Дрога ( Наркотични дроги )

Член од
27 март 2007
Мислења
584
Поени од реакции
37
тоа со дувањето не го насочив кон тебе
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
тоа со дувањето не го насочив кон тебе
А ова го насочи кон мене? :)


[шала, Дивајн, бриши го содржајниов муабет :)]

GoD.HateUSaLL напиша:
А ова го насочи кон мене? :)


[шала, Дивајн, бриши го содржајниов муабет :)]

Их, седи бе, на кого наредуваш? о.0"
 

Alo 192

имам симпатија
Член од
7 октомври 2008
Мислења
353
Поени од реакции
11
Македонска телевизија, образовна програма таааам тадааааам там там тадаааам.


Ептен иновативен си мамата. Незнам. Јас сум либерален. Сум пробал и ништо после тоа. Интересно. Љубопитност. Ништо повеќе. Тие што дуваат не се лузери али не се ни некои пофраери од тие што не дуваат. Сепак секој си има свој живот. Нека си прави што сака се додека јас не сум вмешан во тоа. Секој си има свој памет и како што си мисли нека си прави. Јас не сум нешто попаметен па да наредувам.
Сум пробал све освен хероин.Далеку од тоа дека мислам дека сум пофраер од тие што дуваат,едноставно не сум у тој филм.На никого не му бранам да се дрогира,негово право.Ја си давам свое мислење само.
 
R

RAYTHEON23

Гостин
А шо е форава со темава нешо пишувате меѓу редови демек све знаете и дека сте џанаци, дека дувате секојдневно нешо ау... СИТЕ дроги се штетни.. СИТЕ во кој спаѓа и марихуаната и немојте да се лажете на тоа дека од еднаш ништо неможе да ви биде пошто пушите срање


А како е со марата? Добро ? Поздрав си ? Појак си ? Ај те молам објасними или прекини да се резилиш на форумов демек ти си заштитник на марихуаната па ја оправдуваш. ИМА МАЛОЛЕТНИЦИ ВКЛУЧУВАЈКИ МЕ И МЕНЕ ШТО МОЖАТ РАДИ ТАКВИ ХИПИ ЗАШТИТНИЦИ КО ТЕБЕ ДА ПРОБААТ И ДА СЕ НАВЛЕЧАТ!

Ова болдираново беше да ти влезе у глава малце а не дека сакам да ти се издеравам или да се карам со тебе.. ти го кажуем у најдобра намера
Поздрав:smir:
епа немојте...шо да ви кажам...јас ни сум заштитник ни пророк,а за месија да не збориме!!!!!

ако еден мој пост ја разниша твојата(или чија било)самодоверба јбг:toe:

Тотално исти случај!



Шо се однесува до првото, по опуштен си.
Шо се однесува до второто, ако имаш малце мозок у глава, неможеш да се навлечеш, со оглед дека не предизвикува физичка ни психичка зависност, може да ти прејде во навика, шо се споредува со психичка зависност, ама секако, тоа ако си неписмен скот.
На крај краева, ти ако си лузер, ти не си лузер зашо пушиш трева, туку лузер шо пуши трева..шо ни малку не е исто..

И, зборам во второ лице, шо не значи дека ти се обраќам на тебе :)
немај гајле <3
taka.....
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Абе мислам дека и 140 страни да се начукаат на темава ќе вртат истите муабети до крај и ќе се стигне до истото - секој ќе си влече на своја страна доека не им пукне на админите или модераторите да ни стаат клуч. Едино ќе смени мислење некој ако проба.. Јас и да престанам да конзумирам ќе бидам За како и сите остали што имаат пробано.. Така да мислам дека дискусииве ви се тоталка излитени и џабе трошење време.. Се согласуем со ГадХејтАсОл за све али нема врска повтарам.. Џабе кршите прсти.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Така да мислам дека дискусииве ви се тоталка излитени и џабе трошење време.. Се согласуем со ГадХејтАсОл за све али нема врска повтарам.. Џабе кршите прсти.
Тебе не, но оние што се прашуваат дали е добро и кул, ова на нив се однесува...ваљда. Зошто да бутаат било какви хемикалии во себе кои не се неопходни за функционирање на организмот? Зошто да се напрегаат плуќата, срцето, бубрезите, џигерот и мал милион други делови од нашето тело да ги исфрлат како непотребно?
Нели му е подобро на оној кој се прашува како е, наместо ова, да сврти една партија фудбал, да истрча до Средно Водно, да рола, вози точак, да има секс и се по ред, без да оштетува органи? Штом ја преминат 25-тата или 30-тата веднаш се фаќаат повеќето за списанија од типот -Здрав живот, јадете здраво, како да си го зачувате црниот дроб (пошто тој има најмногу функции со стотици), како да го заштитите срцето, мозокот...Тие ствари се трошат и покрај тоа што ни е фино да лежиме, пушиме или пиеме.
Сите извикуваат пароли за здрав живот на тие години, но дали воделе порано? Оти борбата на нашиот организам е од мали нозе, не е од после пубертетот.

Никој не може да те разубеди, тоа е твое право (у ствари е право на старателите) но треба да размислуваш од сега како ќе влијае било која хемикалија во понатамошниот живот. Шеќерот, срцевите заболувања, канцерите...се во подем, а посебно кај се помладите. Тоа не е само ради нервоза, тоа е заради начинот на живот. После, во поодминати години ќе биде касно да се заврти човек кон здрава храна, брусница и зелен чај. Џабе, оштетеното не се враќа.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566


Иначе, ко шо спомна еден форумџија погоре...Џабе убедување кога некој е решен.
Нема, ама буквално нема шанси да го спречиш да проба, да ја фали или да продужи да ја користи (освен со примена на сила, али тоа е друг муабет).
Мора сам да искуси и сам да реши.
Со викање од страна лоша е, штетна е и сл., нишо не се мења.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
На што личи бре, не можев да го гледам, фацата испиена очите жолти како лимон, ништо од човек што му направил хероинот.
А мажиште беше набиен жесток тип, ништо од човек жив мртовец е. Го скршил хероинот начисто не личи на себе.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
На што личи бре, не можев да го гледам, фацата испиена очите жолти како лимон, ништо од човек што му направил хероинот.
А мажиште беше набиен жесток тип, ништо од човек жив мртовец е. Го скршил хероинот начисто не личи на себе.
Али реално, шо можеш да направиш за некој таков?
Да му читаш за последиците од дрогата? (кога може да си ги види у огледало)
Со сила да го однесеш на одвикнување (кое, ако не е со консензус, редовно е неуспешно)

Не можеш да спасиш некој шо сам нејќе да се спаси.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Али реално, шо можеш да направиш за некој таков?
Да му читаш за последиците од дрогата? (кога може да си ги види у огледало)
Со сила да го однесеш на одвикнување (кое, ако не е со консензус, редовно е неуспешно)

Не можеш да спасиш некој шо сам нејќе да се спаси.
Ништо што може човек да прави, одвикнување какво одвикнување тоа веќе во сржтта од телото на човек му е. Го немаше тоа ѓубре низ градов, ама последниве неколку години многу е присутно.
 
Член од
27 март 2007
Мислења
584
Поени од реакции
37
Значи не ме сваќате.. Немам ништо против дрогата! Имам против вас што се фалите по форуми демек сте јаки наркомани све знаете.. И немој да ми пишете сеа у некој пост дека не ми е цел да се фалам не ми е ова цел не ми е она цел него тачно ве глеам дека пробуете да ни кажете на нас дека ти реј... и гирл демек имате пробано дрога.. БРАВО ЗВЕРОВИ СТЕ ВЕ РАЗБРАВМЕ.. ај сеа ако може да се води нормален муабет за некој дроги и прашања да се поставуваат околу дрогите и ДОСТА СО ФАЛЕЊЕ..
На секоја реплика нема да одговорам односно ставам крај !:smir::smir:
 

girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Тебе не, но оние што се прашуваат дали е добро и кул, ова на нив се однесува...ваљда. Зошто да бутаат било какви хемикалии во себе кои не се неопходни за функционирање на организмот? Зошто да се напрегаат плуќата, срцето, бубрезите, џигерот и мал милион други делови од нашето тело да ги исфрлат како непотребно?
Нели му е подобро на оној кој се прашува како е, наместо ова, да сврти една партија фудбал, да истрча до Средно Водно, да рола, вози точак, да има секс и се по ред, без да оштетува органи? Штом ја преминат 25-тата или 30-тата веднаш се фаќаат повеќето за списанија од типот -Здрав живот, јадете здраво, како да си го зачувате црниот дроб (пошто тој има најмногу функции со стотици), како да го заштитите срцето, мозокот...Тие ствари се трошат и покрај тоа што ни е фино да лежиме, пушиме или пиеме.
Сите извикуваат пароли за здрав живот на тие години, но дали воделе порано? Оти борбата на нашиот организам е од мали нозе, не е од после пубертетот.

Никој не може да те разубеди, тоа е твое право (у ствари е право на старателите) но треба да размислуваш од сега како ќе влијае било која хемикалија во понатамошниот живот. Шеќерот, срцевите заболувања, канцерите...се во подем, а посебно кај се помладите. Тоа не е само ради нервоза, тоа е заради начинот на живот. После, во поодминати години ќе биде касно да се заврти човек кон здрава храна, брусница и зелен чај. Џабе, оштетеното не се враќа.
Вака незнам дали знаеш но повеќето уживатели на опојни средства значи не зборам за тешки наркомани ниту за тревопушачи туку како што кажав уживатели на повеќе опојни средства значи луѓе што конзумираат повеќе и различни видови на дрога (а почесто ваквите не се навлечени ниту на една од тие) се свесни за штетните последици на тоа што го конзумираат и се хранат многу поздраво од голем број од оние што не прават буквално ништо. Затоа делот Здрава храна не ти држи баш вода затоа што има луѓе што се свесни дека поради нездравиот начин на живот ако не друго треба да му пружат квалитетна исхрана - здрава и полна со витамини.
Епа.. Мене можеш да ме стајш во таа група на луѓе на кои дрогата им е дел од животот но ако не друго се хранам крајно разновидно, внесувам премногу витамини во организмот и да чукнам во дрво барем засега сум немала никакви проблеми со ништо. Мислам и за крвта и за се што сум се проверила до сега не ми кажале ништо лошо и ништо неправилно не ми се дешава во организмот..
Е сеа добро не е секој организам ист факат но си кажувам за себе.
Е сега..
Можам слободно да кажам дека имам пробано се што има кај нас - и викса не се фалам туку кажувам со цел да објаснам некои работи. И доста со муабетот фалење затоа што дрогата не е нешто со кое што треба да се фали човек. Напротив.
Е сега.. Баш заради тоа што како што кажав имам пробано доста работи и покрај тоа што сум ЗА дрога и што ја бранам марихуаната и се тоа најискрено и од срце би сакала да дадам еден совет - Пијте, пушете, коцкајте се, е*ете проститутки правете што К сакате - АЛИ НЕМОЈТЕ НИКОГАШ ДА СЕ ДРОГИРАТЕ!
И не, не е кажано ова иронично.. Јас сметам дека одамна згрешив со некои работи но сепак ми се свиѓаат и не се каам но тие што сеуште не се изгореле како родител, пријател како сакате сватете ме им порачувам ништо и никогаш повеќе од еден џоинт па ако не се мора ни тоа. Учете од туѓите грешки!!!
Кажувам дека не се каам, а сепак дека ми е грешка затоа што секој што пробал, секој што осеќа или осетил некогаш на своја кожа знае колку е убаво тоа чувство. Колку е најпрекрасно. И баш тоа е проблемот. Тој ебано добар филинг.
Незнам како ќе ме сфатите но колку и да делуваат некои муабети од моја страна лоши за другите за тие што сеуште треба да поминат многу работи во животот и покрај тоа да поминат покрај дрогата јас воопшто немам намера да натерам некој да проба. Се согласувам дека не е компатибилен да зборува некој што нема пробано и дека е бедно што така ја напаѓате особено ганџата затоа што ганџата во денешно време е како тутун ништо повеќе. Не е тревата таа што е за осудување и тие што ја конзумираат.. Едноставно незнам зашто не правите нас нешто помалце од вас..
Си кажав мене целта ми е да ви објаснам какви се луѓето на кои што дрогата им е дел од животот но кажав милион пати и уште толку ќе повторам затоа што од многу нема зијан - Прекрасно е да, не е секогаш толку штетно колку што го прават луѓето, не е баш точно дека конзуматорите на дроги и синтетики се одвратни како личности или нешто.. Напротив обично се посрцки од што можете и да замислите.. НО - (енд аген) затоа што го живеам тоа и го чувствувам на своја кожа и секојдневно гледам околу себе луѓе кои што се уништуваат затоа што неможе секој да си ја постави границата без понатака да ја премине - Не пробувајте! Нема потреба! Уживајте во тоа што вас во животот ве прави среќни. Дрогата не те прави ништо повеќе, но и ништо помалце како што вие понекогаш коментирате. Еднсотавно како и секоја друга игра и таа мроа да ја играш со памет. А знаете кога играта ќе ти се види интересна можеш и да претераш. Ризикот постои.
Секој е со своето. На сите нас различни работи ни причинуваат задоволство. Ако сте го пронашле тоа во животот што ве прави задоволни воопшто нема зошто ни да помислувате на дрога. Вашиот психички оргазам - врв на задоволство е постигнат. Повеќе може да ви дојде и премногу а кажав - со дрога играње нема!

Се надевам дека колку толку успеав да ви објаснам тоа што имав.. Кој сака да праша нешто нека си праша слободно ќе се потрудам да одговорам најдобро што можам. После постов не се чудам и да ме осудувате за нешто и да ме разберете погрешно, сепак јас си го кажав тоа што ми лежеше на душа и би била задоволна само ако го прочитате не барам коментари, а до напаѓање и карање не ми е воопшто дојдено.
И покрај тоа што јас неможам никого да навлечам на дрога ниту да убедам да проба (а и немам намера) сепак на истиот начин неможам ни никого да предомислам да НЕ проба ако веќе има решено а знам по себе и по многу луѓе што се околу мене дека неможам никако да вратам некој ако тргнал по тој пат.
Сепак се надевам дека ќе подосвестам некој што сеуште не размислува доволно зрело на оваа тема, исто радо би ве информирала сите за се што ве интересира и за се што знам и можам. Исто така се надевам дека некој ќе размисли пред да претера и да се стркала по она сокаче од кое нема враќање.

Значи.. Не се правам паметна, не сакам да личи дека филозофирам и попувам некому, знам дека сум сепак само дете и можеби понатаму поинаку ќе ги гледам и перцепирам работите но минатото не се брише. Ова што сега го мислам и начинот на кој што сега гледам на работите и да се смени еден ден сепак тоа ќе се други времиња и можеби ќе живеам сосема поинаков живот. Сега тоа е тоа. Реков дете сум и можеби ќе ме осудувате за се што пишав погоре. Али тоа сум јас и нема што да кријам.
Добро да не должам многу и така претерав со рефератов..
Само кажав за информации или што и да е пишете слободно, а до карање не ми е дојдено покрај тоа што кажав дека сум спремна да ме осудувате после овој мој исповед али не планирам да враќам на начин на кој би довела до кавга. Го пишав ова само со една цел - Да помогнам некому и да освестам некој.
И достате со википедии и интернети - Прашај паталец, не гаталец!
Поздрав и Peace:smir:
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.775
Поени од реакции
5.104
.... Респект кон Рајтеон , грл , годхејтасолл ..и сите други кои изнесуваа вистински факти ..не викам дека другите лажат или нешто .. но ми изгледаат ко исплашени во темава ..посебно за марихуаната ..апсурдно ... како што има пишано грл .. џабе ке биде да подолжиме да праиме муабет на оваа тема ..све едно исто ке се врти .. тие што плукаат без да читнат нешто ..не викам да пробаат .. смешно звучат кога постираат за марихуаната - насилно звучат и непријателски ,како што постираат за некои дроги грубо-така се понашаат ,ко да се на нешто јако нафурани. За другите дроги не праам муабет .. и дали сваќате што значи поимот ДРОГА воопшто ..тука спаѓаат многу работи ,вештачки или природни ..и секоја со своја намена и историја .. едуцирајте се повеќе за дрогите ..аналгин,аспирин,алкохол,цигари ..и тоа е дрога ...секоја земја со свој менталитет ..македонија е уште преполна со стереотипи и тој балкански инает не им дозволува на луѓето да го сменат ставот ако сватат дека претеруваат .магаре на мост не оди напред ....

Толку од мене на оваа тема..се надевам :helou:... Поздрав и уживајте во животот :helou:
Секој на свој начин .во своја каша
 
R

RAYTHEON23

Гостин
Тебе не, но оние што се прашуваат дали е добро и кул, ова на нив се однесува...ваљда. Зошто да бутаат било какви хемикалии во себе кои не се неопходни за функционирање на организмот? Зошто да се напрегаат плуќата, срцето, бубрезите, џигерот и мал милион други делови од нашето тело да ги исфрлат како непотребно?
Нели му е подобро на оној кој се прашува како е, наместо ова, да сврти една партија фудбал, да истрча до Средно Водно, да рола, вози точак, да има секс и се по ред, без да оштетува органи? Штом ја преминат 25-тата или 30-тата веднаш се фаќаат повеќето за списанија од типот -Здрав живот, јадете здраво, како да си го зачувате црниот дроб (пошто тој има најмногу функции со стотици), како да го заштитите срцето, мозокот...Тие ствари се трошат и покрај тоа што ни е фино да лежиме, пушиме или пиеме.
Сите извикуваат пароли за здрав живот на тие години, но дали воделе порано? Оти борбата на нашиот организам е од мали нозе, не е од после пубертетот.

Никој не може да те разубеди, тоа е твое право (у ствари е право на старателите) но треба да размислуваш од сега како ќе влијае било која хемикалија во понатамошниот живот. Шеќерот, срцевите заболувања, канцерите...се во подем, а посебно кај се помладите. Тоа не е само ради нервоза, тоа е заради начинот на живот. После, во поодминати години ќе биде касно да се заврти човек кон здрава храна, брусница и зелен чај. Џабе, оштетеното не се враќа.
ма и јас тоа велам!!!!

кој од олово кој кадиум...фероникел...сулфурдиоксид...јбг автобусите во скопје на литар гориво исфрлаа буре јаглерод моноксид....а ке излезат неколку ке речат еве бе запалив џоинт и не сум сменет уопште....и одма

НЕ НЕ Е ТАКА...џанаци сте ова сте она сте па ја терате младината..па таа младина зарем не гледа!!!
не чита...или само порничи зјапаат ко телиња!!!!!!
па некој ке пише се надував и они одма дај и јас....е не не е така тоа!!

ај у холандија да видиме како е после легализирањето на марихуаната


еве вака само илустративно за да биде појасно каде и зошто се злоупотребува,коин фактори влијаат...патем бројката после легализирањето нагло се зголеми за потоа да биде на ова ниво

нејсе видете што е поштетно за црниот дроб ТНЦ или лексилиуми дијазепами хероин за амфетите...знаете!!!!

има и тема!!!

http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=35669
 

Kajgana Shop

На врв Bottom