Македонија во иста временска зона со Грција и со Бугарија?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Дали треба да одиме еден час понапред?

  • Вкупно гласачи
    206
Од чисто географска гледна точка да, таа ни е зоната. Правилно треба да сме така со Грција и Бугарија, но поради Југославија која што е најмногу во CET и ние сме во таа зона. Секој што бил на запад преку зима или лето одма сфаќа колку кај нас рано се разденува и стемнува. Ама сепак од бизнис гледна точка подобро ни е да седиме во CET. И онака 90% од бизнисот го работиме со земји во таа зона.
 
Никаде во светов ( колку шо ми е познато ) не е црна темница во 16:30 ( во зима ) , и не се разденува во 4 и пол ( во лето ) . Само кај нас е така и тоа одсекогаш ме нервирало . Не е нормално да е така . Точно е дека заради Југославија сме во оваа временска зона , но веќе 30 год. не сме во таа држава и требаше уште одамна да ја смениме зоната . Грција која територијално е позападно од нас е во СЕТ+1 , и најнормално е и ние да бидеме таму .
 
Тоа се решава со укинување на зимско и летно сметање. Нема никаква логика да не сме во иста зона со скоро цела Европа.
 
Хммм сега гледам карти со должина и временски зони. Ние всушност не сме толку off ако сме воопшто. Повеќе влечеме накај најправилниот +1 и границата со Бугарија е всушност цртата каде што од прилика се приближуваш поблиску до +2. Всушност Бенелукс, Франција и Шпанија се во грешна зона. Ние сме баш на граница, но сеуште во правата така што зоната ни е таман како што треба.

1640779717247.png
 
Прегледај го приврзокот 317811
Реално во Холандија во лето 10 саат уште не е 100% стемнено, ја имаш онаа светло сина боја. Ми требаа 2-3 месеци дури да се навикнам. Во тек на зима е топ до кај 6 се гледа, доаѓаш кај нас и оп у 4 и нешто ноќ и те пука депресија
 
У Шведска и Норвешка немаш ноќ преку лето, додека преку зима немаш сонце некои добри 4 - 5 месеци. Во Стокхолм кај 2 поручек е ко кај нас во 10 навечер.
 
Во време кога нема фамилија која нема некого во германија, италија и слични некој предлага време исто со бугарија, украина, турција... никогаш нема да се смени...
 
Тоа се решава со укинување на зимско и летно сметање. Нема никаква логика да не сме во иста зона со скоро цела Европа.
Нека е и така . Тогаш воопшто не треба да менуваме во зимско сметање на времето ( со враќање на саатот за еден час ) . Треба цело време да сме во летно сметање на времето . Ако сме цело време на летно , во зима ќе се стемнува во 17:30 што е ок .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom