кривични дела имале
Последен чесен обид за објаснување, иако знам дека најверојатно е залудно, земајќи предвид дека истото е напишано 13048 пати:
И Интер, и Наполи, и Аталанта и најверојатно сите останати од Серија А имаат правено трансфери со напумпани цени за плусваленца. Работата е шо тоа само по себе
не е кривично дело.
Кривично дело е
лажирање на финансиски извештаи, лажирање на фактури за непостоечки трансакции, лажирање на вредноста на клубот на берзата и со тоа лажење на акционерите итн итн
.
Не е исклучено и останативе да имаат правено некои од ствариве (пошто не сме ние МаксАлегри и немаме инсајт во сметководството на клубот, не можеме да знаеме), ама
ЗАСЕГА такво обвинение
НЕМА.
Моја претпоставка е дека ако нема сериозно кривично дело, останатите може да јадат некоја парична казна од некое од регулаторниве тела, чисто ради конзистентност, и толку.
Како и да е, што и да се случи, мислам дека Јувентус ќе го извлече најдебелиот крај во целава приказна, во најмала рака ради очигледниот дебел минус кој го надополнувале со измислени пари и лажењето на инвеститорите во клубот.
Би требало Елкан да направи некаков damage control, ама мислам дека каков и да е исходот, ќе им треба доста време за повторно да бидат компетитивни, дури и да ги казнат и сите останати, најмногу пошто не се научени како клуб да работат со ограничени средства пост-Бепе.