- Член од
- 28 октомври 2021
- Мислења
- 1.130
- Поени од реакции
- 2.236
Јас додека работев во една фирма со потврда нивна не плаќав теретана воопшто, тие си плаќаа.Епа си бркаат одбрана клиентела, т.е таканаречен „џет сет“ и луѓе кои сакаат да се чаламат.
Како што ја полнат Синерџи, така ќе биде и со оваа, ќе склучат договори со фирми за пониска цена, и сите среќни и задоволни.
Пример во претходната компанија имав 30-50% попуст за во Синерџи во зависност од пакетот, фирмата тоа си го промовираше како нивен успех (демек гледај што избоксувавме), а овие со пренапумпаната цена пак беа во ќар.
Ама не беше од МК газди нормално.
Битно им беше вработените да се физички активни и да имаат помалку повреди и боловања ради тоа.