Ѓоковиќ против Австралија

  • Креатор на темата Креатор на темата Лопов
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Па за 5 дена поминува новиов сој, сите држави ќе треба да намалат должина на карантин.
Двајца помлади околу мене беа со омикрон, и двајцата не изгубија вкус/мирис. Имаа само малаксаност и болка во телото, 38 температура 2-3 денови, болка во грлото, и се ова помина за 5-6 денови откако им почнаа симптомите. Рачунај го имаат фатено на Нова Година, тестирани беа на 2ри на влез на граница негативни, позитивните тестови им беа на 4ти, а сега се како нови (ситна кашлица, но ништо посебно).

Тоа е горе долу така за 99% од корона позитивните во последниве година, година и пол. На секој тешко болен што го читаш на вести има бар стотина луѓе кои си го прележале без да знаат.

И додека во останатиот нормален свет се очекува омикрон да биде предвесник на завршувањето на корона кризата, во Австралија нови рестриктивни мерки поради...омикрон сојот :pos:

 
Дур Кано се кријат ко глувци во Австралија и го напаѓаат Новак што позитивен се шетал меѓу деца, Швајцарија го намалува карантинот за корона позитивните од 10 на 5 дена.

За некој месец се надевам сите луди мерки ќе ги тргнат во Европа а Кано и верните австралијанци ќе ја држат линијата на спасот, маски и по дома и сите обавезно вакцинирани

fino za svajcarcite... malku kasnat ovde namalivme na 7 dena pred nedela dena... Screenshot_20220113-011529_Adobe Acrobat.jpg

kakov debil treba da si da branis nekoj sto siri zaraza megu deca.... seriozno ti nema nekoj umreno od kovid do sega? na tolku bolni i mrtvi u mkd ne znaes nikoj sto imal maka od pandemijata? mizerno kopile si... aj prekini veke so glupostite...

@Acid kluc na temata? zavrsi sagata neka se otvori povtorno ako nesto se sluci denovive....
 
Тоа е горе долу така за 99% од корона позитивните во последниве година, година и пол. На секој тешко болен што го читаш на вести има бар стотина луѓе кои си го прележале без да знаат.

И додека во останатиот нормален свет се очекува омикрон да биде предвесник на завршувањето на корона кризата, во Австралија нови рестриктивни мерки поради...омикрон сојот :pos:

Па за претходните соеви не се согласувам, имав блиски заболени, ги држеше по 10+ денови, дел сеуште имаат мака и после месеци.
Овој е посебна приказна, повеќе наликува на класичниот грип, отколку на тоа што беше претходно.
 
Кано, нема полоша работа што им се деси во овие 2 години на децата, не можат да играат, намалени спортски активности, гледаат само луѓе со маски, намален контакт, гушкања... Тоа е една вистинска катастрофа 10 пати поголема него грипот наречен корона...

Среќа во несреќа е што децата буквално се најотпорни на корона а и вакцините воопшто не помагаат на таа возраст, природната инфекција е најдобра за здравите деца а такви се најголемиот број...

Тоа што вие рампи ставате во Австралија за децата да не смеат да се играат, тоа е надвор од секој разум и памет.

Ама те разбирам, немаш друг избор. Затворен во резерватот наречен Австралија, нема што друго освен да ги подржуваш ноншалантните мерки спроведени од тамошната влада. Кај и да е ќе ви доаѓаат дома да ве тестираат после третата вакцина...
 
Забега темава ептен, на крај дојде работава каде е подобро, во Македонија или Австралија.
Веројатно на долг рок за нијанса е подобро во Австралија :pos:

Е сега на темава
1. Ѓоковиќ добил одобрување од две независни лекарски тела од Австралија (не од Србија), од државата Викторија и Тениска асоцијација на Австралија. Веројатно му е кажано дека единствен начин да влезе е или вакциниран или тазе прележан, веројатно затоа и се мешал толку со луѓе во периодот 14-17 декември, да се зарази. И мизерно е тоа што на сите одобренија од Австралија некој поради политички поени да го малтретира. Еј, (можеби) најдобриот тенисер во историјата го ставаш во хотел за мигранти, за да покажеш дека „сите се исти“.
2. Вина има и кај ATP/WTA/Тениска асоцијација на Австралија - доколку не можеш да организираш турнир без проблеми, воопшто не го ни организирај. Не биле глупи тие од Мото ГП и Формула што не организирале трка. Банално е и тоа што Ѓоковиќ не доби поголема поддршка ако се има во предвид тоа што најмногу од сите топ тенисери се ангажира за играчите.
Имам уште милион работи да пишам, ама смешно е тоа што го прави Австралија, на 80% вакцинирана популација „закана“ да биде здрав и прележан спортист, згора на се во бесконтактен спорт. На вакви држави треба да им се врати исто, не можам да влезам кај тебе, нема ни да те пуштам кај мене, нема да користам твои продукти и нема да ти давам мои продукти.

Околу Новак, не сум негов фан, но му се восхитувам на успехот кој го има постигнато. Во Лондон/Мелбурн зборува на англиски, во Торино на италјански, во Париз на француски, во Берлин на германски, едноставно бесмислен е тој непотребен хејт кој него. На крај, фасцинантно е тоа што човек роден на 400 километри од Скопје е најуспешен тенисер во историјата. Ако се земе во предвид кој му е татко, успехот треба да се помножи со 100.
 

Не баш. Срџан несаглам, ваков, онаков, ама има трчано по лихвари за да позајмува пари да може Новак да патува негде. Не знам колку такви татковци познавате.
 
Оној бугарот од десно шчо седи ко да се шишал на вулканизер
Сега се смеат ама за 200 години ќе биде...Новак големиот бугарин против властите на Оустрелија.
 
Не баш. Срџан несаглам, ваков, онаков, ама има трчано по лихвари за да позајмува пари да може Новак да патува негде. Не знам колку такви татковци познавате.
Секој втор е таков, ако твојот не бил таков, за греота детство си имал.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Секој втор е таков, ако твојот не бил таков, за греота детство си имал.

Секој втор татко позајмува пари од лихвари за детето да му успее во нешто?

Тролаш, така?
 
1. Ѓоковиќ добил одобрување од две независни лекарски тела од Австралија (не од Србија), од државата Викторија и Тениска асоцијација на Австралија. Веројатно му е кажано дека единствен начин да влезе е или вакциниран или тазе прележан, веројатно затоа и се мешал толку со луѓе во периодот 14-17 декември, да се зарази. И мизерно е тоа што на сите одобренија од Австралија некој поради политички поени да го малтретира. Еј, (можеби) најдобриот тенисер во историјата го ставаш во хотел за мигранти, за да покажеш дека „сите се исти“.
Ништо не си разбрал. Грешно има пополнето во апликацијата, поточно ЛАЖЕ кога бележи дека нигде не патувал пред АО. Второ, има позитивен ковид тест на 16ти, а на 17 и 18 без маска оди на настaни, едниот со дечиња другиот за интервју со Лекип. И на 25ти има некој настан со дечиња и играње тенис. Разбираш дека ликов ЈАВНО ЛАЖЕ и пробува да изманипулира држава? Стварно не капирам како некој го гледа ликов како жртва во ситуацијава, мајка ми...
 
Стварно не капирам како некој го гледа ликов како жртва во ситуацијава, мајка ми...

Јас не го гледам како жртва, го гледам како некој кој свесно влезе во конфликт со австралиската држава за да истера некоја своја поента, и тоа му помина.
 
Ништо не си разбрал. Грешно има пополнето во апликацијата, поточно ЛАЖЕ кога бележи дека нигде не патувал пред АО. Второ, има позитивен ковид тест на 16ти, а на 17 и 18 без маска оди на настaни, едниот со дечиња другиот за интервју со Лекип. И на 25ти има некој настан со дечиња и играње тенис. Разбираш дека ликов ЈАВНО ЛАЖЕ и пробува да изманипулира држава? Стварно не капирам како некој го гледа ликов како жртва во ситуацијава, мајка ми...
All in би одел на облог дека и пусулчето за прележан му е купено за пари, или дадено поради турнирот :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom