Се се простува, ама да опнеш цена на нешто што веќе било бесплатно понудено долго време (или се уште е), и после да го покриеш позади некаков paywall, е малку залуден потег кон растење на ваков стриминг бренд (гледам тоа им е декларативната цел). Зборам од бизнис аспект. Прво, многу малку содржини имаат, друго истите како што реков повеќето од нас веќе ги имаат гледано. Ако сакаат да привлечат јузер-база треба да стават продукти кои претходно не биле достапни или не биле бесплатни долго време, или на ТВ. Ама за тоа треба пара, да откупиш стриминг права на филмови и серии (во доволно голем број, за да видат луѓево дека сте сериозни), а повеќето ќе ги потрошат парите на средување на сајтот и неговата функционалност (сајтот изгледа убаво според мене, нема да лажам, ама другово е проблематично).
На овој начин, дур стигнат да го "дигнат стандардот на кинематографијата во земјава" заедно со "Gley Originals" имаат многу, ама многу макотрпен пат пред нив, а и леб за јадење. Дотогаш, повеќето млади кинематографи во Македонија веќе ќе изградат кариери и без Gley. Подршка за наши - да. Но не безрезервна. Некој треба да им го прекрои бизниз планот.