FILM CLUB (КРУГ 5) (205. Dogtooth: 18.11-01.12.2024)

Не знам зошто воопшто клубов бил згаснат одреден период, ама ова е најдоброто нешто на форумов. До сега имаше супер филмови, некои повеќе некои помалце, ама се дефинитивно филмови што на своја рака никогаш не би ги пуштил.
Секоја чест за идејата и трудот, keep it going.
Немаше луѓе. Петмина исти се вртевме на 2-3 месеци и немаше никаква динамика
 
Затоа мислам дека ова со давањето можност на сите што гледале макар еден филм да предложуваат, ќе внесе дополнителна свежина, и ќе ѕирнеме нешто поразлично. Супер тераме вака, 2021 испадна супер година за клубот. Се надевам дека ќе потрае. Колку за споредба, со првиот круг од стариот клуб, кој до сега беше најактивен: тогаш само 20 предлози на филмови имало, сега имаме 21 до сега, + уште 2 потврдени и плус уште 9 можни предложувачи до крајот на кругов. Тогаш вкупно 325 филма биле изгледани и исто толку рецензии напишани, сега сме на бројка 311, што значи со овој 21 филм на @Imperatorot веќе ќе го надминеме рекордот. Остануваат само рекордите за најгледани филмови од тој круг: првиот All About Eve и третиот The Untouchables ги имаа гледано по 27 души. Тука само се доближивме со Soul и 26 гледачи. Но којзнае, можеби до крај ќе го надминеме и тоа - зима иде, повеќе време дома, повеќе филмови...
 
Може ли некој да му помогне на ова нубче и да му испрати линк за симнување од новиов филм? Нигде не можам да најдам..
 
Интересно филмче мислам го имам гледано кога излезе ал сум го заборавил, без пимплање и развлекување приказна добра акција, колумбијкава јака дунда би ја онадел али далеку е од мене :D 3,5/5 од мене
Автоматски споено мислење:

Може ли некој да му помогне на ова нубче и да му испрати линк за симнување од новиов филм? Нигде не можам да најдам..

ti prativ pp
 
Последно уредено:
Boy Wonder 2010

Лесен филм за гледање. При првата тепачка на Шон со дилериве, се виде колку е евтин филмов. Не го сфатив многу сериозно иако обработуваше малце специфична и тешка тема, справување со загубата на родителот.
Далеку од убиство, ама знам како е да изгубш родител пред свои очи. Мислев дека ќе ме допре тематикава, ама јок. Се осеќа гневот на Шон низ цел филм, поготово кон татко му и целото трауматично детство, ама не разбуди некои емоции во мене да се сочуствувам како му било. Фокусот повеќе беше на одмаздата, не на емпатијата.
А, оваа Тереза ми беше симпатична негде до последните 20 минути. Глуми демек многу опасна џандарка, можам се сама, good cop, а на крај фрли се у вода и као дај да му помогнам на гревов.
Али ок, солидно и лесно филмче, башка и времетраењето му е погодено.
Техничкиот дел не би го коментирал, не остави некој посебен впечаток ама со оглед на буџетот сосема солидно.

7/10
 
останува само уште еден предложувач од активните членови
Yup, последното прдало на свирката. :P

Што ли ќе ви спреми вештерот Шон, обожавател на нарација во филмови со вкус што е мешавина од Вонг Кар Ваи + Вес Андерсон + Алмодовар?

Сигурно си мислите некоја независна продукција од веќе распадната или полураспадната република што тешко се наоѓа на мапа и со VHS квалитет на снимка. :свиркам:
 
Кога ве читам се осеќам прилично аматерски и се воодушевувам на рецензиите ама можеби ќе научам нешто..
Сите сме аматери тука. Пиши си што ти лежи на душата и како ти си го доживеала филмот и немај гајле што другите пишале. :)
 
Boy Wonder (2010)

Интересно филмче, можеби навидум нискобуџетно, ама успеа да ми го задржи вниманието до крајот. Што се однесува до глумата, мислам дека Шон и татко му најсолидно си ги доловија ликовите, сите останати ми беа некако мех, посебно цицлестата детективка.
Можеби не беше нешто wow од технички и уметнички аспект, но филмов обработува една интересна тема: Дали вмешувањето на Шон во туѓите животи и убивајќи ги оние кои му противат на законот, во име на правдата може да се оправда како хероизам? Бидејќи сепак, нити имаше законско овластување да ги гледа досиејата, нити доволно години за да биде во полициската станица. Дали убивањето на лош човек те прави добар убиец? Или дали не те прави убиец воопшто?

Интересно сепак, од мене 6/10.

Крајот ме изненади да бидам искрена.. мислев дека ќе испадне дека таткото има вмешано прсти во ова ама немал. За џабе си го окрка сиромашкиот.
 
Boy Wonder
Мој прв филм во клубот..
Не е лош ама и не ми остави некој посебен впечаток. Просечна глума, на некои сцени ми фалеше подобра камера за поголема тежина на моментот. Фалеше и музика. Една од подобрите секвенци е со Bjork/Human behavior во позадина. Ликовите се млаки, приказната не е лоша. Крајот е подобар од што очекував.
Општ впечаток ми беше дека му фали трета димензија.
3/5
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom