Serie A 2021/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.
Немам видено толку плачење и кукање за правилно досуден пенал, како оној на Интер-Јуве.
Не мислиш дека не е проблемот во досудениот пенал против Интер колку што е проблемот во селективната правда во Серија А?
И Сплендора мислам имаше погоре пишано.

Не може 1 ситуација да ја судиш пенал, а 2-3 исти/слични такви ситуации ништо.
Затоа цела Серија А рипа кога нешто ќе се досуди во корист на Јуве - без разлика против кој игра, пошто факт е дека од сите екипи судиите се највеќе наклонети/највеќе предност му даваат на Јувентус веќе со години.
Тука зборам за тие 50-50 ситуации како тој Пенал. Тука јувентус е најјак, секогаш ги добивал тие ситуации во негова корист.
Еве, со Интер му скина 2 бода на главниот конкурент за титула, не отиде поголема разлика меѓу двата клуба и си ќари 1 бод.

Нема везе, ваљда и во Италија ќе дочекаме истите правила да важат за сите. :)
 
Немам видено толку плачење и кукање за правилно досуден пенал, како оној на Интер-Јуве.

Жими мене, добив впечаток дека дури и судиската грешка во полза на Интер од мечот против Емполи (недосуден пенал на 0-0) ја врзавте со ситуацијата Дамфрис - Сандро.
Пак ќе те прашам, ваљда ќе ми одговориш сеа.

Зошто немаше судиска грешка на Интер-Јуве како што имаше на Верона-Интер, Емполи-Интер, Рома-Милан? Или, зошто на вториве 3 утакмици не реагираше ВАР за да ја исправи грешката на судијата на терен?
 
На страна пеналите (досудени и недосудени), овој натпревар беше само еден од многуте, каде судијата е изгубен и не го води добро натпреварот. Им се гледа некоја несигурност, нејасен критериум. Има старт пред него и после повеќе од 5 секунди свири фаул. Па го гледаш веднаш дали е старт за фаул, што има да размислуваш.

Погледав Салернитана и Наполи вчера и таму ми се допаѓаше судијата, имаше јасен критериум да не ги свири тие ситни контакти, кога играч со топка чека само да му се доближи противникот и да падне, особено ако ја изгуби топката. Правилно или не и не ми е толку важно, како тоа што си имаше критериум и си се држеше до него за двата тима. Не го видов црвениот за Наполи...

А играчите беа катастрофа, на секој таков недосуден старт се лигавеа, превртуваа, протестираа...

И околу корнерите треба да имаат помош од ВАР, некогаш навистина е тешко да се види кој играл последен.
 
Пак ќе те прашам, ваљда ќе ми одговориш сеа.

Зошто немаше судиска грешка на Интер-Јуве како што имаше на Верона-Интер, Емполи-Интер, Рома-Милан? Или, зошто на вториве 3 утакмици не реагираше ВАР за да ја исправи грешката на судијата на терен?
На Интер-Јувентус имало поквалитетен ВАР судија, во споредба со другите 3 мечеви.

Втора работа, не знаеме дали реагирал или не ВАР. Можеби реагирал, ама главниот одбил да гледа. Во тој случај, сме имале поквалитетен главен судија на дербито.

Ти посакуваш одговор „затоа што ова е Јувентус во прашање, а на другите ситуации не“, но одговорот не е тоа, иако повеќето го сакате. ВАР реагира и контра Јувентус без проблеми, имаме многу ситуации кога се досудиле пенали и црвени против Јуве со сугестија од ВАР.

Конкретно сезонава на овие 11 мечеви на Јувентус судењето е доста добро, со исклучок на избрзаната одлука на Орсато да досуди пенал против Рома, која сепак спаѓа во делот на технички грешки. Да бидам искрен, на другите натпревари гледам дека има многу реакции и засега генерално судењето е многу лошо. Зошто е тоа така, сигурно не е поврзано со Јувентус, туку со судиите, нивната спремност и нивните одлуки.

На другите мечеви се имаат досудено и многу помеки пенали (кои се сепак пенали) од оној на Јуве против Интер. Е, сега зошто тебе само пеналот на Сандро ти боде очи?
 
Зошто немаше судиска грешка на Интер-Јуве како што имаше на Верона-Интер, Емполи-Интер, Рома-Милан? Или, зошто на вториве 3 утакмици не реагираше ВАР за да ја исправи грешката на судијата на терен?
Да се самоцитирам:
факт е дека има привилегирани тимови во очите на судиите, особено на тие од ВАР, кои секако во секоја ситуација си имаат оправдание. Ако викнат судијата да гледа (како последново за Интер) они се чисти, на судијата му оставиле, ако не викнат (како видеата од Џонтра) они се пак чисти, и можело и не морало, па оставиле на судијата.
Отприлика вака ќе одговорат, имаше контакт и можеше и не мораше да се свири, а пошто судијата на терен решил вака, него му остаивме. За Интер-Јуве ќе кажат дека морало да се викне, според член 845 став 7 алинеја 59 од замислениот Правилник за постапување на судиите во ВАР собата во случаи кога игра Јуве.
А Мондо јас го разбирам до некаде, и јас сакам црно на бело и да сме на чисто. Ама не знам како очекува во официјален некаков допис/соопштение/шоидае да стават дека само коа игра Јуве правилно се користи ВАР, а на другите текми грешат?!

ЕДИТ: Ахахахахаха, баш убаво се погоди со одговоров на Мондо :pos:
 
На Интер-Јувентус имало поквалитетен ВАР судија, во споредба со другите 3 мечеви.

Втора работа, не знаеме дали реагирал или не ВАР. Можеби реагирал, ама главниот одбил да гледа. Во тој случај, сме имале поквалитетен главен судија на дербито.

Ти посакуваш одговор „затоа што ова е Јувентус во прашање, а на другите ситуации не“, но одговорот не е тоа, иако повеќето го сакате. ВАР реагира и контра Јувентус без проблеми, имаме многу ситуации кога се досудиле пенали и црвени против Јуве со сугестија од ВАР.

Конкретно сезонава на овие 11 мечеви на Јувентус судењето е доста добро, со исклучок на избрзаната одлука на Орсато да досуди пенал против Рома, која сепак спаѓа во делот на технички грешки. Да бидам искрен, на другите натпревари гледам дека има многу реакции и засега генерално судењето е многу лошо. Зошто е тоа така, сигурно не е поврзано со Јувентус, туку со судиите, нивната спремност и нивните одлуки.

На другите мечеви се имаат досудено и многу помеки пенали (кои се сепак пенали) од оној на Јуве против Интер. Е, сега зошто тебе само пеналот на Сандро ти боде очи?
Не ми боде само на Сандро, иако тој беше прв од низата на вакви пенали односно втор со оглед на тоа што Верона-Интер играа прво коло, и во продолжение иаме уште 2 исти ситуации каде ВАР не реагира.
Затоа ми боде, затоа што само во таа ситуација ВАР најде да се праи паметен и да вика судијата иако овој ја одби ситуацијата и јасно покажа дека нема пенал.

хаха одбиле да гледаат повторена снимка абе ај не ме јеби :D
Сеа ме тераш да ги барам сите ситуации и да видиш дека Маријани од Интер-Јуве имаше најдобар преглед на ситуацијата ко што може и да се види по раширените раце и одбивање на ситуацијата.

И пак мислиш дека ПЕНАЛОТ на Сандро ми смета. Да конкретно ми смета таков тип на пенал ко што ми смета и Хисај над Барела, и еве овие 3 спомнати ситуации, плус тоа на Ибра и ред други слични пенали.
Не ми смета пеналот на Сандро, ми смета ситуацијата во која беше покажан, а не покажан на другиве примери.
Сфаќаш.
 
Факт е дека јас и ти никогаш нема да се разбереме и немам проблем со тоа. Знам дека секогаш ти (а и сите други) со особено внимание ги следиш судиските одлуки на утакмиците на Јувентус и независно од нивната правилност, секогаш ќе има некое „но“. Всушност, дури и да ти докаже некој дека мислењето ти е погрешно, секогаш ќе ти биде тука „Јувентус се докажани местачи, Калчополи, не може тоа да го избришете“.

Ако сакаш да дебатираме само за конкретна ситуација (пример пеналот Дамфрис - Сандро), тогаш повели. Ама за таа ситауција, за тој меч, за таа одлука. Кога ја ставаш во корелација со други одлуки (од други судии, на други мечеви, во сосема трето време), одиме до недоглед во обид да објасниме работи кои практично може само да ги претпоставиме, а никогаш да ги знаеме.
Да, ќе ми кажеш иста лига е, треба да имаат исти критериуми и се' тоа, но сети се години наназад дека дискутираме за истото. Особено за играта со рака, еден судија на еден меч ќе ја досуди, друг на друг меч нема да ја досуди. И се така во круг.

Твоето прашање, зошто Маријани досуди пенал на Интер-Јуве, а Мареска не досуди на Рома-Милан, е тенденциозно, знаеш дека никој не може да даде одговор и се е во доменот на шпекулацијата. Јас можам да кажам мислење зошто Маријани досуди (го кажав едно 5 пати досега), а да ја видам целата ситуација од Рома-Милан (само фрејмот што го ставивте овде го видов, не го гледав мечот) може да кажам мислење и зошто Мареска одлучил да не даде.

Мојот личен суд, моето лично мислење од овие 5 години што се имплементира ВАР во Серија А е дека Маријани правилно одлучи. Тоа ќе ти го повторам илјада пати, во секој момент со истото објаснување. Ти може да не се сложиш или да се сложиш, нејсе. Да ја видам ситуацијата од Рома-Милан и таму може да дадам мое лично мислење, дали згрешил или не судијата, ама во никој случај не може да ги поврзам двете работи.

Може да корелираме ситуации од ист меч или најмногу од исти судија. Но, никако од различни натпревари, со различни судии. Не го барај тоа од мене барем.
 
Јас ако сфаќам добро Џонтра се буни за реагирањето/нереагирањето на ВАР. Не може на мечот Интер Јуве да го викнат Маријани да гледа снимка и да свирне пенал, а за буквално иста ситуација на Рома Милан да не го викнат Мареска. Тука има проблем со интерпретацијата на ВАР системот од страна на различни судии и пак доаѓаме до тоа дека и покрај ВАР некој судија може да те оштети ако сака, едноставно ќе рече ја видов и мене ми е пенал/црвен и чао. Исто голема аномалија на ВАР системот е што не може да интервенира за жолт картон, т.е. за втор жолт картон. Не е фер едноставно, имаме мал милион примери кај што играчи куртулуваат ради ова правило.
 
Кога сме веќе на таа тема. Ова што им е свирнато на Фиорентина е истотака смешно.

Значи апла се гледа дека Миленковиќ го влече играчов на Специја, иде судијава на ВАР и пак досудува пенал. На страна тоа што никако не влијаеше малиот допир со прстето.
Не знам што повеќе да кажам. Федерацијата ако сака лигата да не изгледа смешно мора да поработи на овие работи.
Не може волку пенали да се свират. Ја гледав прошли викенд Барса вс. Реал М. и врз Винициус не беше свирнат пенал кој во Серија А и без ВАР ќе го дадат.
 
Јас ако сфаќам добро Џонтра се буни за реагирањето/нереагирањето на ВАР. Не може на мечот Интер Јуве да го викнат Маријани да гледа снимка и да свирне пенал, а за буквално иста ситуација на Рома Милан да не го викнат Мареска. Тука има проблем со интерпретацијата на ВАР системот од страна на различни судии и пак доаѓаме до тоа дека и покрај ВАР некој судија може да те оштети ако сака, едноставно ќе рече ја видов и мене ми е пенал/црвен и чао. Исто голема аномалија на ВАР системот е што не може да интервенира за жолт картон, т.е. за втор жолт картон. Не е фер едноставно, имаме мал милион примери кај што играчи куртулуваат ради ова правило.

Знам дека секогаш ти (а и сите други) со особено внимание ги следиш судиските одлуки на утакмиците на Јувентус и независно од нивната правилност, секогаш ќе има некое „но“. Всушност, дури и да ти докаже некој дека мислењето ти е погрешно, секогаш ќе ти биде тука „Јувентус се докажани местачи, Калчополи, не може тоа да го избришете“.
Па нормално дека со особено влијание ќе ги следиме судиските одлуки на утакмиците на Јувентус.
Што викаат старите, кој ќе се изгори на млеко тој после и на јогурт ќе дува. :D

Глеј, конкретно вие јувенташите имате проблем со судиски одлуки во корист на Јувентус, колку и да не се исправни вие си зимате за задача да ги браните и оправдувате во секој случај. Единствена фан база сте во светот на фудбалот што никогаш немате признаено било каква погрешна судиска одлука во ваша корист.

Ако сакаш да дебатираме само за конкретна ситуација (пример пеналот Дамфрис - Сандро), тогаш повели. Ама за таа ситауција, за тој меч, за таа одлука. Кога ја ставаш во корелација со други одлуки (од други судии, на други мечеви, во сосема трето време), одиме до недоглед во обид да објасниме работи кои практично може само да ги претпоставиме, а никогаш да ги знаеме.
Да, ќе ми кажеш иста лига е, треба да имаат исти критериуми и се' тоа, но сети се години наназад дека дискутираме за истото. Особено за играта со рака, еден судија на еден меч ќе ја досуди, друг на друг меч нема да ја досуди. И се така во круг.
Нема што да дебатираме, реков уште одма по завршувањето на утакмицата дека ова е пенал и дека вакви нешта се свират. Мене само ми засмета начинот на кој е добиен пеналот, по ВАР откако претходно главниот ја одби ситуацијата. А сеа глеаме исти ситуации каде вар не реагира.
Еве тргни ги имињата на екипите, тргни ја лигата, тргни све на страна, гледај само бел и црн играч и стартот на сите 4 ситуации и кажи ми дека не се исти или барем слични и дали кај сите треба да се реагира исто.

Не може бе така, еден судија да суди што сака а друг да не суди. На што личи тоа.
Плус играта со рака мислам дека и ја регулираа до негде, барем таму не сум сретнал нелогичности у задње време. Ова сеа со ваквите контакти у 16тник е нов проблем кој се надевам ќе го решат у брзо време пошто стварно е глупо да се свири све и свашта.
 
Не мислиш дека не е проблемот во досудениот пенал против Интер колку што е проблемот во селективната правда во Серија А?
И Сплендора мислам имаше погоре пишано.

Не може 1 ситуација да ја судиш пенал, а 2-3 исти/слични такви ситуации ништо.
Затоа цела Серија А рипа кога нешто ќе се досуди во корист на Јуве - без разлика против кој игра, пошто факт е дека од сите екипи судиите се највеќе наклонети/највеќе предност му даваат на Јувентус веќе со години.
Тука зборам за тие 50-50 ситуации како тој Пенал. Тука јувентус е најјак, секогаш ги добивал тие ситуации во негова корист.
Еве, со Интер му скина 2 бода на главниот конкурент за титула, не отиде поголема разлика меѓу двата клуба и си ќари 1 бод.

Нема везе, ваљда и во Италија ќе дочекаме истите правила да важат за сите. :)
Toa што на 2-3 рандом мечеви судиите досудиле погрешно, не ја прави одлуката на Интер-Јуве сомнителна. Пеналот беше чист, грешките треба да се бараат на мечевите каде не бил досуден таков пенал.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom