Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Член од
4 август 2018
Мислења
1.530
Поени од реакции
3.302
Многу си сфатил до сега.
Такви се банкарите и адвокатите, имаш право.
На кој ли бог му се поклонуваат и дали се поклонуваат - еве не знам. :coffee:
Пуу мајката...ја мислев од тебе да "докачам" информација ама ме зафркна сега,и ти не знаеш...:coffee:
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.776
...со демографската експлозија што ја доживува планетава сведоци сме на еден реверзибилен феномен,а тоа е религиската имплозија на нашите појмувања и чувства према религиите како такви
...треба ли да се истребиме до таа мерка за да се гледаме и прифаќаме првенствено како луѓе?
...кој е тој порив во човекот што ја наметнува секогаш,и во секоја форма,својата вистина на штета или омаловажување на другите?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.167
Поени од реакции
10.155

Убави прашања, но убаво ќе биде да дадеш одговор на нив:)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
...со демографската експлозија што ја доживува планетава сведоци сме на еден реверзибилен феномен,а тоа е религиската имплозија на нашите појмувања и чувства према религиите како такви
...треба ли да се истребиме до таа мерка за да се гледаме и прифаќаме првенствено како луѓе?
...кој е тој порив во човекот што ја наметнува секогаш,и во секоја форма,својата вистина на штета или омаловажување на другите?
Единствено што ми е чудно насоченоста на прашањето: појмување и чувстува СПРЕМА религиите.
Која е потребата да имаш чувства кон една религија?

Што мислиш, каков би бил светот на оние кои се дел од старите религии, кога би прифатиле дека нивното верување, нивниот еден бог - не важи за сите, дека го наметнуваат тоа нивно верување со философирање дека дури и да не веруваш, сепак тој ќе ти суди, мојот бог во кој јас верувам?
Тоа е или не е наметнување и омаловажување на другите учења, тајни или јавни?

Што мислиш, кога би прифатиле дека нивните верувања, ритуали и философии не одат во сечиј универзум, со секој човек - дека не одговараат тие патеки за секој? На што ќе им стои верувањето? Ако тоа не е универзално, според нивните проповедања и се останато? Бидејќи ако надежта не е насочена кон целото човештво и не го опфаќа секој - некако, не ми стое дека е добро тоа.

Може тоа да го согледаш и што би се случило во нивниот свет? А со тоа и во нашиот, бидејќи сме сите нели, поврзани?

Ете ти размислување :) Во спротивен правец.
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.776
...одлична контратеза која има простор за дискусија
...појмување и чувства се зборови кои често ќе ги прочиташ во моите коментари.Доаѓаат од моето длабоко убедување дека секој човек треба ментално и осетно да биде споен со своето верување.Да го има како Светилник на својот пат во животот,а во исто време да го осеќа како длабок душевен мир.
...кога луѓето би почнале да размислуваат и чувствуваат така како што ти прашуваш сликата на светот во кој живееме би била мнооогу поубава одколку што е сега
...кога луѓето би го користеле својот интелект за напредок на врстата,се ама се би било толку многу убаво
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
Се додека не сфати поединецот дека Човештвото Пред Се, а потоа боговите и верувањата - ќе биде мачен патот за Човекот на Земјата ;)
 
Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.403
Поени од реакции
4.776
Може тоа да го согледаш и што би се случило во нивниот свет? А со тоа и во нашиот, бидејќи сме сите нели, поврзани?
...човекот е едно фасцинантно битие,знае како Фениксот од пепелта да се дигне и повторно да се створи
...секој човек сака некаде да припаѓа и нешто да го води во животот.И тука е клучниот момент кога настапуваат манипулаторите од секаква вера,боја и припадност
...некогаш нешто мора комплетно до темел да се сруши,за да може да се создаде нешто многу поубаво(мислам и пишувам за човекот) :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
...некогаш нешто мора комплетно до темел да се сруши,за да може да се создаде нешто многу поубаво(мислам и пишувам за човекот) :)
Тоа го проба и богот на евреите, на средина пат се предомисли, според преданијата и учењата :)

Секогаш се рушело „до темел“. А темелот? :) Не бидува ништо со рушење и бришење и преобликување - ќе доаѓаме до истата превојна точка каде што пак ќе напукне работата и постојано така...
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
Мислам дека не мора да Ве потсетувам дека wood, metal, fire, water се елементи во таоистичките учења, поврзани со Yin и Yang (или пак морам?).
За да Ви биде појасен текстот и во која насока да пребарувате. Во претходните текстови од есеите, небото и земја се напишани со големи букви, што ги означуваат триграмите од Ји Чинг, исто така дел од таоистичката философија. Тука не знам дали се во таа смисла (мислам дека се, ама не знам за сигурно). :)

Овие елементи што се набројани, се нешто слично како петте Татви во хиндуистичките тантра школи.

1640031952471.png
- The Writings of Kwang Ze, The Texts of Taoism
Без мирен ум - ништо. Без насоченост - ништо. Страст за резултат - пак ништо.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.167
Поени од реакции
10.155
Па јас и кабала спомнувам и будизам и таоизам и хиндуизам и Вивекананда и церемонијална магика и сешто :)
И Телема е поврзана со христијанството и исламот... се е поврзано кога се работи за човештвото.

Затоа прашав во која смисла ја гледаш поврзаноста на јогата со Телема...

Мој совет е да се запознаеш колку толку со тоа што значи јога (пробај со автори од истокот, а не автори од западот со книги кои имаат наслови како Јога чајанка со пријателите или Јога, мир во куќа :) ), потоа и со Телема (не треба да ти одземе многу време) и да видиш дали се поврзани и како, ако се поврзани.
ОВа го оставам на твојата желба да научиш нешто ново...
Читам спомнувате јога, па сакам Хепта да те прашам дали знаеш, дали си практикувал " ледена јога "?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.172
Поени од реакции
12.158
Читам спомнувате јога, па сакам Хепта да те прашам дали знаеш, дали си практикувал " ледена јога "?
Не знам. Прв пат читам за „ледена јога“. Се мислам дека никој не практикувал „ледена јога“. :)
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.167
Поени од реакции
10.155
Не знам. Прв пат читам за „ледена јога“. Се мислам дека никој не практикувал „ледена јога“. :)
Ме разочара сега :(...ледена јога ја викаат, знам дека нема врска...тоа ти е она челичење на имунитет, одење бос по снег, миење со ладна вода, држење мраз на некои посебни делови на тело...Се практикува за јакнење на вољата, ги намалува настинките....(сакав да се нашалам со тебе а и навистина те замислувам дека имаш некое вакво ледено ритуалче);)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom