Всушност не е многу комплициран, алтернативна реалност, како и повеќето дела на Линч.

Затоа и ти реков во првичниот пост дека треба да обратиш внимание на боите и атмосферата. Самата атмосфера ти налага се работи за сништа. И ние во нашите сништа често знаеме луѓето околу нас да ги прикажеме и доживееме поинаку, исто така и местата на којшто се наоѓаме.
Првиот дел од филмот е сон на Бети (Дајен), за идеален живот онака како што она сака да го има каде што е надежна актерка која ја чека голем успех во Холивуд, а во исто време има љубовна врска со Рита (Камила). Вториот дел е јаве, каде реалноста е далеку поинаква. Бети е пропадната актерка љубоморна на Рита која е успешна и има свој љубовен живот, па оваа го нарачува нејзиното убиство. Подоцна Бети заглавена помеѓу нејзината фантазија и она што е реално полудува и доживува melthdown, па се самоубива. Имаше уште многу детали на кој не можам да се сетам затоа што и јас го немам гледано доста време, но воглавном поентата е таа.
П.С