У една епизода од Extras на Рики Џервејс кај што глумеше Кејт Винслет како калуѓерка а овој нели е статист и снимаа нешто филм за Холокаустот и у паузите меѓу сетовите овие си правеа муабет нешто, како најлесно се стига до Оскар и двајцата заклучија дека најлесно е преку филм за Холокаустот.
Неколку години подоцна Кејт Винслет го добива својот Оскар за главна женска улога у The Reader, љубовна драма која се одвива во период од 58ма до 88ма у главно, каде раскажува за љубовта на еден дечко и една постара жена од него па следи судење заради вмешаност во Холокаустот и да не навлагам понатаму.
Филм кој има и номинација за најдобар филм 2008ма година. Со Кејт Винслет и Ралф Фајнс.
Ралф Фајнс у Шиндлеровата листа пукаше евреи со снајпер од забава.
Во филмов може да се види и едно трио од Downfall, највпечатливи се
Бруно Ганц и таа што му беше лична секретарка а тука овој е професор по право и набљудувач на судењето а оваа е преживеана жртва од логор. Реков трио али
овој последниов и не е толку познат од филмот, некој рандом СС-овец е таму, сеа видов коа ги проверував глумците. Иначе глуми татко на дечкото кој подоцна ќе порасне во Ралф Фајнс, Мајкл Берг.
Добар филм искрено, ми легна. Ми нема промашај Винслетка у ниеден филм. Може слободно да кажам дека ми е омилена актерка, по квалитет. За лепота и сексуални фантазии имам други.
Пред некој ден го глеав и Conspiracy, добар филм, праен по вистинска приказна каде у една вила у Берлин во тајност се собираат неколку битни фаци од екипата на Хитлер и дискутираа односно бараат решение за еврејското прашање. Иако сите знаеме што ќе се дешава во продолжение и како го решиле истото прашање, сепак убаво е да се види како изгледало сето тоа, дека имало и одредени ликови кои биле против такво нешто.