И така на почеток очекувавме борба за четврто место. Иако Милан вчера примаше доста глупи голови, ако се зема како беше меѓу репрезентативните паузи, овој натпревар е еден од подобрите, но ако против Верона и Торино се одеше во корист на Милан, вчера се отиде против нив.
Дали е до фудбалерите или до начинот на работа, не знам, веројатно и едното и другото, но скоро нереално е со толку повреди да се бориш за титула, плус да играш и ЛШ.
Премногу натпревари се тоа, а некој треба да игра постојано на три дена, затоа што замената е повредена, а со тоа се зголемуваат шансите и тој да се повреди... и се така во круг. А и тешко е да играш на три дена и на секој натпревар да си на ниво.
Десно имаш три крила, од кои две ти се повредени, а повреден беше и Флоренци, кој исто ти покрива на крило. Лево исто само еден. И кога беше здрав Ребиќ, мораше да игра во напад, затоа што беа повредени Ибра и Жиру.
Би било тешко доколку нешто не се промени да биде Милан прв на крај. А чудо би било и да се промени нешто, нема тие фудбалери сега да престанат да бидат кршливи или да се примени нов начин на тренинг и рекуперација што ќе ги направи цврсти како камен.
Ако спасат нешто со добри трансфери во јануари.
Да не се овие проблеми би типувал дека Милан ќе освои. Уште пред месец дена пишав дека поради бројот на повредите не може сероиозно да се надеваш на нешто, само уште повеќе ќе се нервираш. Но, додека сме при врвот, секако дека нема како навивач да кренеш раце и ќе се надеваш и со вака постојано осакатен тим.
Интер никако отпишување, дури и само бод да освојат вечерва ќе останат во игра. На Милан дури повеќе би му одговарало Наполи да победи, а и потежок распоред имаат до јануари, а потоа остануваат без тројца многу битни првотимци. Очекувам дека ќе изгубат и тие доста бодови до крај на јануари.
Доколку Интер фати приклучок, веднаш станува прв фаворит. Во битка со Наполи, Интер има поголеми шанси од нив да освои титула.
Наполи некако ми делуваат се повеќе стерилно. Октомври и тие го истуркаа на сила, освен против Болоња, која не изгледа добро, никаде лесно не земаа бодови. Инсиње не е во најдобра форма и има само повремени блесоци, Осимен ќе им го нема во јануари, а другиве не ми се фудбалери на кои можеш да се ослониш.
Значи, ако се приклучи Интер, тогаш тие се први фаворити, ако остане битката помеѓу Наполи и Милан, само поради константните повреди би дал предност на Наполи, но не ми се некои големи фаворити.