Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.828
Поени од реакции
36.865
Посебно ме растужи она сцена кога ја пееше песната за Љиљана, а ретко кога ме растужува филм или ми доаѓаат солзи у очи од филм.
И мене. Буквално бев готов да се расплачам. Таа side-приказна совршено ја вклопиле, баш беше погодена. И тажна, упм! А докторот не ти личеше на Мадс Микелсен?
Смешно ми беше кога ја дадоа сцената со Чола и гледаш некој шутрак што ни малку не личи ниту поседува некој шарм ко Чола. :D
Да бидеме искрени - ни Тома не личеше на Тома, ни Силвана на Силвана. Едино Тозовац - ко син му да го глумеше, плукнат на него!
Ако му наоѓаме мани, филмот нема ама баш никакво сценарио. Рамна приказна од почеток до крај. Тома постојано се вљубува и спас бара у коцка и алкохол. Ништо посебно.
Ма филмот ништо нема. Освен сценографијата, и 2 и пол саати чиста емоција! Приказната ништо посебно, реализацијата исто така - ништо посебно, глумата беше ОК, освен lip-sync-овите, реков, можеле повеќе да се потрудат. Не зборувам тука за тоа дали актерите можеле да пејат, туку да се потруделе lip-sync-овите да не изгледаат толку лошо. Имаше ситуации каде на актерот му е затворена устата, а излегува глас од неа. Ама не можев да не му дадам 10, зашто емотивно ме здроби! Нешто вакво слично ми беше кога го гледав Мајки на Милчо, тоа е за мене вториот најдобар негов, и за него имам дадено чиста десетка, иако знам дека во секој поглед филмот е далеку од десетка.
лоша фризурка, посебно кај женскиве што можеле да ги малце истапираат, исфризираат место перики да им стават
Јас тука немам замерка. Во 60-тите и 70-тите периките во СФРЈ и тоа како биле присутни во високата мода, особено како додатоци (уметки) во косите. Посебно фризурата на таа последната жена на Тома беше баш погодена како од тој период.
али пак некако и без приказна филмов погаѓа со самите текстови на песните што ги пишувал човекот
Дел од (текстовите на) песните се на Жељко Јоксимовиќ, а сите ги пее Ацо Пејовиќ. Не се сите песни оригинални песни на Тома. Особено таа која најмногу погодува - „Ponoc“ (или „Ja nemam vise razloga da volim“) е оригинална песна на Жељко направена специјално за филмов.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.164
Поени од реакции
10.129
Докторот не ми личи на Мадс и ич не ми е добар глумец, али ете тука таа ладност што ја има у погледот одговараше за улогата.

Иначе фан факт, докторот и Силвана се маж и жена во вистинскиот живот, а Тамара Драгичевиќ (Силвана) нема толкави цици ко што и ги подигнале во филмов со пуш-ап градник. :D

За глумците поима немам колку личат на пејачиве и не ми се ни гугла сега да ги споредувам. Небитно ми беше.

За фризурите мислам слични биле ко и во 80-тите што сум гледал слики со ондулации и киселини што ги правеле на фризер, ај машкиве што не можеле да ги чекаат да пуштаат долги коси, али женскиве можеле да ги дотераат ко тогаш, наместо да им стават само перики.

Сценографијата генерално беше ок, али у првата сцена и кафаната ми беше ко да гледаме продолжение на Монтевидео. Ваљда у истото студио/локација е снимен тој дел.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.773
И No Time to Die е во загуба.

Со буџет од 250 милиони, плус 150 милиони за рекламирање, не успеа да биде во позитива. 300 милиони вкупна заработка.

Да не беше пандемија, можеби ќе заработеше повеќе, ама и буџетот за рекламирање вон пандемија, на вакви филмови им е поголем. Обично дупло од тоа што кошта производството.
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.492
Поени од реакции
9.485
Колку глупави филмови изгледав неделава што и за оној кучи посо, посо кучи ако има филм одма гледам.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.806
Поени од реакции
3.062
The night house го гледав. Многу позитивни коментари читав за него, но мене не ме воодушеви нешто посебно.
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.674
„Тома“ испадна нешто ко што му е „Трето полувреме“ на @Anon - најлошиот филм за кој давам чиста десетка. Лоша шминка, лош lip-sync , претерано многу патетика, непотребно скокање низ времето... Али брате, емоции до бескрај! Плус го имаат толку добро рекреирано духот на времето, што буквално секоја сцена (заедно со сценографија) беше импресивна. Значи ако барате добар филм да гледате, немојте да го пуштате ова. Ама ако сте постари од 35 години, ако песните на Тома Здравковиќ ви значат нешто и ви обележале дел од животот, или ако сте боем барем трошка од тоа колку што бил тој - ова е a must watch за вас.

„Не мери се живот по броју година на који га развучеш, већ колико живота ставиш у сваки дан” :cuc:
Кај го има по торенти?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.134
Поени од реакции
83.773
Ама не можев да не му дадам 10, зашто емотивно ме здроби! Нешто вакво слично ми беше кога го гледав Мајки на Милчо, тоа е за мене вториот најдобар негов, и за него имам дадено чиста десетка, иако знам дека во секој поглед филмот е далеку од десетка.
Океј бе, валидно.
И ја му дадов на Роланд Емерих осмица за Мидвеј, само затоа што е историски акуративен.
Кога имаш лична (или друга) причина, која ја потенцира субјективноста, нема гајле, валидни се такви ставови.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
У една епизода од Extras на Рики Џервејс кај што глумеше Кејт Винслет како калуѓерка а овој нели е статист и снимаа нешто филм за Холокаустот и у паузите меѓу сетовите овие си правеа муабет нешто, како најлесно се стига до Оскар и двајцата заклучија дека најлесно е преку филм за Холокаустот. :D

Неколку години подоцна Кејт Винслет го добива својот Оскар за главна женска улога у The Reader, љубовна драма која се одвива во период од 58ма до 88ма у главно, каде раскажува за љубовта на еден дечко и една постара жена од него па следи судење заради вмешаност во Холокаустот и да не навлагам понатаму.
Филм кој има и номинација за најдобар филм 2008ма година. Со Кејт Винслет и Ралф Фајнс.

Ралф Фајнс у Шиндлеровата листа пукаше евреи со снајпер од забава.
Во филмов може да се види и едно трио од Downfall, највпечатливи се Бруно Ганц и таа што му беше лична секретарка а тука овој е професор по право и набљудувач на судењето а оваа е преживеана жртва од логор. Реков трио али овој последниов и не е толку познат од филмот, некој рандом СС-овец е таму, сеа видов коа ги проверував глумците. Иначе глуми татко на дечкото кој подоцна ќе порасне во Ралф Фајнс, Мајкл Берг.

Добар филм искрено, ми легна. Ми нема промашај Винслетка у ниеден филм. Може слободно да кажам дека ми е омилена актерка, по квалитет. За лепота и сексуални фантазии имам други.

Пред некој ден го глеав и Conspiracy, добар филм, праен по вистинска приказна каде у една вила у Берлин во тајност се собираат неколку битни фаци од екипата на Хитлер и дискутираа односно бараат решение за еврејското прашање. Иако сите знаеме што ќе се дешава во продолжение и како го решиле истото прашање, сепак убаво е да се види како изгледало сето тоа, дека имало и одредени ликови кои биле против такво нешто.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Пред некој ден го глеав и Conspiracy, добар филм, праен по вистинска приказна каде у една вила у Берлин во тајност се собираат неколку битни фаци од екипата на Хитлер и дискутираа односно бараат решение за еврејското прашање. Иако сите знаеме што ќе се дешава во продолжение и како го решиле истото прашање, сепак убаво е да се види како изгледало сето тоа, дека имало и одредени ликови кои биле против такво нешто
Бар едно 7-8 пати го имам гледано, вака ќе речиш ништо посебно, цел филм се одвива во една соба на една маса, ама како глуми Кенет Брана, ликот на Хајдрих го претставува маестрално, со таа садистичка насмевка што ја има низ цел филм.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom