Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Ги ставаме за да се предомисли. :D

м, него сакав да прашам односно да побарам предлози за филмови што се снимани, не знам као се вика таа техника, пушташ камера и снимаш без престан, ко Викторија. :D
1917?
Автоматски споено мислење:

Devil (2010) mnogu lugje go hejtat mene mi bese prejak. Cel film e vo lift
meh
 
Glengarry Glen Ross го имам на комп со месеци, го симнав заедно со куп филмови во кои игра Лемон, али почнав прво со комедиите ... и уште не сум завршила. :D

Видов дека е излезен The guilty, али го симнав шведскиот наместо римејков пошто не ми беше гледан и сега не ми е во план да го гледам новиов.

Rear window го гледав пред некој ден. Кога почнувам да гледам колку е саат и да потскролнувам знам дека не ме занима филмот и ми е досадно. Умрев од досада. Цело време знаеме што се дешава, знаеме кој е крив, нема мистерија, нема трилер, само досадно зјапаме низ прозор. Ќе го пишев ова во непопуларни мислења, али пошто таму џабе ќе е, нека објасни некој зашто толкава оценка и што ми бега мене и не сфаќам.
 
Цело време знаеме што се дешава, знаеме кој е крив, нема мистерија, нема трилер, само досадно зјапаме низ прозор. Ќе го пишев ова во непопуларни мислења, али пошто таму џабе ќе е, нека објасни некој зашто толкава оценка и што ми бега мене и не сфаќам.
Не знаеш кој е крив затоа што не знаеш дали имало злосторство или не. Освен ако не си налетала на спојлер пред да го гледаш. Ако не знаеш дали Џејмс Стјуарт е во право или не, тогаш чувствуваш билд ап, тензија која расте од минута во минута.

Друга работа е симболиката во филмот. Џејмс Стјуарт е гледач, исто како јас и ти. Во прозорците од соседите тој гледа филмови со различен жанр: мјузикл, драма, комедија, трилер. Од сите овие неговата најголема опсесија е мистеријата, затоа што се сомнева дека таму се случило злосторство. Хичкок преку Џејмс Стјуарт не набљудува нас, гледачите, и нашите желби и фантазии. Повеќето од нас ќе го одберат каналот каде што се случува криминал, каде некој убил некого. Останатите канали не се толку важни.

И се разбира, Грејс Кели, the boys will understand :D
 
Не знаеш кој е крив затоа што не знаеш дали имало злосторство или не. Освен ако не си налетала на спојлер пред да го гледаш. Ако не знаеш дали Џејмс Стјуарт е во право или не, тогаш чувствуваш билд ап, тензија која расте од минута во минута.

Друга работа е симболиката во филмот. Џејмс Стјуарт е гледач, исто како јас и ти. Во прозорците од соседите тој гледа филмови со различен жанр: мјузикл, драма, комедија, трилер. Од сите овие неговата најголема опсесија е мистеријата, затоа што се сомнева дека таму се случило злосторство. Хичкок преку Џејмс Стјуарт не набљудува нас, гледачите, и нашите желби и фантазии. Повеќето од нас ќе го одберат каналот каде што се случува криминал, каде некој убил некого. Останатите канали не се толку важни.

И се разбира, Грејс Кели, the boys will understand :D

Не сум видела спојлер, али очекував поинаков крај. Тука воопшто немаше изненадување, некој плот твист, туку како овој предвиде се излезе така. Може и затоа не го осетив филмот ко трилер, па со тоа и ме подразочара.

Симболиката си е ок. И Грејс е нормално преубава, плус фустаните и беа добри. :D
 
„Тома“ испадна нешто ко што му е „Трето полувреме“ на @Anon - најлошиот филм за кој давам чиста десетка. Лоша шминка, лош lip-sync , претерано многу патетика, непотребно скокање низ времето... Али брате, емоции до бескрај! Плус го имаат толку добро рекреирано духот на времето, што буквално секоја сцена (заедно со сценографија) беше импресивна. Значи ако барате добар филм да гледате, немојте да го пуштате ова. Ама ако сте постари од 35 години, ако песните на Тома Здравковиќ ви значат нешто и ви обележале дел од животот, или ако сте боем барем трошка од тоа колку што бил тој - ова е a must watch за вас.

„Не мери се живот по броју година на који га развучеш, већ колико живота ставиш у сваки дан” :cuc:
 
Трето полувреме е многу лош филм ако сме реални, ама некои филмови работат на емоции. Исто за Србите на пример, Дара од Јасеновац е одличен филм затоа што емотивно ги погоди, инаку филмски гледано, филмот е разочарување на деценијата. Некои теми се големи и кога некој ќе реши да прави филм, треба навистина да си ја одработи задачата. Треба да има и буџет, и актерска екипа, саундтрак, костимографија, сценографија... се треба да е перфект затоа што некои филмови еднаш се прават.

Од овие причини сум среќен што се откажаа од правење филм за цар Самуил и битката на Беласица, што беше во план пред неколку години. За такво нешто да испадне добро треба буџет и мадиња. Подобро нека најдат начин да ја увалат скриптата на Холивуд, приказната е за епски блокбастер. 14000 ослепени војници се враќаат дома, are you f****** kidding me? Би развалил филмот.
 
Изненадувачки муабети од Злате, а 5/5 му дава на Тома. :D

Ако му наоѓаме мани, филмот нема ама баш никакво сценарио. Рамна приказна од почеток до крај. Тома постојано се вљубува и спас бара у коцка и алкохол. Ништо посебно.

Али знае Бјела да извади емоции бре. Да те растужи, да те насмее. Што год фати како режисер да снима сè му е погодено досега.
Монтевидео филмовите и серијата му беа супер (посебно Монтевидео 2ката кога ја гледав у кино, Југославија на првото светско даваат гол, а мене ме мава еуфорија ко у живо да сум на утакмица и да навивам за нив), Сенки над Балканот серијата досега продукциски најзахтевната серија произведена во Србија и една од најдобрите нивни и сега филмов те пука со емоции иако не си фолкер и обожавател на народна музика).

Имаше пар добри фрази ко онаа, парафразирам: "Сречни људи не пишу песме, мораш да се испрљаш јако, дубоко у блато." Песните онака тужни, али текст со смисла бе, да се соживееш, не Жена од султана, Раста краста шундови.

Посебно ме растужи она сцена кога ја пееше песната за Љиљана, а ретко кога ме растужува филм или ми доаѓаат солзи у очи од филм.

Lip sync-от уопште не ми ни сметаше. Се знаеше дека музиката ќе биде на плејбек и глумците не можат да ги доловат оригиналните гласови.

Смешно ми беше кога ја дадоа сцената со Чола и гледаш некој шутрак што ни малку не личи ниту поседува некој шарм ко Чола. :D

Имаше нелогичности ко електричната пегла у 1950., грешки ко Saka te Makedonia при крај, лоша фризурка, посебно кај женскиве што можеле да ги малце истапираат, исфризираат место перики да им стават, али пак некако и без приказна филмов погаѓа со самите текстови на песните што ги пишувал човекот и не можам да не му дадам помалку од 4/5.

П.С. вака ко нељубител на народњаци испадна дека сум слушнал 80% од песниве што одеа, само што не сум знаел дека се од Тома, Тозовац, Цуне. :D
 
Сречни људи не пишу песме
Да се надоврзам, пред некој ден гледав документарец за Ерик Клептон. Кога некој ќе ми го спомне Ерик Клептон две песни ми паѓаат на памет одма: Лејла, и Tears in Heaven. Во документарецот кажува дека првата ја напишал кога бил во безнадежно заљубен во жена му на Џорџ Харисон, и многу пател кога го отфрлила. Втората ја напишал кога трагично го загубил синчето.
 
Посебно ме растужи она сцена кога ја пееше песната за Љиљана, а ретко кога ме растужува филм или ми доаѓаат солзи у очи од филм.
И мене. Буквално бев готов да се расплачам. Таа side-приказна совршено ја вклопиле, баш беше погодена. И тажна, упм! А докторот не ти личеше на Мадс Микелсен?
Смешно ми беше кога ја дадоа сцената со Чола и гледаш некој шутрак што ни малку не личи ниту поседува некој шарм ко Чола. :D
Да бидеме искрени - ни Тома не личеше на Тома, ни Силвана на Силвана. Едино Тозовац - ко син му да го глумеше, плукнат на него!
Ако му наоѓаме мани, филмот нема ама баш никакво сценарио. Рамна приказна од почеток до крај. Тома постојано се вљубува и спас бара у коцка и алкохол. Ништо посебно.
Ма филмот ништо нема. Освен сценографијата, и 2 и пол саати чиста емоција! Приказната ништо посебно, реализацијата исто така - ништо посебно, глумата беше ОК, освен lip-sync-овите, реков, можеле повеќе да се потрудат. Не зборувам тука за тоа дали актерите можеле да пејат, туку да се потруделе lip-sync-овите да не изгледаат толку лошо. Имаше ситуации каде на актерот му е затворена устата, а излегува глас од неа. Ама не можев да не му дадам 10, зашто емотивно ме здроби! Нешто вакво слично ми беше кога го гледав Мајки на Милчо, тоа е за мене вториот најдобар негов, и за него имам дадено чиста десетка, иако знам дека во секој поглед филмот е далеку од десетка.
лоша фризурка, посебно кај женскиве што можеле да ги малце истапираат, исфризираат место перики да им стават
Јас тука немам замерка. Во 60-тите и 70-тите периките во СФРЈ и тоа како биле присутни во високата мода, особено како додатоци (уметки) во косите. Посебно фризурата на таа последната жена на Тома беше баш погодена како од тој период.
али пак некако и без приказна филмов погаѓа со самите текстови на песните што ги пишувал човекот
Дел од (текстовите на) песните се на Жељко Јоксимовиќ, а сите ги пее Ацо Пејовиќ. Не се сите песни оригинални песни на Тома. Особено таа која најмногу погодува - „Ponoc“ (или „Ja nemam vise razloga da volim“) е оригинална песна на Жељко направена специјално за филмов.
 
Докторот не ми личи на Мадс и ич не ми е добар глумец, али ете тука таа ладност што ја има у погледот одговараше за улогата.

Иначе фан факт, докторот и Силвана се маж и жена во вистинскиот живот, а Тамара Драгичевиќ (Силвана) нема толкави цици ко што и ги подигнале во филмов со пуш-ап градник. :D

За глумците поима немам колку личат на пејачиве и не ми се ни гугла сега да ги споредувам. Небитно ми беше.

За фризурите мислам слични биле ко и во 80-тите што сум гледал слики со ондулации и киселини што ги правеле на фризер, ај машкиве што не можеле да ги чекаат да пуштаат долги коси, али женскиве можеле да ги дотераат ко тогаш, наместо да им стават само перики.

Сценографијата генерално беше ок, али у првата сцена и кафаната ми беше ко да гледаме продолжение на Монтевидео. Ваљда у истото студио/локација е снимен тој дел.
 
И No Time to Die е во загуба.

Со буџет од 250 милиони, плус 150 милиони за рекламирање, не успеа да биде во позитива. 300 милиони вкупна заработка.

Да не беше пандемија, можеби ќе заработеше повеќе, ама и буџетот за рекламирање вон пандемија, на вакви филмови им е поголем. Обично дупло од тоа што кошта производството.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom