Не не сум јас овој.
Јас прво се регистрирав преку веб страната па откако ми побара тарифа/пакет да внесувам картичка си реков чекај да ја инсталирам апликацијата на телефон па ајде од таму ќе пробам се што треба. На апликацијата на телефон воопшто не ми побара тарифа/пакет ,картичка и така си функционираше си пуштав серија.
Решив да пробам и на телевизор па ја инсталирав таму апликацијата, ми бараше да активирам уред преку веб страна или апликацијата на телефон. На телевизорот имаше код и си го внесов кодот во подеаување - активирање уред во апликацијата на телефон и на телевизор си работеше. Денес гледам не може веќе да гледам ништо од содржините додека не одберам тарифа и внесам картичка.
Знам нема да ми наплати за 30 дена користење, пишав и предходно проблем не се парите толку. Чудно ми е зошто не ми побара на апликацијата на телефон и на телевизор тарифа/пакет и картичка да внесувам .