Тебе не, но оние што се прашуваат дали е добро и кул, ова на нив се однесува...ваљда. Зошто да бутаат било какви хемикалии во себе кои не се неопходни за функционирање на организмот? Зошто да се напрегаат плуќата, срцето, бубрезите, џигерот и мал милион други делови од нашето тело да ги исфрлат како непотребно?
Нели му е подобро на оној кој се прашува како е, наместо ова, да сврти една партија фудбал, да истрча до Средно Водно, да рола, вози точак, да има секс и се по ред, без да оштетува органи? Штом ја преминат 25-тата или 30-тата веднаш се фаќаат повеќето за списанија од типот -Здрав живот, јадете здраво, како да си го зачувате црниот дроб (пошто тој има најмногу функции со стотици), како да го заштитите срцето, мозокот...Тие ствари се трошат и покрај тоа што ни е фино да лежиме, пушиме или пиеме.
Сите извикуваат пароли за здрав живот на тие години, но дали воделе порано? Оти борбата на нашиот организам е од мали нозе, не е од после пубертетот.
Никој не може да те разубеди, тоа е твое право (у ствари е право на старателите) но треба да размислуваш од сега како ќе влијае било која хемикалија во понатамошниот живот. Шеќерот, срцевите заболувања, канцерите...се во подем, а посебно кај се помладите. Тоа не е само ради нервоза, тоа е заради начинот на живот. После, во поодминати години ќе биде касно да се заврти човек кон здрава храна, брусница и зелен чај. Џабе, оштетеното не се враќа.
Вака незнам дали знаеш но повеќето уживатели на опојни средства значи не зборам за тешки наркомани ниту за тревопушачи туку како што кажав уживатели на повеќе опојни средства значи луѓе што конзумираат повеќе и различни видови на дрога (а почесто ваквите не се навлечени ниту на една од тие) се свесни за штетните последици на тоа што го конзумираат и се хранат многу поздраво од голем број од оние што не прават буквално ништо. Затоа делот Здрава храна не ти држи баш вода затоа што има луѓе што се свесни дека поради нездравиот начин на живот ако не друго треба да му пружат квалитетна исхрана - здрава и полна со витамини.
Епа.. Мене можеш да ме стајш во таа група на луѓе на кои дрогата им е дел од животот но ако не друго се хранам крајно разновидно, внесувам премногу витамини во организмот и да чукнам во дрво барем засега сум немала никакви проблеми со ништо. Мислам и за крвта и за се што сум се проверила до сега не ми кажале ништо лошо и ништо неправилно не ми се дешава во организмот..
Е сеа добро не е секој организам ист факат но си кажувам за себе.
Е сега..
Можам слободно да кажам дека имам пробано се што има кај нас - и викса не се фалам туку кажувам со цел да објаснам некои работи. И доста со муабетот фалење затоа што дрогата не е нешто со кое што треба да се фали човек. Напротив.
Е сега.. Баш заради тоа што како што кажав имам пробано доста работи и покрај тоа што сум ЗА дрога и што ја бранам марихуаната и се тоа најискрено и од срце би сакала да дадам еден совет -
Пијте, пушете, коцкајте се, е*ете проститутки правете што К сакате - АЛИ НЕМОЈТЕ НИКОГАШ ДА СЕ ДРОГИРАТЕ!
И не, не е кажано ова иронично.. Јас сметам дека одамна згрешив со некои работи но сепак ми се свиѓаат и не се каам но тие што сеуште не се изгореле како родител, пријател како сакате сватете ме им порачувам ништо и никогаш повеќе од еден џоинт па ако не се мора ни тоа. Учете од туѓите грешки!!!
Кажувам дека не се каам, а сепак дека ми е грешка затоа што секој што пробал, секој што осеќа или осетил некогаш на своја кожа знае колку е убаво тоа чувство. Колку е најпрекрасно. И баш тоа е проблемот. Тој ебано добар филинг.
Незнам како ќе ме сфатите но колку и да делуваат некои муабети од моја страна лоши за другите за тие што сеуште треба да поминат многу работи во животот и покрај тоа да поминат покрај дрогата јас воопшто немам намера да натерам некој да проба. Се согласувам дека не е компатибилен да зборува некој што нема пробано и дека е бедно што така ја напаѓате особено ганџата затоа што ганџата во денешно време е како тутун ништо повеќе. Не е тревата таа што е за осудување и тие што ја конзумираат.. Едноставно незнам зашто не правите нас нешто помалце од вас..
Си кажав мене целта ми е да ви објаснам какви се луѓето на кои што дрогата им е дел од животот но кажав милион пати и уште толку ќе повторам затоа што од многу нема зијан - Прекрасно е да, не е секогаш толку штетно колку што го прават луѓето, не е баш точно дека конзуматорите на дроги и синтетики се одвратни како личности или нешто.. Напротив обично се посрцки од што можете и да замислите.. НО - (енд аген) затоа што го живеам тоа и го чувствувам на своја кожа и секојдневно гледам околу себе луѓе кои што се уништуваат затоа што неможе секој да си ја постави границата без понатака да ја премине - Не пробувајте! Нема потреба! Уживајте во тоа што вас во животот ве прави среќни. Дрогата не те прави ништо повеќе, но и ништо помалце како што вие понекогаш коментирате. Еднсотавно како и секоја друга игра и таа мроа да ја играш со памет. А знаете кога играта ќе ти се види интересна можеш и да претераш. Ризикот постои.
Секој е со своето. На сите нас различни работи ни причинуваат задоволство. Ако сте го пронашле тоа во животот што ве прави задоволни воопшто нема зошто ни да помислувате на дрога. Вашиот психички оргазам - врв на задоволство е постигнат. Повеќе може да ви дојде и премногу а кажав - со дрога играње нема!
Се надевам дека колку толку успеав да ви објаснам тоа што имав.. Кој сака да праша нешто нека си праша слободно ќе се потрудам да одговорам најдобро што можам. После постов не се чудам и да ме осудувате за нешто и да ме разберете погрешно, сепак јас си го кажав тоа што ми лежеше на душа и би била задоволна само ако го прочитате не барам коментари, а до напаѓање и карање не ми е воопшто дојдено.
И покрај тоа што јас неможам никого да навлечам на дрога ниту да убедам да проба (а и немам намера) сепак на истиот начин неможам ни никого да предомислам да НЕ проба ако веќе има решено а знам по себе и по многу луѓе што се околу мене дека неможам никако да вратам некој ако тргнал по тој пат.
Сепак се надевам дека ќе подосвестам некој што сеуште не размислува доволно зрело на оваа тема, исто радо би ве информирала сите за се што ве интересира и за се што знам и можам. Исто така се надевам дека некој ќе размисли пред да претера и да се стркала по она сокаче од кое нема враќање.
Значи.. Не се правам паметна, не сакам да личи дека филозофирам и попувам некому, знам дека сум сепак само дете и можеби понатаму поинаку ќе ги гледам и перцепирам работите но минатото не се брише. Ова што сега го мислам и начинот на кој што сега гледам на работите и да се смени еден ден сепак тоа ќе се други времиња и можеби ќе живеам сосема поинаков живот. Сега тоа е тоа. Реков дете сум и можеби ќе ме осудувате за се што пишав погоре. Али тоа сум јас и нема што да кријам.
Добро да не должам многу и така претерав со рефератов..
Само кажав за информации или што и да е пишете слободно, а до карање не ми е дојдено покрај тоа што кажав дека сум спремна да ме осудувате после овој мој исповед али не планирам да враќам на начин на кој би довела до кавга. Го пишав ова само со една цел - Да помогнам некому и да освестам некој.
И достате со википедии и интернети - Прашај паталец, не гаталец!
Поздрав и Peace:smir: