Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
21 јуни 2021
Мислења
1.397
Поени од реакции
3.823
Ме разочара сега :(...ледена јога ја викаат, знам дека нема врска...тоа ти е она челичење на имунитет, одење бос по снег, миење со ладна вода, држење мраз на некои посебни делови на тело...Се практикува за јакнење на вољата, ги намалува настинките…
Истово го прават и русите во градинка. Линк
Слични методи имаат и шаолин монасите.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.776
...што е јогата друго,освен алатка за внатрешен мир и баланс на нашето битие
...помодарството кое го носи денешницата као "одам на јога и супер ми е" не го признавам и ми е тотално неприфатливо
 
Денешната јога е влезена ептен во филм со пилатес.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
...што е јогата друго,освен алатка за внатрешен мир и баланс на нашето битие
...помодарството кое го носи денешницата као "одам на јога и супер ми е" не го признавам и ми е тотално неприфатливо
Битие е многу нејасен израз, исто како душа, дух, себство итн итн води кон неконтролирано разбирање на секој поединец како сака или колку може да разбере.

Сите пракси на јога се заморуваат со физиката кај човекот. Најмногу што оди во „непознато“ или се праксите на пратјахара (а потоа и дхарана) кога директно се заморува умот до бесознание од умор да држи одредена мисла постојано на исто ниво на концентарција.
Тоа е најдлабоко што оди во однос на праксите. И постојано умот е во фокус, најмрзливото нешто кај човекот!

Тоа што праксите го прават преку телото, потоа и преку умот оди делумно кон ова што ти го зборуваш „рамнотежа“.
Повеќето пракси пак се насочени кон организирање на она околу самиот јогин... време, простор, луѓе, муабети, интереси. Се менува човекот од корен.

Бхакти јога е најлесна, но многу неразбрана форма на јога. Која не влијае на физиката кај човекот како што е раџа на пример или хата јога... но некако пак влијае на телото :)

Јога значи Соединување. Единство. Никој не кажува со што соединување, со што единство, каков мир бара човекот или баланс... рамнотежата во универзумот значи смрт! :) Тоа е битно прашање кое тешко некој да го одговори туку така, посебно за друг.

"We must then begin the study of Yoga by looking at the meaning of the word. It means Union, from the same Sanskrit root as the Greek word Zeugma, the Latin word Jugum, and the English word yoke. (Yeug -- to join.)"
- Eight Lectures of Yoga, Crowley.
 
Ne-misli

Жив ѓавол
Член од
2 август 2016
Мислења
353
Поени од реакции
641
hepca...abe imam otvoreno tema za BITIE...zemi prouci malku...na drugite velis deka se mrzlivi i ne sakaat da ucat,a ti beter si.
Inaku ...jogata e sranje, orientalen sistem na religija "prodavan" na zapadot vo zaviena forma, pod izgovor za relaksacija. Nema vrska so realnosta, i bara "isolacija" od nadvoresniot svet, najglupo nesto sto moze da napravi sovremeniot covek vo denesnovo vreme.
Meditacija DA..toa e nacinot na spojka megu "nadvoresnoto" i "vnatesnoto" kaj sovremeniot covek, da postigne vnatresno sovrsenstvo i da bide vo tek so novoto vreme. Pazi, meditacija postoi i vo monoteistickite religii, a budismot e toj sto si ja prisvojuva meditacijata samo kako negova izmislica.
I ne si go piknal nosot samo vo gzot na Krouli, zemi procitaj malku i drugi kniski, mozebi ke uspees da ja najdes VISTINATA, koja nema nitu edna dodirna tocka so jogata i tvojot Krouli
Aj dosta za denes,praznici se ovde pa site trebe da bideme podobri pa eve i jas sum dobar so tebe i ti ukazuvam deka si zaglavil vo kalta na Krouli, i deka ne si mlad poveke, ne go gubi svoeto vreme vo gluposti, oti ne ti ostanuva uste mnogu od zivotot...pepel ke se stvoris more, nema da uspees da zasluzis "vecen" zivot.
Foteljata ja drzis gledam, si se fatil kako slep za stap, a sakas da kazuvas koi boi gi ima vo vinozitoto...hahahhaha...smesen si mi..
Buon Natale...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
Добро дојде :) Вака празнично, христијански - бидејќи саде тоа празнуваш во животот. Мило ми е што ти давам насмевки во твојот живот, наместо да градиш непотребна омраза кон Телемити и останати кои не се сложуваат со твоето видување во животот како некаква апсолутна вистина. ;)

Погледни го ова тука (не биди натрапник): можеби ќе разбереш нешто повеќе, наместо псотојано вистина да пишуваш со голема буква и како сите да учиме нешто... учиме сите секогаш по нешто ново, постојано, искуство врз искуство... така било, така јет и така ќе биде - никој не се прашува дали сака или не, во врска со искуството!

Не си никаков авторитет (не знам зошто бараш тука да си авторитет некаков, тоа е лудост) во однос на религиите бидејќи освен Ошо и Гурџи што рекле за јогите и истокот, до таму ти е чергата. И 1000 книги од Ошо не те доближуваат ниту до хиндуизмот ниту до будизмот (дали теравада или махајана, небитно во твојот случај).
Остави да побараме ние самите од тебе ти да ни кажеш што и каде како да прочитаме и разбереме, вака само како натрапник доаѓаш да ми кажеш како се нечини освен ти како разбираш за светот и животот. Немој така, ќе се повредиш.

Види што убаво сме си зборувале низ темиве со луѓево, седни читај!

----
Се додека не сфати поединецот дека Човештвото Пред Се, а потоа боговите и верувањата - ќе биде мачен патот за Човекот на Земјата ;)
---
...човекот е едно фасцинантно битие,знае како Фениксот од пепелта да се дигне и повторно да се створи
...секој човек сака некаде да припаѓа и нешто да го води во животот.И тука е клучниот момент кога настапуваат манипулаторите од секаква вера,боја и припадност
...некогаш нешто мора комплетно до темел да се сруши,за да може да се создаде нешто многу поубаво(мислам и пишувам за човекот) :)
---
...на човекот му треба нешто што ќе му даде смисол на нашето постоење,а со тоа и одговор на многу прашања што во таа смисла доаѓаат
...мнозинството од човечката популација бара смисол за своето постоење надвор од себе(околината,Божествата и верувањата),малцинството знае дека таму нема ништо
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.028
Поени од реакции
83.465
....зашто ги нема во блиска околина, каде има во МКД христијани протестанти? :toe: во Струмица ли?
Не знаеш дека има протестанти во Македонија?

ok, i rest my case
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.518
Поени од реакции
37.355
Не знаеш дека има протестанти во Македонија?

ok, i rest my case
...реков ги нема во блиска околина, а колку што гледам спомнав - Струмица, кога некогаш ќе идеш да ги видиш Колешинските водопади патот ќе те води покрај истоимено село и колку се сеќавам имаше мала бела куќа на чиј влез пишуваше протестанска црква, од тогаш знам дека има протестанти христијани, ти освен од читање од каде знаеш ?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440

А, што убаво едно време си препишуваше овде од Википедија.

Во Република Македонија денес постојат повеќе малцински христијански верски заедници[9] и вкупниот број напротестанти изнесува 61.358 или 3% од вкупното население[10]. Протестански цркви во Македонија се:
Али добро, од многу шетање до Париз и занимавање со хороскоп се нема време за дознавање вакви работи.
 
...да не знаеш, а да се истакнуваш на форумов дека знаеш, а да ми се потсмеваш со ништо повикан нит цитиран, само укажува дека тешко нешто во животот ќе научиш, ама еве пак ќе се повторам, Википедија е една Нет онлајн енциклопедија што секоја држава преку своите волонтери, ентузијасти како сакаш наречи ги вики членовите кои ја надградуваат секој ден,
... конкретно за ,,наша википедија,, на македонски јазик, дали со сопствен текст, дали авторите ќе се повикуваат со превод од друг текст од друг јазик можна различна комбинација на пишување и надградување, е сега ти мене ми се потсмеваш што користам енциклопедија за било кои податоци , според тебе каде треба да се обратиме за информации за било која сфера, да идам во библиотека ли, а на тоа да се додаде дека и јас сум ентузијаст член на вики и учествувам во нејзино креирање и сега според тебе е смешно да се повикувам и да користам податоци од македонска википедија?
...ете си се потрудил да пренесеш од вики за протестанските цркви, но дали вооошто знаеш каде се лоцирани и дали воопшто си посетил некоја, за да ми парираш на коментар и да бидеш алфа со такво искуство, зошто цинично го спомнуваш Париз,

... кај да е, ако влеземе во ЕУ сакаш нејќеш ќе се префрлиме на примена на новиот Грегоријански календар, па ќе се слави сега Божиќ, па потоа ќе се дочекува Нова Година на 31.12 како што слават православните христијани во Грција, Бугарија и Романија.
 
Да, сум посетил. И? Само тие што имаат посетено треба да знаат за нив?

... кај да е, ако влеземе во ЕУ сакаш нејќеш ќе се префрлиме на примена на новиот Грегоријански календар, па ќе се слави сега Божиќ, па потоа ќе се дочекува Нова Година на 31.12 како што слават православните христијани во Грција, Бугарија и Романија.
Може да ми приложиш извор за ова тврдење? Знаеш воопшто кога овој календар го усвоиле споменатите земји?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.167
Поени од реакции
10.155
Денес ме воодушевија младите луѓе кои беа пријавени по повод денешниот убав празник, да го фатат крстот во реката Вардар, во Скопје, кај мостот до хотелот Холидеј ин.
Браво за идејата, постапката, размислувањето, за новитетот кој го внесоа во начинот на самиот чин на фрлање и фаќање на крстот....знаеме дека досега, сиве овие години, имало и тепачки и буткање, недолични сцени за гледање, кои не доликуваат за верници.
Момчињата застанати еден до друг, прегрнати, стеоејќи во реката фино културно, сплотени, оставија водата сама да го однесе крстот до капачите и кај кого дојде, тој да го земе.
Пораката беше навистина голема, среќата не треба да биде само за еден и сите да се тепаат и борат за неа, туку да биде за сите верници...крстот го вратија во црква а сите поклони ги одбија.
Браво за момците, направија еден голем преокрет..се надевам дека ќе се смени скокањето по крстот и самиот тој чин да биде вака фин и културен.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
Јогата во сите нејзини форми не се продава на западот од страна на самиот исток. Западот сака да ја увезува таа философија (и го прави тоа солидно бидејќи се научија луѓето постојано да бараат скратени патеки низ животот) и да ја продава на луѓето „од западот“ мешајќи ја со популарна психологија, со капитализмот итн итн... што е навистина спротивно од сето учење на истокот. Не може да се витка јогата и целата философија и учење што стои зад неа за да одговара на западот - обратно се прави. Инаку, добиваш депресивни луѓе кои се кријат зад маската на „мир, тишина, среќни“ - додека не пукне вештачкиот меур од погрешното дејствување.

„Мојот“ Кроули е бомбона... правел што му е волја, исто како што и зборувал, го живеел и Законот до максимумот што можел додека одел меѓу луѓето на Земјата. И истото и тебе и мене ни го вели: одете правете што ви е волја - но најпрво пронајдете ја таа ваша волја. Мислам дека тоа е јасно. :)

Работата е што сите сте како мојот Кроули денес, се обидувате да правите што ви е волја, разбирате како ви е волја (поточно како сакате и колку можете, нема авторитети за вас), се трудите да бидете слободни, полни со љубов, да собирате искуства... само не можете да си го признаете тоа - ќе боли директно по егото бидејќи само слатки јадете за човекот кој ви кажа дека сте богови и ваше е се на Земјата, на небото, па се до пеколите :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom