Јадев Линдт бела, и сеа знам дека тоа е премалце за да и дадеш оценка ама првичниот впечаток воопшто не ми беше позитивен, а сум човек што не жали пари на задоволства и мислам дека не би дал 150 денари за нејзе повторно.
Обично не експериментирам многу многу со чоколади, Милката знам дека е тиња пошто е бугарска така да воопшто не ја јадам, се додека не ми дојдат гостите од Германија и ми донесат оргинал Милка.
Киндер ми е врв и тоа ми е зицер благо, сега за сега ниеднаш ме нема разочарано у вкус.
Она за кое дојдов е Најлепше Жеље, ова од секогаш ми била најјака чоколада, таков специфичен убав чоколаден вкус. У последно време скроз ја уништиле, ми дава некој шмек на онаа Банат чоколада, некако поинтензивен вкус на какао ми има. Мамето да им го ебам.
Таа Банат прв пат ја пробав пред околу година дена коа видов дека ја донеле у маркет, а ја знам од муабети како била врвна чоколада у бившата држава. Еднаш ја пробав и никад више.
Сега НЖ ми има ист таков вкус, почнувам да паничам веќе. Стојам сеа пред рафтот со чоколади и не знам што да одберам.