Зошто сте сами?

Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
743
Прибидејќи сум out of sync со реалноста ,треба човек да се синхорнизира со реалноста не да се гледа светот со розеви очила и daydreaming, a и не сакам проблеми,a girls are trouble .и повеќето се во шеми со сомнителни луѓе на кругови , a i vo kapitalizmot sto bi rekol montana,in this lousy world first you got money then yo got power and at last you got women, ali rabotam na slucajo
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Тебе, побратим, ако ти треба нешто материјално за да дојдеш до... „дунда“, значи ти не поседуваш никакви други квалитети и немаш што друго да понудиш за да најдеш девојка која ќе покаже интерес за тебе, а не за колата. Значи ти, освен спонзоруша, не можеш да дојдеш до ништо друго. За секое тенџерче - капак.
Абе дечките си се реални.Па уште да и кажиш дека живееш со родителите шансите да излезиш со девојката уште еднаш се сведени на минимум.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.364
Поени од реакции
38.337
Абе дечките си се реални.Па уште да и кажиш дека живееш со родителите шансите да излезиш со девојката уште еднаш се сведени на минимум.
цела Македонија ќе беа неженети да беше така
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161
Абе дечките си се реални.Па уште да и кажиш дека живееш со родителите шансите да излезиш со девојката уште еднаш се сведени на минимум.
Тебе ова ли ти е изговор?
 
Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.615
Поени од реакции
21.324
Ова можеме да го поделиме на два фактора: внатрешни и надворешни.

Во внатрешни се сите оние кои зависат од самата личност и кои во главно ги наброја авторот на темава во воведот од постот. Тие се генерално јасни и зависат од личност до личност и тука нема што да се задржувам. Само да додадам на тоа дека има луѓе кои намерно сакаат да бидат сами од лични прични.

Ќе се задржам на надворешните фактори, оние што не зависат од самата индивидуа. Тука, во Македонија, има неколку заебанци кои влијаат на ова прашање на самотијата.

Прво, проблемот е што самиот пристап е умешност а не дефинирани параметри. Нема конкретен патерн, формула, не е наука, не е нива па си знаеш дека ако сакаш да ти роди треба да ја изораш убаво, да посадиш семе, да ја наводенуваш, да употребиш инсектициди и останато. Може уште вечер дур одиш на роденден кај на братучед ти девојка му да улета некоја нејзина другарка да ти тргне комуникација и да завршиш во брак со деца, со слики на Инстаграм со хаштагови #сонцемамино, #chillinginpolihrono, #withmylove, а си тргнал на роденден на кој не си ни сакал да отидеш, него онака ај чест да направам, пола саат, една пијачка и бегам. Од друга страна можеш да се утепаш од пуштање на сва и свашта и многу тешко да оди. Многу варијабли се во игра, да се најдеш на правото место во правото време, да го погодиш местото, да ти се допадне на тоа место некоја девојка, ти да и се допаднеш на неа, да е сингл, да е расположена баш тогаш, други коцки да се наредат. Многу работи се оставени на коинциденција, на среќа.

Втората заебанција е што нема конкретен пазар за оваа работа. Ок, сингл си. Што сега? Од кај почнуваш со решавање на проблемот? За разлика од порано, Интернетот ја врши улогата на медијатор, на пазар помеѓу понудата и побарувачката. Посебно социјалните мрежи служат како посредници. Главниот проблем тука е што нема селекција и филтрација, па така на Тиндер e преполно со мажи-манијачишта, на Фејсбук исто така, напалени куртони кои пуштаат барања за пријателство и коментираат на се што има дупка. Но и да го тргнеме тоа на страна. На мрежите немаш како да стигнеш до преференци на тоа што го бараш. Не можеш да филтрираш-барам дечко од 25 до 30 години, со икс ипсилон физички и карактерни особини и Инстаграм да ти филтрира по key words и да те поврзе баш со такви профили. На запад има разни сајтови специјализирани за тоа, па има speed dating како концепт, па има тематски вечери во некои локали каде што се движат сингл луѓе или има локали познати по тоа дека излегуваат сингл луѓе што бараат некој итн.

Трето, кафичи, клубови, барови на запад се традиционално и под дефолт места каде што одиш да запознаваш луѓе. Кај нас не функционира тој модел, објаснето подетално тука:

Четврто, како старееш ти се намалуваат изворите од каде што црпиш познанства. Додека си средно/факултет знаеш милион луѓе, онаа, другарка и на онаа, прва братучедка на другарка и на онаа, се правеле кафани, седенки, друженки, еден ќе викне уште 2-3 тројца па секој со секого ќе се упознае ќе размени Фејсбук, телефон итн... Па ќе падне некоја мувачица, некоја посериозна врска, па ќе раскинете, па ќе упознаеш на колега од факултет друга другарка, па со неа некое време и се така. Движење има постојано, другарување и запознавање има што се вика на дневна основа. Е сега ако си имал среќа во тој период да налеташ на нешто што ти одговарало на тебе и си живеете хепи евер афтер, тогаш супер. Ама, ако не е тоа случајот, како минува време, кругот на луѓе се редуцира, се вработуваш, единствените нови луѓе кои ги упознаваш се колегите, другарите ти се мажат/женат, имаат деца и се намалуваат луѓето со кои се гледаш, а се намалува и времето на колку пати се гледаш и со тие малкумина. Изворите еден по еден си одат, тешко наоѓаш човек за на концерт да ти прави друштво од 2 саати а камо ли нешто друго.

Горе долу ова се надворешните фактори во македонското општество што влијаат на факторот-сингл.

Ако имаш среќа негде попатно да најдеш тоа што ти треба, се супер. Проблемот настанува кога нема да најдеш.

Очајот е многу моќно чувство. Очајот од бидување сам нарочито. Ако не си еден од среќните избраници ти остануваат две опции:
1. Избор на каков-таков партнер
2. Помирување и избор да останеш сам

Слободно можам да кажам дека ултратешкото мнозинство ја одбира првата опција. До сега во мојот adult живот сум бил на некаде 20-тина и нешто свадби. Дали за 2-3 вака неутрално од страна би кажал дека тие луѓе се компатибилни и треба да се во брак. Во главите на останатите се случува следново сценарио. Влегува полека во триести, за жени ова посебно важи, затоа ќе го земам од аспект на жена иако во голема мера важи и за мажи, само што тие не до толку катаклизмично реагираат на тоа. Сите другарки и се мажени и веќе почнуваат да раѓаат. Косата и побелува, се фарба сега веќе од што "мора" за разлика од порано кога и се експериментирало и сакала да си проба фризури. Желбата за мајчинство притиска, стравот дека ќе остане сама ствара анксиозност. Четирите фактори од погоре не и ја олеснуваат работата. Одеднаш, по некоја случајност се запознава со некој. Не е тоа што и одговара на нејзин personality. На помлади години сигурно би рекла не. Ама сега условите се поочајни. Па женско како женско направената одлука мора да си ја "израционализира" за да може мирно да спие. Па не е така лош, ќе го засакам/ќе ме засака, ќе се смени со тек на време (не се менува со тек на време), ај кога ќе родам и ќе стане татко (ни тогаш), абе судбина е не знаеш каков ќе ти се падне, нема идеално. Како мори како ќе ти се "падне"? Што е ова лото 7/39, гледам супер бинго, томбола?

Врската барала труд и работа, компромиси, откажувања. Булшит. Која и да ја одбереш на рандом освен ако не е тотална лудача ќе бара труд и работа. Во тој случај единствен критериум што треба да го бараш е да ти го дига. Компромиси правиш секој ден, на работа со колеги и претпоставени, со комшиите од куќен совет во зграда, со Мара од шалтер за издавање пасоши оти мораш за да си извадиш на време документи. Некои луѓе ти се пријатни, некои неутрални, некои органски не можеш да ги трпиш, ама тоа е работата и егзистенција, тоа се комшии со кои мора да решаваш секојдневни заебанции, тоа е Мара од шалтер преку која мора да поминеш ако сакаш пасош. Ако истото треба и со партнерот, тури му курот на животот. Идеално нема, ама ако анализирам повеќето од браковите што ги знам се непотребно тупење на самите себе и другиот, трејд оф кој го направиле да не останат сами. И ги разбирам. Другиот избор е да му раскине. Ако му раскине, ја чека ситуацијата и заебанциите од погре. Треба да бара нов дечко, па каков ќе биде, па дали воопшто ќе го најде, може сингл да остане многу подолго време, што тогаш, што ако ја фати менопауза во меѓувреме? Ај тие од Скопје пак, замисли да си од Пехчево, колку опциите ти се сведени на минимум и колку пута 100 станува покомплицирана целата приказна? И баш затоа ја голташ кнедлата и влегуваш во врска, врска во која е и мнозинството.

Кога разубедував еден другар да не продолжи со една која мислев дека не е за него, одговорот му беше-"Ама со сите е така. Еве види го Перо, на пиво не може да го викнеме без да му одобри жена му. Види го Трајче, он работи, жена му ескивира, стално кога ќе и се спомне тоа прашање, дава одговор дека деца чувала дека имала ова и она, милион изговори само за да не пушти CV негде, а уствари не и се работи и овој пизди по цели денови по дома оти цел финансиски товар е на него. Види го Станко итн, итн..." Муабетот ми е поимањето на врските кај средностатистичниот фиромјанин е-Така е секаде, жена/маж е, тоа му/и е работа-да те нервира и сите имаат големи проблеми. И тоа е аксиоматски прифатено како универзална вистина. Е после имаш швалерации, разводи, избегавање на идење дома, расправии и тотални себекастрења до точка до која другар што не те видел некое време не може да препознае каков човек си станал, само што проблемот е што ти не си ја направил промената за да бидеш посреќен. Ти си ја направил за да не бидеш сам. Со гомна ќе се мачкаш, само да не останеш сам. Е до толку е моќен очајот и стравот од бидување несингл кај фиромецот, па и не само кај него.

Самотијата е тешко положение за справување. Ептен тешко е да се навикнеш на тоа, а уште многу потешко е да научиш да уживаш во неа. Ама па затоа има една голема предност. Ако ти тргне со самотијата, помали се шансите да згрешиш во избор на партнер. Тогаш, ќе влегуваш во врска само ако со личноста со која сакаш да влезеш во врска ти е поубаво отколку што ти е убаво и сам. Тогаш ќе си поставуваш логички прашања како-И сега ми е топ, дали со Трјанка ми е уште поарно? Дали си го задржав идентитетот откога сум со неа? Дали имаме слични интереси и допирни точки? Дали расправиите и недоразбирањата се минимални и тотатално подносливи? Дали трампата сам/несам вредеше? Ако научиш да уживаш во самотијата, без проблем можеш да раскинеш лоша врска, затоа што се враќаш пак на истата самотија во која пливаш супер. Нема што да те плаши, нема што да те очајува, нема да донесеш лоша одлука поради емотивно стање. А тоа е можеби и најбитното нешто што го научив во животот-Не се носат важни животни одлуки под емотивен набој. Па дури и емотивниот набој да е предизвикан од среќа и еуфорија додека цел си хај после најбољиот блоуџаб што некогаш си го имал. Особено не тогаш.

На крајот сепак е личен избор. Избираш да си сам/а отколку дај што даш или избираш дај шта даш само да не си сам/а. Легитимни се и двата избора. Лошото кај вториот избор е што обично иде со лагата кон себе и другите дека-Тоа е љубовта на мојот живот. Не е точно. Прво не постои такво нешто како-Љубовта на мојот живот. Во животот постојат само личности кои ти се помалку или повеќе компатибилни. Дури и ептен да се наредат коцките и да си најдеш ептен погоден некој можеш ли со гаранција да кажеш дека во Сиднеј, Сантијаго или Јоханесбург нема некој со кој би ти било и многу многу подобро. Ни шансите дека во радиус од 100 километра сигурно има уште барем неколкумина со кои повеќе би си одговарала од овој до тебе што е сега не се мали. Проблемот, барем во денешницата е што нема како да дојдеш до нив поради горепишаното. Нема да се сретнете, тоа е најверојатната опција.

Ама понекогаш, ретко, се дешаваат и такви чуда, а како последица на нив се створуваат и вакви прекраснотии од песни:

Да надополнам неколку работи од ланскиот пост. Момци, ако сте фини дечки, влегувате во 30-ти и одеднаш почнуваат некои девојки на таа возраст да се интересираат за вас, не сте станале одеднаш поубави или поинтересни или похаризматични. Во главно тоа е објаснето тука
Нешто слично како и со муабетот со бившите. Ги знаете оние момци што влегуваат во френдзоната, што ги имаше на мемиња по 9гаг, редит медит? Сум видел како излегуваат од френдзоната и конечно ја добвиаат жеснката што им се свиѓа. Ама во 30-ти години. Од кога она се изнаживеала, изнаебала со се што сакала а понекогаш и не сакала. Он секогаш стоел тука како златна резерва, и сите планови да пропаднат и ниеден асален да не се најде Перо е барем фин ќе ме гледа како кралица и барем од таа страна сум обезбедена. Дечки кога ќе дојдете на 30-ти, не се изненадувајте ако девојки на кои порано сте им се пуштале и не ве ебавале почнуваат да ве контактираат. Женско не заборава кој бил заинтересиран за неа низ годините и откако ќе се изнаужива, ќе проба да чукне на врати на кои има најголема статистичка веројатност за отварање. И исто како и со бившите, максимална внимателност ако се најдете во таква ситуација, не дозволувајте да и бидете шлагот на тортата во нејзиниот љубовен живот, хепи ендот што го сака или што може и го нејќе, но со кој мора да се помири. Посебно ќе го приметите тоа, ако почнува да нафрла мубает на теми брак, прво од околу и демек случајно а после и се поинтезивно. Немојте да мислите дека вас ве избрала затоа што вие сте љубовта на нејзиниот живот. Објаснето во пасусот со економската логика на функционирање на жените тука

Јас тоа го нарекувам Форест Гамп ефект. Спојлер алерт за понатаму. За тие што не го гледале во филмот Форест Гамп кој е лице со пречки во менталниот развој цел живот ја сака Џени од моментот кога ја упознава во основно. Во меѓувреме Џени го френдзонира, оди у хипи атеобудистички живот се дрогира, се ебава и во еден таков момент на очај, изфиксана, изебана од некоја н-та бараба, решава да скокне од балконот на барабата и да заврши со се. И дури е веќе качена на гелендер пред да скокне и текнува дека има еден идиот што секогаш ќе ја прифати и сака и после се, му иде на Форест Гамп го жени и му раѓа дете. Секако во филмот тоа е претставено романтично, се удира на емотивен ефект за нас како публика да ни се стоплат срцата и да кажеме-Ооо душички љубовта на крајот победува и си го наоѓа патот. Но ако го погледнеме тоа рационално без нашминканите сценски ефекти и романтики останува заклучокот дека Форест Гамп е стварно идиот. Не дозволувајте да ви се случи Форест Гамп ефектот, не бидете идиоти, кога ќе влезете во 30-ти и ако почнат да ви се случуваат вакви некои работи, внимателно.

Да се вратам на главното прашање на темата. Пак ќе се повторам-Ако сакате да си ги зголемите шансите дека нема да завршите со погрешен човек, научете се да живеете сами, да сте си доволни сами. Ако го победите очајот и стравот од самотија, ќе ставите полесно крај на сите лоши врски кои ќе ви се појават на патот. Работите ќе ги рационализирате, ќе анализирате дали со Перо, Трајче, Станка, Златка ви е убаво затоа што сте компатибилни и имате слични погледи и насоки или само затоа што ти се испразнети ташаците па другото и не е толку битно. Од друга страна ако ви остане тој страв и очај во поголемиот процент вината за лошиот избор паѓа на вас. Со каков год идиот или опајдара да сте биле, вие не сте знаеле да направите избор, не сте ја процениле ситуацијата добро, не сте одвоиле време објективно да анализирате што у ствари ви се случува во врската. Од тие причини мислам дека прашањето е погрешно и води во многу погрешна насока. Да си сам е дефолтниот моуд на постоење, не можеш (во секој момент) да бираш дали ќе бидеш со некого, ама затоа секогаш можеш да одбереш да бидеш сам. Се раѓаш сам, умираш сам. Вистинското прашање што треба да си го поставите не е "Зошто сте сами" туку "Зошто сте во врска/брак"?
 
Нешто како последна шанса за да не умреш сам? Ја има таа појава и кај мажите, без бриге.
Јас досега немам чуено некоја да му отишла на некој кој не ѝ е воопшто привлечен во ниеден поглед, само затоа што, ете, се нема со кој. Тргнувајќи од себеси, сум имала прилика да бидам со луѓе со кои знам со сигурност дека би била третирана како кралица, ама узалуд кога нема хемија. И колку пати треба да потенцираме дека френдзоун не е поради што си фин, него поради тоа што не си ѝ привлечен на цурата.
 
Еден куп имам такви врснички примери, цел живот сами 27 години никој не можеше да им го освои срцето нивно скапоцено и одеднаш ја најдоа љубовта на нивниот живот, некој 34 годишен што после два муабети ставаат свршенички прстен и се земаат.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Сѐ лаги и превари, затоа ќе си умрам сама и 20те мачки што ги имам ќе ми го изедат трупот. :(
Ѕвони ми кога ќе доаѓаш накај Скопје. Јас знаеш дека не те лажам за ништо и те сакам! :D
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161
Еден куп имам такви врснички примери, цел живот сами 27 години никој не можеше да им го освои срцето нивно скапоцено и одеднаш ја најдоа љубовта на нивниот живот, некој 34 годишен што после два муабети ставаат свршенички прстен и се земаат.
Никогаш не можеш да знаеш, може почувствувале нешто со таа личност што никигаш не почувствувале со друга.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.364
Поени од реакции
38.337
Никогаш не можеш да знаеш, може почувствувале нешто со таа личност што никигаш не почувствувале со друга.
Курац почувствувале, имам и други примери, колешки од факултет што ме одбивале кога сум бил помлад, после кога стигнавме 4та година, ќе ти пише кај си што правиш добар си? Да се видиме? Па кога ќе се видиме одоколу ќе те испитува каква ти е врската што ја имаш како ова како она. Некоја што пичката не ја болело за тебе 4 години и одеднаш кога треба да се врати дома у градчето свое почнуваат пеперутки да и летаат?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom