Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Има едно меме знаете оној дечконо што шета со девојка и се врти по друга, и на таа што го гледа зачудено и пишале мувис ин мај букмаркс а на оваа девојкава што е гледана стои натпис рандом муви што случајно сум го нашол.

Епа така исто и ја пред некој ден, фино лепо го одјебав целиот букмаркс и лутав низ имдб и го начекав The Man From Earth. И глеам јака оценка, саат ипол трае, јес да фантазии не глеам многу многу ама интересен ми се виде плотот и викам ај ќе го пуштам што има врска.

Не ни очекував дека волку јако ќе испадне на крај. Не памтам кога побрзо ми летнале еден саат и 30 минути. Mногу јак филм со прејака атмосфера и музика у позадина што ја води целата приказна. Пред некое време имаше дискусија тука за филмови снимани на едно место, епа овој е таков, у една соба се дешава све, што уште поише и дава тежина на приказната и ситуацијата во која се наоѓаат ликовите а со нив и ти како посматрач.
Полека но сигурно приказната ти влага под кожа и доека се освестиш, веќе си шокиран. Контроверзен филм.

Овој мислам дека е од оние филмови што или ти е многу јак или ти е тешко срање.
Повеќето го имате гледано ама тие што го немате, не глејте трејлер или да читате многу многу. Едноставно пуштете го и глејте го.

И после ќе ги посматрате луѓето малце чудно, со по некој прашалник околу вас.

4.5 од 5 му стаив ама скоро сигурно ќе биде 5ка по второ глеање.

Masterpiece
 
Ќоро допаѓање нема добиено од мене откако го промени никот (требаше да гуглам да видам што му влегло во главата откако дознав дека сега е Филип Телфорд) ама со постот за Man from Earth ме заинтригира да го прегледам филмот пак. Го гледав баш кога излезе (беше доста актуелен на форумов), знам дека не ми направи којзнае каков кејф ама тогаш во друг фазон бев. Сигурно вреди да се прегледа.
 
Видов дека 2 си му стаил ама не смеев да те прашам пошто Ио ме кара, не ми дозволува да ти се обраќам на тема филм.
 
Видов дека 2 си му стаил ама не смеев да те прашам пошто Ио ме кара, не ми дозволува да ти се обраќам на тема филм.

зошто е глуп филм валда, возење имаше негде до 50мин. после отекоа со буда и исус, или хесус како и да е.
И нека не те лаже анон за 2дел гледај го и донирај пари за 3дел и да Тара е ебазовна пази да не го испрскаш телевизорот дур ја гледаш https://media.tenor.com/images/711716ff58e0f31743b02ebe15a33ba4/tenor.gif

гледај k pax
 
Последно уредено:
Може да биде ова добар македонски хорор. Само со странскиве глумци како што ич не ми е јасно, Noomi Rapace од каде? Последно нешто Lamb го гледав со неа и тоа беше исландски хорор фолклор. Претпоставувам ова ќе биде доста сличен како Lamb, нема да биде класичен хорор туку slow burn драма со елементи на хорор, тежок филм без многу дијалози (со оглед што актерите се странци) и повеќе ќе биде доловување на некое чувство, преболување на загуба на дете (пак претпоставувам, исто како Lamb).

Последно уредено:
Може да биде ова добар македонски хорор. Само со странскиве глумци како што ич не ми е јасно, Noomi Rapace од каде? Последно нешто Lamb го гледав со неа и тоа беше исландски хорор фолклор.

Австралиски филм е. Македонија нема дадено ни денарче за да се сними.
 
Здраво :)
Можеби прашањево не е за тука, извинете ако е така, пишав и на темата
"Филмови со фудбалска содржина" но уште нема одговор.
Дали некој од Вас знае каде можам да ги најдам епизодите од "На путу за Монтевидео" ?
Гледам тука неколку пати се има пишувано за Монтевидео како проект, па затоа реков тука да прашам. :D
 
Видов дека 2 си му стаил ама не смеев да те прашам пошто Ио ме кара, не ми дозволува да ти се обраќам на тема филм.
@џимеј е во право и ако му стави двојка и ако му стави петка.

Иначе многу дискутиран филм на времето, или беше во некоја тема како филм клуб, или во генерална испишавме неколку страници...
 
Го изгледав и јас The man from Earth.
Не знам што дискусија би имало за ваков филм, тоа што беше кажано, не дека не го знаеме и вака. Интересна идеја, што можело подобро да се реализира, вака ептен недокажано ми се виде. Оној што ја ставил таа музика во филмот треба да се самоотпушти.
Од мене 6че.
 
На шо платформа можам да ги наредам сите филмој шо ги имам гледано? имам нешто тука читнато Letterboxd, добро е ова? И да не мора рецензија да пишувам, или оцена..
 
На шо платформа можам да ги наредам сите филмој шо ги имам гледано? имам нешто тука читнато Letterboxd, добро е ова? И да не мора рецензија да пишувам, или оцена..
www.letterboxd.com
И точно, не мораш да пишуваш рецензии или да даваш оценки ако не сакаш. ;)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom