Информација за СИТЕ ВАКЦИНИРАНИ во Србија
Конкретно од 06.11 во Грција не се прифаќаат (поради тоа и изминатиот викенд не отидов до Солун) српските дигитални сертификати за вакцинација за влез во затворен простор (на граница нема никаков проблем), бидејќи нивната мобилна апликација не може да ги скенира. Апликацијата им овозможува скенирање само на ЕУ признати сертификати.
Со српскиот Дигитален зелен сертификат, сум патувал во многу ЕУ држави, конкретно во Германија нема никаков проблем за влез било каде. Само треба да им се напомене да ја изберат опцијата Нон-ЕУ при скенирање.
Лично не сум го регистрирал српскиот вакцинален сертификат во Македонија, ниту имам намера да го сторам истото. Зошто?
Поради преголем РЕВОЛТ што власта во Македонија не обезбеди вакцини на време, при што многу од нас бевме принудени да патуваме два пати до Белград/Ниш. Лично јас во Белград, извозени речиси 2000км со цел да се вакцинирам, односно заштитам јас и моето семејство. За што секогаш ќе останам преблагодарен на Србија.
Едноставно НЕ САКАМ да им го качувам процентот на вакцинирано население во Македонија, со што би се пријавил како вакциниран на било кој вакцинален пункт кај нас. Едноставно нема шанса. Власта ништо не направи за мене, не ме вакцинираше на време, па дури ниту рампите на патарина не ги кренаа тие денови кога во конвој возевме према Србија.
Сакам да ве известам СИТЕ кои сте вакцинирани во Србија, а како мене вакцинацијата не сте ја пријавиле во Македонија и немате таква намера.
Официјално е соопштено од е-управа на Република Србија дека е изработен и веќе тестиран новиот ЕУ вакцинален сертификат (како што е МКД сертификатот), со што истиот ќе биде верифициран и одобрен од страна на ЕУ најдоцна до 15 ноември. Потоа сите кои сме вакцинирани во Србија ќе можеме да го симнеме и употребуваме.
Вие како мене што не сте извадиле МКД сертификат и немате намера, почекајте уште некој ден, ќе продолжиме да го употребуваме новиот српски ЕУ Ковид вакцинален сертификат.
