Наративот, едукацијата, пропагандата нека си ги тераат, не верувам дека некој нешто има против нив. Мерките се проблем, сериозен проблем. Денес, на прес, излезе гревот Бектеши и рече дека 2022 е година на економско заздравување! Шахтарска, пак, изјави дека економијата започнале да ја опоравуваат и не ни требал голем 4ти бран! Бре! Кој е индикаторот дека економијата ни оди во нагорна линија, кога сите показатели и парламенти одат во полза дека ќе имаме (увезена) инфлација!? Како ќе ја опорават економијата во 2022?
Најлесно му е на Пановски, кој е пред пензија, да рече "го затвораме цел угостителски сектор". Тој ем се напуни пари последниве 2 децении, ем ќе си има сигурна пензија. А оние кои во таа индустрија вложиле крв, пот и солзи нека му ја мислат. Со животот ги плаќаат кредитите и долговите. Има и таму крупни риби кои ќе пребродат сѐ, ама 95% се мали играчи кои може да исчезнат преку ноќ, а трошоците не стагнираат.
пи.ес. И Акесо падна под психолошкиот притисок. Ете, и она е против мерки.