Gley.mk (македонска национална стриминг платформа за гледање серии и филмови)

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.777
Поени од реакции
7.515
Не лупај глава за џабе, нема да ти дојдат виугите на место. :D

Од 27ми ќе оди зашто на 25 и 26ти МРТ ќе ги репризира. Сигурно ко покровител имаат ексклузивно право на премиера и реприза пред да бидат прикачени на Глеј. Така беше и со нивниот канал. :вонзем:
Јас мислам глупо е што е така. МРТ 1 покрај премиерите секоја вечер од понеделник до петок мислам дека ги пушта репризно епизодите и од понеделник до петок претпладневен термин и сабота и недела пушта репризи повеќе епизоди од понеделник до петок што биле. Што значи два пати се репризираат епизодите на тв. Откако ќе заврши сезоната МРТ 1 уште еднаш ја репризира цела.

Можат да направат една реприза на тв и после ОХО и Gley.mk да си ја пуштат на интернет. Али ајде они си знаат како им одговара најдобро.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Јас мислам глупо е што е така. МРТ 1 покрај премиерите секоја вечер од понеделник до петок мислам дека ги пушта репризно епизодите и од понеделник до петок претпладневен термин и сабота и недела пушта репризи повеќе епизоди од понеделник до петок што биле. Што значи два пати се репризираат епизодите на тв. Откако ќе заврши сезоната МРТ 1 уште еднаш ја репризира цела.

Можат да направат една реприза на тв и после ОХО и Gley.mk да си ја пуштат на интернет. Али ајде они си знаат како им одговара најдобро.
Програмата на МРТ (ако е точна) вели дека репризите ќе бидат само сабота и недела.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.777
Поени од реакции
7.515
Не знам дали знаете но Gley го користи истиот интерфејс изглед како што РТС телевизија користи за нивната платформа RTS Planeta plus. Исти се и за телевизор и за телефон.

РТС планета плус изглед на тв



Gley изглед на тв ( не можев да најдам поквалитетен скриншот)
Screenshot_20211228-200026_YouTube.jpg


РТС Планета плус изглед на телефон



Gley изглед на телефон

 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
Оваа платформа изгледа сепак е добра за луѓе кои не знаат англиски, каков и да е изборот на филмови и серии
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.067
Поени од реакции
8.123
има некој што ја користи платформата да ми провери Преспав сезона 4 еп 10 дали исто му кажува не е достпана на вашата територија?
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
има некој што ја користи платформата да ми провери Преспав сезона 4 еп 10 дали исто му кажува не е достпана на вашата територија?
Стави охридско ВПН, ќе ти ја пушти :D
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.777
Поени од реакции
7.515
Со која динамика е планирано додавање на нови содржини? Што ќе додадете следно?

Gley презентира неколку нови наслови неделно и постојано ја зголемува својата понуда. Следно во март е хит серијата Државен службеник, македонски стенд-ап комедии, уште македонски филмови, второто продолжение на Мочвара, во април второто продолжение на Клан…

Пролетва ќе го промовираме и првиот македонски проект во кој ќе бидеме ко-продуценти, а веќе сме во завршни преговори за ко-продукциско учество во два регионални проекти кои очекуваме да бидат големи есенски хитови.


 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.777
Поени од реакции
7.515
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Можда малку наслови имаат за почеток, ама тие што ги имаат се доста квалитетни.

Гледани ми се: Клан, Беса, Црно-бијели свијет, Црна свадба. Сите одлични.

Калкански кругови е океј за тепање време. Мочвара има јака оцена, гледам им се свиѓа на луѓето.

Моментално ја гледам мексиканската 'La negociadora'. Некоја латино 'верзија' на La Casa de Papel би рекол. Малку глумата е ко во сапуница, ама сценариото е добро и не зажалив што ја пуштив.

Имаат некои скандинавски серии што треба да ги погледнам, две италијански Cacciatore и La Catturandi што имаат добри оцени на ИМДБ, израелската Prisoners of War што имаше 8.6/10 мислам, норвешката Exit, неколку германски мини-серии.

Генерално не толку познати, а квалитетни наслови, засилени со сè поквалитетната српска продукција.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.777
Поени од реакции
7.515
Фали повеќе македонски серии али мора да почне да се снима. Охо продукцијата поточно Пеце Талески најавуваше за оваа година нови македонски серии па ќе видиме што ќе биде.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom