Ова можеме да го поделиме на два фактора: внатрешни и надворешни.
Во внатрешни се сите оние кои зависат од самата личност и кои во главно ги наброја авторот на темава во воведот од постот. Тие се генерално јасни и зависат од личност до личност и тука нема што да се задржувам. Само да додадам на тоа дека има луѓе кои намерно сакаат да бидат сами од лични прични.
Ќе се задржам на надворешните фактори, оние што не зависат од самата индивидуа. Тука, во Македонија, има неколку заебанци кои влијаат на ова прашање на самотијата.
Прво, проблемот е што самиот пристап е умешност а не дефинирани параметри. Нема конкретен патерн, формула, не е наука, не е нива па си знаеш дека ако сакаш да ти роди треба да ја изораш убаво, да посадиш семе, да ја наводенуваш, да употребиш инсектициди и останато. Може уште вечер дур одиш на роденден кај на братучед ти девојка му да улета некоја нејзина другарка да ти тргне комуникација и да завршиш во брак со деца, со слики на Инстаграм со хаштагови #сонцемамино, #chillinginpolihrono, #withmylove, а си тргнал на роденден на кој не си ни сакал да отидеш, него онака ај чест да направам, пола саат, една пијачка и бегам. Од друга страна можеш да се утепаш од пуштање на сва и свашта и многу тешко да оди. Многу варијабли се во игра, да се најдеш на правото место во правото време, да го погодиш местото, да ти се допадне на тоа место некоја девојка, ти да и се допаднеш на неа, да е сингл, да е расположена баш тогаш, други коцки да се наредат. Многу работи се оставени на коинциденција, на среќа.
Втората заебанција е што нема конкретен пазар за оваа работа. Ок, сингл си. Што сега? Од кај почнуваш со решавање на проблемот? За разлика од порано, Интернетот ја врши улогата на медијатор, на пазар помеѓу понудата и побарувачката. Посебно социјалните мрежи служат како посредници. Главниот проблем тука е што нема селекција и филтрација, па така на Тиндер e преполно со мажи-манијачишта, на Фејсбук исто така, напалени куртони кои пуштаат барања за пријателство и коментираат на се што има дупка. Но и да го тргнеме тоа на страна. На мрежите немаш како да стигнеш до преференци на тоа што го бараш. Не можеш да филтрираш-барам дечко од 25 до 30 години, со икс ипсилон физички и карактерни особини и Инстаграм да ти филтрира по key words и да те поврзе баш со такви профили. На запад има разни сајтови специјализирани за тоа, па има speed dating како концепт, па има тематски вечери во некои локали каде што се движат сингл луѓе или има локали познати по тоа дека излегуваат сингл луѓе што бараат некој итн.
Трето, кафичи, клубови, барови на запад се традиционално и под дефолт места каде што одиш да запознаваш луѓе. Кај нас не функционира тој модел, објаснето подетално тука:
Четврто, како старееш ти се намалуваат изворите од каде што црпиш познанства. Додека си средно/факултет знаеш милион луѓе, онаа, другарка и на онаа, прва братучедка на другарка и на онаа, се правеле кафани, седенки, друженки, еден ќе викне уште 2-3 тројца па секој со секого ќе се упознае ќе размени Фејсбук, телефон итн... Па ќе падне некоја мувачица, некоја посериозна врска, па ќе раскинете, па ќе упознаеш на колега од факултет друга другарка, па со неа некое време и се така. Движење има постојано, другарување и запознавање има што се вика на дневна основа. Е сега ако си имал среќа во тој период да налеташ на нешто што ти одговарало на тебе и си живеете хепи евер афтер, тогаш супер. Ама, ако не е тоа случајот, како минува време, кругот на луѓе се редуцира, се вработуваш, единствените нови луѓе кои ги упознаваш се колегите, другарите ти се мажат/женат, имаат деца и се намалуваат луѓето со кои се гледаш, а се намалува и времето на колку пати се гледаш и со тие малкумина. Изворите еден по еден си одат, тешко наоѓаш човек за на концерт да ти прави друштво од 2 саати а камо ли нешто друго.
Горе долу ова се надворешните фактори во македонското општество што влијаат на факторот-сингл.
Ако имаш среќа негде попатно да најдеш тоа што ти треба, се супер. Проблемот настанува кога нема да најдеш.
Очајот е многу моќно чувство. Очајот од бидување сам нарочито. Ако не си еден од среќните избраници ти остануваат две опции:
1. Избор на каков-таков партнер
2. Помирување и избор да останеш сам
Слободно можам да кажам дека ултратешкото мнозинство ја одбира првата опција. До сега во мојот adult живот сум бил на некаде 20-тина и нешто свадби. Дали за 2-3 вака неутрално од страна би кажал дека тие луѓе се компатибилни и треба да се во брак. Во главите на останатите се случува следново сценарио. Влегува полека во триести, за жени ова посебно важи, затоа ќе го земам од аспект на жена иако во голема мера важи и за мажи, само што тие не до толку катаклизмично реагираат на тоа. Сите другарки и се мажени и веќе почнуваат да раѓаат. Косата и побелува, се фарба сега веќе од што "мора" за разлика од порано кога и се експериментирало и сакала да си проба фризури. Желбата за мајчинство притиска, стравот дека ќе остане сама ствара анксиозност. Четирите фактори од погоре не и ја олеснуваат работата. Одеднаш, по некоја случајност се запознава со некој. Не е тоа што и одговара на нејзин personality. На помлади години сигурно би рекла не. Ама сега условите се поочајни. Па женско како женско направената одлука мора да си ја "израционализира" за да може мирно да спие. Па не е така лош, ќе го засакам/ќе ме засака, ќе се смени со тек на време (не се менува со тек на време), ај кога ќе родам и ќе стане татко (ни тогаш), абе судбина е не знаеш каков ќе ти се падне, нема идеално. Како мори како ќе ти се "падне"? Што е ова лото 7/39, гледам супер бинго, томбола?
Врската барала труд и работа, компромиси, откажувања. Булшит. Која и да ја одбереш на рандом освен ако не е тотална лудача ќе бара труд и работа. Во тој случај единствен критериум што треба да го бараш е да ти го дига. Компромиси правиш секој ден, на работа со колеги и претпоставени, со комшиите од куќен совет во зграда, со Мара од шалтер за издавање пасоши оти мораш за да си извадиш на време документи. Некои луѓе ти се пријатни, некои неутрални, некои органски не можеш да ги трпиш, ама тоа е работата и егзистенција, тоа се комшии со кои мора да решаваш секојдневни заебанции, тоа е Мара од шалтер преку која мора да поминеш ако сакаш пасош. Ако истото треба и со партнерот, тури му курот на животот. Идеално нема, ама ако анализирам повеќето од браковите што ги знам се непотребно тупење на самите себе и другиот, трејд оф кој го направиле да не останат сами. И ги разбирам. Другиот избор е да му раскине. Ако му раскине, ја чека ситуацијата и заебанциите од погре. Треба да бара нов дечко, па каков ќе биде, па дали воопшто ќе го најде, може сингл да остане многу подолго време, што тогаш, што ако ја фати менопауза во меѓувреме? Ај тие од Скопје пак, замисли да си од Пехчево, колку опциите ти се сведени на минимум и колку пута 100 станува покомплицирана целата приказна? И баш затоа ја голташ кнедлата и влегуваш во врска, врска во која е и мнозинството.
Кога разубедував еден другар да не продолжи со една која мислев дека не е за него, одговорот му беше-"Ама со сите е така. Еве види го Перо, на пиво не може да го викнеме без да му одобри жена му. Види го Трајче, он работи, жена му ескивира, стално кога ќе и се спомне тоа прашање, дава одговор дека деца чувала дека имала ова и она, милион изговори само за да не пушти CV негде, а уствари не и се работи и овој пизди по цели денови по дома оти цел финансиски товар е на него. Види го Станко итн, итн..." Муабетот ми е поимањето на врските кај средностатистичниот фиромјанин е-Така е секаде, жена/маж е, тоа му/и е работа-да те нервира и сите имаат големи проблеми. И тоа е аксиоматски прифатено како универзална вистина. Е после имаш швалерации, разводи, избегавање на идење дома, расправии и тотални себекастрења до точка до која другар што не те видел некое време не може да препознае каков човек си станал, само што проблемот е што ти не си ја направил промената за да бидеш посреќен. Ти си ја направил за да не бидеш сам. Со гомна ќе се мачкаш, само да не останеш сам. Е до толку е моќен очајот и стравот од бидување несингл кај фиромецот, па и не само кај него.
Самотијата е тешко положение за справување. Ептен тешко е да се навикнеш на тоа, а уште многу потешко е да научиш да уживаш во неа. Ама па затоа има една голема предност. Ако ти тргне со самотијата, помали се шансите да згрешиш во избор на партнер. Тогаш, ќе влегуваш во врска само ако со личноста со која сакаш да влезеш во врска ти е поубаво отколку што ти е убаво и сам. Тогаш ќе си поставуваш логички прашања како-И сега ми е топ, дали со Трјанка ми е уште поарно? Дали си го задржав идентитетот откога сум со неа? Дали имаме слични интереси и допирни точки? Дали расправиите и недоразбирањата се минимални и тотатално подносливи? Дали трампата сам/несам вредеше? Ако научиш да уживаш во самотијата, без проблем можеш да раскинеш лоша врска, затоа што се враќаш пак на истата самотија во која пливаш супер. Нема што да те плаши, нема што да те очајува, нема да донесеш лоша одлука поради емотивно стање. А тоа е можеби и најбитното нешто што го научив во животот-Не се носат важни животни одлуки под емотивен набој. Па дури и емотивниот набој да е предизвикан од среќа и еуфорија додека цел си хај после најбољиот блоуџаб што некогаш си го имал. Особено не тогаш.
На крајот сепак е личен избор. Избираш да си сам/а отколку дај што даш или избираш дај шта даш само да не си сам/а. Легитимни се и двата избора. Лошото кај вториот избор е што обично иде со лагата кон себе и другите дека-Тоа е љубовта на мојот живот. Не е точно. Прво не постои такво нешто како-Љубовта на мојот живот. Во животот постојат само личности кои ти се помалку или повеќе компатибилни. Дури и ептен да се наредат коцките и да си најдеш ептен погоден некој можеш ли со гаранција да кажеш дека во Сиднеј, Сантијаго или Јоханесбург нема некој со кој би ти било и многу многу подобро. Ни шансите дека во радиус од 100 километра сигурно има уште барем неколкумина со кои повеќе би си одговарала од овој до тебе што е сега не се мали. Проблемот, барем во денешницата е што нема како да дојдеш до нив поради горепишаното. Нема да се сретнете, тоа е најверојатната опција.
Ама понекогаш, ретко, се дешаваат и такви чуда, а како последица на нив се створуваат и вакви прекраснотии од песни: