) и дај Боже сите доколку се заразите со лесно да го поминете, без последици. Без разлика на вакциналниот статус.