Хаха со така плукнат коментар на Кајгана е лесно да се биде светица. Во реалноста е друго. Еве ти два контрасти
Имаш добар 35 год. дечко кој на мува нема згазено. Мирно дете секогаш се трудел да помогне секому, не викал не за ништо. Одел на работни акции, Поплавите во Скопје, Црковни активности. Работи за 16.000ден. плата како помошник во една комапнија за обработка на дрво. Кога ќе го видиш убаво дете али животот почнал да си го зема данокот.
Проќелавени залистоци од нервози, Цврсти испукани дланки од тишлерајот и со пуштено пивско стомаче затоа што се рани со паштета од 10ден. салама од 80ден. и пиво во локална кафана пошто тоа му единствен бег од реалноста.
Сакал да заврши факултет ама не можел пошто сплет на околности. Останал да живее со неговите, тие на прв спрат тој на втор во една стара куќа од 54-та.
2 год штедел за Фиат Пунто од 1500€ кое го смета како личен успех затоа што го заработил со своја пот.
Сакал да замине странство ко помлад али пошто добра душа не му се оставале неговите. Сестра му се омажила и заминува во друг град. и на него се оставени татко му и мајка му. Неженет и без некоја светла иднина го тера животот помагајќи дома на своите и трудејќи се да се оправи во животот.
Интелектуално начитан, слуша Queen, не пуши цигари
Имаш лош 35 год дечко кој гази на се живо и диво. Татко му е еден од тие транзициските олигарси кои на времето отварија бизнис за обработка на дрво. Овај син му е газда на Фирмава. Има 20 вработени. Се понаша ко гојдо спрема нив. Може да им дава плата од 25.000ден. пошто имаат невероватно вносен бизнис али зошто да си крати од профитот кога тоа може да го направи на неговите вработени. и да им дава 16.000. Не дава К15 или ако ја даде, бара да му се врати лично на рака.
Никогаш не се загрижил за ништо во животот. Пицнат, дотеран, исончан, си има слободно време за теретани мускулчиња, провод по елитни локали...Врзан со локалната Власт фаќа Тендер за изработка на одредени производи кои на тендер ги добива за 400€ парче a за изработка чинат невероватни 2000ден. Колачот го делат со човек од Општината по принцип 60:40. Со профитот од Golf 5 прави Upgrade на Mercedes GLK од 12.000€ во рок од месец дена.
Не завршил Факултет пошто се заакал по Скопјето со грди друштва и ќе завршел во затвор за сообраќајка под пијанство во која осакатува една жена да не е татко му кој плаќа и подмитува да излезе прав и да се заташка сето тоа.
Има вереница која е од друг олигарх, ќерка на Раководител во Државна институција и тазе вработена наставничка во една школа. Секс Бомба и на иста партиска бранова должина. Заедно одат на партиски сотаноци во Општинскиот штаб. Кога не беа заедно овај ја вараше и се ебеше со една колешка од другиот град која е ќерка на пријател добавувач. Се дознава нештото пука веридбата. Дечкото е слободен.
И сега кој тебе вака ти делува подобар? Кај кого сакаш да влезеш во фамилија?
Кај тој добриот што работи за 16.000. Хајлајт на годината ќе ви биде одење на одмор во Охрид, неговите кога ќе допаднат ќе им менаваш пелени со гомна, ќе ти наклепа деца и ќе работиш во супер маркет на каса и ќе фрлиш 20 кила плус али ќе бидете среќни затоа што имате 2 деца кои многу ги сакате и тие ве сакаат вас. Само што не можете да си приуштите да им обезбедите среќна иднина. Двајцата сте со подадени документи за бугарски пасош и се надеваш кога ќе умре свекрва ти и ќе се одтарасите и од неа ќе смогнете сили да одите Германија таман децата ќе потпораснат.
Или кај тој мачото со Мерцедесот GLK кој ќе те носи 4-ти пати на море, Ќе живеете во Центар во 90м2 стан. Можда ќе те вара со некоја друга али тебе ти е гајле зошто секој ебан финансиски аспект ќе ти биде задоволен плус ќе имаш статутарен моќен и влијателен маж со кој ќе се товиш пред надворешниот свет. Ќе склепате едно дете на грешка и ќе го мразите и сакате зашто ќе ви биде единствена допирна точка која ќе ве држи заедно. Ќе се мразиш себеси за тоа што живееш пекол живот и секогаш ќе излагаш со маска на лице.