Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Само што се вратив од кино. Солиден новиов Бонд, ама далеку од нивото што треба да биде. Што знам, секој нов филм ми иде во надолна линија. Можда па и дека нешто не го сакам Даниел Крег, не дека беше лош Бонд, ама како актер ми е антипатичен. Израснав со Пирс Броснан и Шонко Нери, овој ми е далеку од нивниот квалитет.
Ана де Армас у тие сцени каде што се појави ми остави поголем впечаток отколку Даниел.
Исто и негативецот т.е. Рами Малек, не дека имаше којзнае колку да одглуми ама таа негова ладнокрвност и смиреност ептен ми се допаѓа. Она што воопшто не ми се допадна е што:
во филмов пробаа да ја протнат Лашана, црнкиња како новиот 007. Не знам дали е некој тизер, или веќе има официјално ама BIG NO ако ова е новиот 007.

7/10
 
Само што се вратив од кино. Солиден новиов Бонд, ама далеку од нивото што треба да биде. Што знам, секој нов филм ми иде во надолна линија. Можда па и дека нешто не го сакам Даниел Крег, не дека беше лош Бонд, ама како актер ми е антипатичен. Израснав со Пирс Броснан и Шонко Нери, овој ми е далеку од нивниот квалитет.
Ана де Армас у тие сцени каде што се појави ми остави поголем впечаток отколку Даниел.
Исто и негативецот т.е. Рами Малек, не дека имаше којзнае колку да одглуми ама таа негова ладнокрвност и смиреност ептен ми се допаѓа. Она што воопшто не ми се допадна е што:
во филмов пробаа да ја протнат Лашана, црнкиња како новиот 007. Не знам дали е некој тизер, или веќе има официјално ама BIG NO ако ова е новиот 007.

7/10
Мене најмногу ми сметаше шизофрениот тон, ликот на рускиот научник и некои од corny игрите на зборови се директ од најлошите Роџер Мур филмови, додека пак има некои сцени кои ја имаат таа мрачност на Крег серијалот.
Се согласувам дека требаше појше Ана де Армас во филмот.
Сафин ми беше скоро пародија на Бонд негативци, онака баш клише backstory и мотивација, па се до акцентот кој никако не можев да го пласирам (П.С. колку треба да биде стар? Накај 70?)

Се на се филмот беше подобар од Spectre и QoS ама не толку добар колку Skyfall и Casino Royale, ама сепак мислам дека беше солидна лебедова песна на Даниел Крег.
 
И мене. Буквално бев готов да се расплачам. Таа side-приказна совршено ја вклопиле, баш беше погодена. И тажна, упм! А докторот не ти личеше на Мадс Микелсен?

Да бидеме искрени - ни Тома не личеше на Тома, ни Силвана на Силвана. Едино Тозовац - ко син му да го глумеше, плукнат на него!

Ма филмот ништо нема. Освен сценографијата, и 2 и пол саати чиста емоција! Приказната ништо посебно, реализацијата исто така - ништо посебно, глумата беше ОК, освен lip-sync-овите, реков, можеле повеќе да се потрудат. Не зборувам тука за тоа дали актерите можеле да пејат, туку да се потруделе lip-sync-овите да не изгледаат толку лошо. Имаше ситуации каде на актерот му е затворена устата, а излегува глас од неа. Ама не можев да не му дадам 10, зашто емотивно ме здроби! Нешто вакво слично ми беше кога го гледав Мајки на Милчо, тоа е за мене вториот најдобар негов, и за него имам дадено чиста десетка, иако знам дека во секој поглед филмот е далеку од десетка.

Јас тука немам замерка. Во 60-тите и 70-тите периките во СФРЈ и тоа како биле присутни во високата мода, особено како додатоци (уметки) во косите. Посебно фризурата на таа последната жена на Тома беше баш погодена како од тој период.

Дел од (текстовите на) песните се на Жељко Јоксимовиќ, а сите ги пее Ацо Пејовиќ. Не се сите песни оригинални песни на Тома. Особено таа која најмногу погодува - „Ponoc“ (или „Ja nemam vise razloga da volim“) е оригинална песна на Жељко направена специјално за филмов.
Денеска го гледав, жими мајка и се друго не ја слушав неговата музика, ама филмот е направен ептем, бев на ивица да се расплачам како најобична пичкица.
Бјелогрлиќ и Пејаковиќ се неверојатни талети..
 
Францускиот BAC Nord (The Stronghold на англиски) е интересен филм, посебно акционите сцени.

Како е снимен, ептен ме потсеќаше на францускиот Les Miserables што беше номиниран пред 2 години за Оскар. Го има на Нетфликс.

Thank me later. :D
 

Скандали су меџу нама. Нема само кај нас глупости, тука негде се и Хрватите. :свиркам:

Не знам колку е квалитетен "Мурина", го нема уште на торент, али да го избереш просеков "Тереза37" што досега освоил "врв" награди во Пула, Загреб и Београдски Фест, а имаш филм што играл во Кан и освоил награда во Кан и зад кој стои Скорсезе ко продуцент, е сулудо.

Тереза 2.5/5. Уште еден просек од синот на Шербеџија, по "мега успешниот" Ослободување на Скопје.
 
Имам само 2 збора за тебе комито!!!




































Ева Грин
Еве тука може да се сложиме, не викам не.

Иначе само што си дојдов од премиера на Dune.
Визуелни ефекти, музика, камера, приказната... перфекција. @123456 одма да објасниш што е со 2ката :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom