Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Туку ќе има нова тема за оскаровскава трка или во ланската да цепаме?
Ќе има, ќе има, секако. Тоа е традиција која не се напушта. Очекувајте до крајот на месецов нова оскаровска тема.
Автоматски споено мислење:

Филмов веќе неколку месеци ми седи у download никако да му дојде редот. Шо знам после Sound of Metal не ме влече нешто да го гледам. Може ќе му дадам шанса следна недела.
Не се многу слични со Sound of Metal. Ова не е филм за глувите, туку за детето на глувите. Повеќе е coming of age story отколку некаков приказ на маките на глувите.
 
На новиот Предатор ќе му се спротистави млада домородна девојка (на местото на Шварценегер).
 
На новиот Предатор ќе му се спротистави млада домородна девојка (на местото на Шварценегер).
Закочени во 90тите, ако сакаат инклузивен филм во тек со модерното време протагонистот ќе им биде gender fluid asexual xir/xer; they/them
 
Закочени во 90тите, ако сакаат инклузивен филм во тек со модерното време протагонистот ќе им биде gender fluid asexual xir/xer; they/them
жена е и не е белец
Мене тоа ми е доволно да му дадам на невидено осмица.
 
Очекував повеќе од новиот Бонд, ама некако ме остави разочарано.
Што ќе биде понатаму сега кога почина? Дали следниот "Бонд" ќе биде црнкињата?
 
Очекував повеќе од новиот Бонд, ама некако ме остави разочарано.
Што ќе биде понатаму сега кога почина? Дали следниот "Бонд" ќе биде црнкињата?
И јас мислев дека ќе биде црнкињата, ама делот кога на крај му рече ок биди ти 007 ми остави впечаток дека ќе чекаат на реакции од публиката, да видат дали ќе ја прифатат, ако не ќе стават друг 007.
Искредно се надевам дека нема да е она затоа што воопшто не ми беше симпатична, ниту па и лежи улога на 007.
 
Како што доцнам за се во животот така и за Skyfall, вечерва го фатив отпочеток на HBO 3. Одамна немав гледано Бонд филм, а си реков ова би било добра подготовка за најновиот (и ако убав се информирав, последен филм на Даниел Крег).
Филмот има интересна кинематографија и особено става акцент на односот помеѓу Бонд и М, но има и доста маани. Последниот чин е ужасно долг, како и целиот филм би рекол, но и покрај тоа не успеа да посвети внимание на врската меѓу Бонд и фем фаталот, ја фтикачи под туш и после мува не го полази кога ја застрелаа, се ова буквално се одигра во 15 минути. Исто така она што ми фати око е дека ликот на Хавиер Бардем многу потсеќа на Џокерот, буквално истиот говор на тело го има, а и целата таа секвенца како се ослободува од кафезот во просториите на МИ6 е нешто што прилега на Џокерот. Доволно предвидлив и еднодимензионален во приказната, но сепак го има оној engaging фактор што те тера да го гледаш докрај како и горе долу останатите од франшизата.
 
но и покрај тоа не успеа да посвети внимание на врската меѓу Бонд и фем фаталот, ја фтикачи под туш и после мува не го полази кога ја застрелаа, се ова буквално се одигра во 15 минути.
Не сум многу упатен во целиот Бонд универзум, имам се на се 10-15 филма гледано, но колку што ме држи меморијата, овој последниов Бонд, во Casino Royale за прв пат се заљуби, вистински! Веспер Линд се викаше девојката, и и таа умре на крај. Подоцна, во наредните филмови честопати го прикажуваа како се уште му недостасува, тагува по неа и се обидува да ја одмазди нејзината смрт. Во Spectre имаше и цел сегмент за тоа. Затоа и во Skyfall веројатно не му значело многу тоа што ја убиле таа која му била всушност само sexual partner, како многу други Бонд девојки пред и по тоа. Мене и затоа најмногу ми се допаѓа Даниел Крег од Бондовите - со тоа што се заљуби го направија поранлив, личи на човечко битие со емоции, а не на робот.
 
Once again по 100ти пат, гледав филм што повеќето го имате гледано, ама... вчера @Anon ми го препорача Victoria, па му седнав денес. Филмчиште. Едноставно, лесно за гледање и Викторија беше срцка. На почеток ме нервираше беше многу наивна и бев сигурен дека ќе го јаде ама не од кого. После филмот уствари прочитав и дека сценариото т.е. дијалозите се импровизирани. Сценариото било само 12 страни. Филмот е one shot и успеале во трет обид. Фак ју Кристофер Нолан.

Препорака за тие што го немаат гледано да му дадат шанса. 10/10!
 
Филмчиште. Мада ко што иам прочитано уште коа беше актуелен (ова не мора да значи дека е точно-може трипам) мислам дека не е класичен one shot.

Па наивна беше да, тоа убаво се откри и разјасни у сцената у кафичот на пијаното, ако некој се прашува и му е нелогично така од прва да тргне у авантура со рандом пијани уличари.

Прејак филм, не ми се гледа по втор пат да не случајно си го расипам впечатокот што ми остана од првиот пат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom