Па сето ова е производ на Запад, само Нада Топчагиќ не се вклопува на прва, но тоа сметај го во зачувувањето на нешто од културата од каде потекнува (а и тоа површно зачувување на културни врски е исто нивна филозофија).
Што мислиш ти дека финален производ на урбаните западни центри и нивната култура е продуховен лик кој слуша Вагнер?
Големите градови се резултат на индустријализација, таа е предводена баш од амбициозни, алчни ликови, покондирени сељаци што сакаат да личат на аристократија. Со нив е и голема маса на сиромашни новодојдени граѓани, за кои "балканските сељаци" се господа.
Тука е и атеизмот, за кој па најмалку очекував било кој да го прикачи со "балкански сељачизам". Па и ден денес, балканските новопечени богаташи прават цркви, џамии. Атеизмот, дури и антитеизмот, кај нас се јавува кај нашата провинциска елита, која тежнее да биде дел од прогресивниот, модерниот свет, гледајќи со презир кон заостанатите предци или сегашни сограѓани и нивната култура. Баш тоа е провинциски, касабски менталитет.