Kindle

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
Линкови за download на книги за Kindle?
Имаа пишано на претходна страна, library Genesis, изгуглај за линкот, евентуално можеш и со soulseek ако ти треба специфична книга, во случај да го нема таму можеби некој ја споделува
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ob1
Линкови за download на книги за Kindle?
https://www.myanonamouse.net/index.php

Види тука ако можеш да влезеш, тракер само за книги. Има во сите формати, од epub, mobi, audio...

Ако ти треба сериозно, не онака да видиш, пиши ми ПП, да видам дали можам да обезбедам покана.
 
Линкови за download на книги за Kindle?
Имам огромна онлајн библиотека на мега.нз
Пиши некој наслов, па ќе видам дали имам.

Инаку книгите ми се на англиски и српски/хрватски, немам ништо на македонски.
 
Здраво. Имам kindle paperwhite и имам футрола со магнет и автоматски се уклучува киндлот при најмало поместување на капакот на футролата. Тука губам многу батерија бидејќи секој ден го носам во ранец на работа и назад. Дали можете да ми дадете некој предлог за заштита на киндлот - футрола или што и да е само да не се вклучува автоматски. Фала
 
Имам прашање за корисниците: Како сте задоволни од прикажувањето на пдф документите? Сакам да си порачам, ама прочитав во некоја статија дека со пдф има проблем во смисла дека пдф има точно определено форматирање на страната при што на уредот се отвара документот но големината на буквите е мала. Мене главно ми треба за книги кои се пдф формат. И дали постои можност за ставање на белешки, означување на текст ?
@Milanisimus @RickyLFC9 - видов сте пишале по темите дека имате. Мислење, искуства - ако не ве мрзи :гик:
 
Последно уредено:
Имам прашање за корисниците: Како сте задоволни од прикажувањето на пдф документите? Сакам да си порачам, ама прочитав во некоја статија дека со пдф има проблем во смисла дека пдф има точно определено форматирање на страната при што на уредот се отвара документот но големината на буквите е мала. Мене главно ми треба за книги кои се пдф формат.
@Milanisimus @RickyLFC9 - видов сте пишале по темите дека имате. Мислење, искуства - ако не ве мрзи :гик:
Мене малу ме мрзи, ама ај :P За какви книги како прво се работи? ПДФ е малку статичен формат и на мал екран како киндл (зависи кој, но кој и да е) не е соодветен од една причина очигледно што екранот е мал и ќе треба скролање (лево-десно и горе-доле) и друга штo kindle-от поради тоа што има мал refresh rate, разбирливо со технологијата на екранот која ја има, не го обавува добро тоа скролање, не оди баш глатко, сумирано лошо е корисничкото искуство најчесто. Е сега не знам за какви книги ти треба, но најчесто сѐ што е до некаде мејнстрим ќе го најдеш како epub/mobi (првиот може лесно да се конвертира во вториот формат). Може и од пдф, со тоа што не секогаш од прва корекцијата ќе ти испадне како што треба. Но, доколку материјалот што го читаш нема поинакви шанси освен да се чита како пдф, има програмче кое генијално го решава проблемот со големината на пдф и го чекав цел живот :) - K2pdfopt кое прилично добра ја препознава содржината од пдф и ја преуредува (сечено, лепено, монтирано) да биде соодветна на големината на уредот кој го користиш. Резултатот е повторно пдф, но скалиран соодветно за резолуцијата на уредот, да не мораш да скролаш лево-десно горе-доле, туку најнормално да прелистуваш претходна/следна страна. Види на сајтот за програмчето подетално ако ти треба. Е сега мислам дека белешките не функционираат за ПДФ формат, но за другиве формати горе се возможни. 1636921809573.png
Мислам дека имам напишано некоја страна поназад за ова.

Ако имаш нешто поспецифично нејасно, прашај по ПП слободно, ако е погенерално може и овде :) Поздрав
 
Се измучи да објасниш како пдф да се чита на киндл, ама од искуство знам дека повеќето почетници и не им треба стриктно пдф. Мислат дека им треба, затоа што не знаат дека за на ебук читач се употребуваат ебук формати на книги.

Се разбира има и такви што им треба стриктно пдф, ама таквите не разбираат дека ебук читач не е баш прикладен кога пдф е главен формат што ќе се чита.


Како и да е фала за K2pdfopt, ќе се најде. :)
 
Се измучи да објасниш како пдф да се чита на киндл, ама од искуство знам дека повеќето почетници и не им треба стриктно пдф. Мислат дека им треба, затоа што не знаат дека за на ебук читач се употребуваат ебук формати на книги.

Се разбира има и такви што им треба стриктно пдф, ама таквите не разбираат дека ебук читач не е баш прикладен кога пдф е главен формат што ќе се чита.
Напоменав и тоа, но сепак :) K2pdfopt е закон, доста и го подобрија претходно сѐ третираше како само како слика од документот на излез, сега го прелепува и текстот. Мене ми се наоѓа често за специфични пдф документи што не се баш книги, а тешко е да се преуредат во моби.
 
Уште да имаше нешто вакво за стрипови... Ама да ги двои одделните цртежи (коцките) во одделни страни.
Супер ќе беше. Имам рачно правено вака, таман е 800х600 за една сцена. Многу подобро од зумирање и скролање.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom