Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
... околу 200 типови на клетки во еден организам во себе носат идентичен генетски прирачник (геном) којшто ги содржи инструкциите за нивното функционирање, уникатниот идентитет на овие клетки е од епигеномот кој ja утврдува клеточната програма според којашто клетката ќе се раководи во текот на нејзиниот живот, односно механизмите што одлучуваат кој дел од геномот треба да биде прочитан, а кој игнориран.

... и сега логичко размислување, што ќе се случи доколку поради некои причини се дестабилизира епигеномот на специјализирана клетка и таа почне да го губи својот идентитет или заглави во состојба на меѓу-идентитет, внатре во живиот организам, клетката најчесто преминува во програмирана клеточна смрт – апоптоза (клеточно самоубиство, за доброто на организмот, колективот), но некогаш ако овој меѓу-идентитет ѝ овозможи да преживее и да се дели побрзо од другите клетки, се добива канцер како збир на комплексни процеси коишто ѝ овозможуваат на клетката да избегне од својата клеточна нишка и да се дели неконтролирано, причините за претворање на една обична клетка во канцерогена е мутација на неколку регулаторни гени (онкогени или тумор-супресорни гени), коишто ќе ѝ овозможат на клетката неконтролирано да се дели и да ги избегне внатрешно-клеточните сигурносни системи (контролори).

... голем дел на канцери се објаснети преку процесот на генетска мутација којшто е каузален за нивната трансформација во клеточен меѓу-идентитет, но акумулирање на мали епигенетски промени (епимутации) околу релевантни гени во тек на долг временски период може да доведе до бавно губење на клеточниот идентитет и преминување во меѓу-идентитет или безличност на клетката,

...антиковид вакцина со mRNK како генетска?
влезот на мРНК во човековите клетки не го менува ДНК на човековата клетка и доколку овие клетки се множат, тогаш мРНК нема да се инкорпорира во генетските информации на новите клетки, ДА, но мене не ме убедија, ај ќе почекаме,
 
Па, има завршено Биохемија на ПМФ и специјализирано Молекуларна биологија и генетика.
Така да теоретски е научник.
...едно е да учи и да заврши, друго е да врши истражување и научно испитување со евалуација и заклучоци применливи во пракса,
...јас секогаш бев поборник да после тоа ,,Д-р,, стои дополнително по што, смислата на ,,Д-р,, без други скратеници секој ќе подразбира со завршен медицински факултет, еве пример
...од прва, секој ќе помисли читајќи само ,,Д-р,, па името и презимето, дека е класичен доктор по медицина, а не доктор по економски науки, што нема допирна точка со медицински факултет,
...докторски науки мора да се назначи по што дополнително, да секој си ја има својата област, сите титули каша попара станале,
 
Никаде не стои дека е задолжителна, имаш избор и да си правиш PCR тест... Поглупа изјава и понеиздржана изјава немам видено...
Ова каде може да помине? Секој знае дека нема правен основ да добиеш отказ од работа поради не-примање на вакцина. Тука постојат многу перфидни начин и еден кој најчесто се користи како екстремна мерка е „укинување на работното место“.
 
„укинување на работното место“.
Без проблем би се укинало некое административно место како „самостоен референт за човечки ресурси“ или „Помлад соработник за канцелариско и архивско работење“ или „Виш соработник за култура, сектор јавни дејности“. Дури и во тој случај (доколку се укине работното место), според Закон не смеат да се избркаат од работа, туку да те распределат на друго место соодветно.

Ама тешко дека би се дрзнале така лесно да укинат работни места, посебно од областа на медицината како „хирург“ или „специјалист“ како директно посочени дека за нив вакцинацијата е задолжителна, таму PCR опцијата е исклучена.
И тука доаѓаме до апсурдната ситуација, „Не е задолжителна, АМА Е задолжителна“
 
Не е задолжителна, АМА Е задолжителна
Не е задолжителна во никој случај, можеш да однесеш PCR... Ова чисто пошто знам муабети од неколку приватни фирми...
 
Не е задолжителна во никој случај, можеш да однесеш PCR... Ова чисто пошто знам муабети од неколку приватни фирми...
Ова се однесува на граѓаните кои работат во јавниот сектор, не во приватниот.

И условот е противуставен (9 и 11) и противзаконски (ЗРО, Законот за спречување и заштита од дискриминација (го заборавиле чл.3), Законот за лични податоци, Законот за заштита на правата на пациентите...). Се кршат и низа меѓународни конвенции. :)

Стапката на имунизација меѓу медицинскиот персонал беше околу 80%. Баш ме интересира дали ќе ги укинат и овие работни места, сепак имаме студенти кои можат во секое време да го заменат тој искусен и дефицитарен кадар без никаков проблем. :)

пи.ес. Сдссм е позната по тоа да остава граѓани на улица.
 
Не е задолжителна во никој случај, можеш да однесеш PCR... Ова чисто пошто знам муабети од неколку приватни фирми...
Според новите преложени мерки од страна на Комисијата за заразни болести, мерките за приватниот сектор се само препорака и ништо повеќе. Додека мерките за јавниот сектор, доколку се усвојат тогаш ќе МОРА или да се приложи сертификат за вакцинација или PCR тест.
А кај здравствените работници, PCR тест не е опција, таму е задолжителна вакцинацијата.
И сега доаѓаме до ситуација каде се труби дека вакцинацијата не е задолжителна, а од друга страна воведуваш дека сепак мора задолжителна.
 
Според новите преложени мерки од страна на Комисијата за заразни болести, мерките за приватниот сектор се само препорака и ништо повеќе. Додека мерките за јавниот сектор, доколку се усвојат тогаш ќе МОРА или да се приложи сертификат за вакцинација или PCR тест.
А кај здравствените работници, PCR тест не е опција, таму е задолжителна вакцинацијата.
И сега доаѓаме до ситуација каде се труби дека вакцинацијата не е задолжителна, а од друга страна воведуваш дека сепак мора задолжителна.
Не знаев дека здравствените работници имаат ставка обавезна без можност за негативен тест. Сепак треба да има таква можност.
Знам дека не е обавезно за приватни фирми и дека има само препорака од министерот, сакав да кажам дека има многу различни и екстремни случаеви.
 
@Bafra за $319 милиони, многу луѓе можиш да купиш.


Ама @Anon не можеш да го убедиш во тоа.

Туку петок, па еве да ти додадам бензин :D:

@SaltNPepa можеби знае за ова, па да потврди дал е вистина https://www.sccpzp.org/pzp/what-is-pzp/
The vaccine stimulates the target animal to produce antibodies, which attach to its own ZP, thus blocking fertilization and causing contraception. The PZP vaccine is usually given, initially, in a series of 2 vaccinations 2-6 weeks apart and then a booster every 8 months to a year, depending on the species.

А овој Гејот гркот - Pfizer CEO Dr. Albert Bourla is a trained veterinarian :sneaky: + се бунеше за ивермектинот :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom