Како што ветив на една друга тема, а бидејќи не можев да ја најдам онаа со најголемите грешки што ги прават прават мажите ќе пишам тука. Како што многу пати имам напишано, во љубовниот дел од машко-женските односи, мажите се тие што ги прават поголемите грешки.
Овој пост ќе биде сумација од повеќе мои постови кои сум ги пишувал на оваа тема предимствено тука
http://forum.kajgana.com/threads/Мажите-преферираат-глупави-жени.60909/page-22
тука
http://forum.kajgana.com/threads/Какво-однесување-ги-привлекува-жените-или-sussaro-style-против-Шкорпион-style.65163/
тука
http://forum.kajgana.com/threads/Како-да-се-освои-и-задржи-женското-внимание.66010/page-26#post-5659932
тука
http://forum.kajgana.com/threads/Како-би-реагирале-кога-ќе-дознаете-дека-бившата-девојка-спиела-со-друг-И-тоа-од-нејзе.65975/page-4#post-5611044
и тука
http://forum.kajgana.com/threads/Вистинска-љубов-постои-ли-Како-би-ја-познале.2477/page-8
Значи одиме, кои се најголемите машки грешки и зошто се прават?
Илузијата на сопственост
Фаќаш девојка и се заодувате. После некое време, обично се неколку месеци, во твојата психа се створува нереална илузија дека девојката е твоја сопственост. Бидејќи има секакви идиоти да се дообјаснам, под тоа не подразбирам робинка или покорна следбеничка, туку кај тебе се раѓа слика дека ти полагаш привилегија на ексклузивитет како љубовник и дека нејзиното внимание, нејзината љубовна посветеност и секако нејзините цицки, гз, пичка се твои. Ти знаеш дека не се, но тоа сознание со тек на време го ставаш во некој подрум на мозокот.
Тоа е исто како некој упаљач што денес сте го купиле. Денес знаете дека е на масата во дневна затоа што таму го оставивте. Утре мислите дека е некаде во кујна затоа што палевте плинско. За 3-4 дена тотално го заборавате упаљачот, се присеќавате на него само ако некој ве потсети и се што знаете е дека-Упаљач има тука некаде во куќава. И тогаш доаѓа денот кога упаљачот стварно ви затребува, а немате алтернатива друга во моментот. Почнувате да го барате очајно насекаде, но залудно. Заклучувате дека тој упаљач никогаш не ни постоел, а и да постоел, загубен е засекогаш.
Она никогаш нема да биде твоја, туку само своја. Правото на чии раце освен нејзините ќе и ги месат цицките е само нејзино. Ако таа сака да ти го даде ексклузивитетот, ќе ти го даде, а не ти да си го земаш тоа право како здраво за готово. А жена како жена нема да ти го даде тој ексклузивитет, само секако тоа ти нема да го знаеш, а она дефинитивно нема тоа да ти го каже. А кога ќе го дознаете тоа на потешкиот начин, почнуваат патетиките и глупостите. Наравоучение-Ако сте пушач и несоничар секогаш памтете каде ви е упаљачот. Ако сте со девојка, исто е како да сте во изнајмен стан. Сопственоста е привремена и во секој момент променлива по желба на сопственикот. Дополнително четиво за оваа потточка
http://forum.kajgana.com/threads/Нов-почеток.66277/#post-5645305
Мојата е 1 во 1000
На некои машки им се јасни како одат работите. Секако има тука градски деца кои биле и на улицата и ги знаат законите. Ама машко има лоша тенденција на заљубување и пристрасност кога ќе фати женска. Па следи онаа вечна реченица-Абе знам ја што змии се, ама мојата не е таква, да видиш само како ме сака, не ме нервира, не ми се качува на глава, не се расправа за глупости. Мојата е 1 во 1000, 1 во милион. Да се разбереме една работа. Постојат такви ретки женски примероци 1 во 1000. Шансите баш твојата да е таква е колку што е и шансата на Перо комшијата да е таква или на Стојче колегата од работа. А тие шанси се, well you guessed it right, 1 во 1000. Колку и ТИ ДА МИСЛИШ дека твојата е посебна, на крај на ден ти си глупо заљубено машко а она е жена. Во казината the house always wins, а во љубовта жената. Да не биде после онаа легендарна песна од Д Далтонс-Ти си една у иљаду а ја у тебе иљаду и први, је је иљаду и први
Само сељанките сакаат сељаци
Овој аргумент најчесто го употребуваат жените, а мажите наседнуваат на тоа. Демек оние простине глупи сељанки што се фарбаат плави и гледаат Езел се палат на сељаци, они се курвите, ороспиите, кога Сусаро пишува мисли на нив, но тоа не значи дека треба да се генерализира и да ги земаме баш нив како претставнички на цел женски пол.
Ок, жените мрднаа од мртва точка не викам не. Почнуваат да се образуваат, да се опаметуваат, да сфаќаат дека не треба цело време како чавки да гракаат глупости, почнуваат да стануваат експерти во своја бранша и да имаат општа култура за светот околу нив. Под светот околу нив не подразбирам разбирање за новата фарба за коса на Шварцкоп и Хенкел или новата програма во Бершка и Каљопе. Ова се сеуште baby steps, со надеж дека ова темпо ќе продолжи и понатаму, иако се секако далеку од она ниво на дискусија што на пример се случуваше на форумов на темите како Трансхуманизам, Масони, 5-те докази на Тома Аквински итн...
Но да се разбереме една работа, нејзината магистерска титула не ја менува нејзината ментална конституција како жена. Баш напротив сум кажал и неколку пати, токму оние кои се попаметните се многу посклони кон ороспијашење и други превари, па дури и не се кријат како што прават сељанките. Обично по некој си автоматизам а малце прочита нешто плус во животот и стекне образование одма ги фаќа некој (про)либерал-феминистички идеал-Јас сум самостална единка, мене не ми треба маж да ми кажува што да правам, мое тело-моја одлука, ќе се ебам со кого сакам, кога сакам, како сакам, кој мисли поинаку е заостаната машка балканска мачо свиња.
Оние ''поуметничките души'' дури и го возвишуваат тој момент. Преку разновидното телесното истражуање на внатрешната сексуалност се остварува едно возвишение поврзано со целото наше битите и внатрешна енергија, каде што оргазмот добива и една космичка димензија. А, пази ама толкување? Во прост превод-Си се ебакам на велико и убаво ми е. Ама друго е кога сето тоа ќе ти се нашминка и издроби за ти да го сркнеш, а ти го сркаш за да не бидеш прост, заостанат.
Да децо, во денешно време се што не се поклопува со женските ороспијашки настројенија е окарактеризирано како заостанато и идиотско. Страшно е што и машките паѓаат на овие финти-Што е битно со колку била, битно сега е со мене, Ја пуштам да оди ако стварно била моја ќе ми се врати и слични глупости кои се адекватни на автоупуцавање во колено.
Паметна, глупа, сељанка, софистицирана, кафекуварка или ректорка на универзитет во сржта на женската среќа е мажот или поточно кажано мажите, затоа што еден никогаш не е доста. Сто пати сум кажал дај и го на жена целиот свет, сите пари, цела моќ и власт, под услов ниедно машко никаде и никогаш да нема интерес за неа и таа многу бргу ќе пропадне. Телесно и духовно. Образовнието не ја прави жената-нежена. Основата и темелите се тие, катовите може да се надрградуваат, фасадата да се менува.
Погрешна логика на реципроцитет
Ама сум ја гледал како кинеска краљица, 5 години влакно не и фалеше, у сите тешки моменти и се најдов, никогаш за ништо не беше навредена, повредена, душата и ја дадов и на крај фрли се во вода и отиде со сељакот.
Децо, најбитната работа што треба да ја запамтите за жените е-ТИЕ НЕ ФУНКЦИНОИРААТ ПО МАШКА ЛОГИКА. Ти како машко се водиш по тој принцип на чест, достоинство, почит. Ако ти помогнал-помогни му, ако ти се нашол во тешко-најди му се во тешко, ако те цени како другар без разлика кој си, што си, колку пари си имал или немал во џебот-цени го и ти така. Машките што одстапуваат од тој принцип ги викаме педери, жените кои отстапуваат од тој принцип ги викаме едноставно-жени. Постоеше еден ритуал кај едно ако не се лажам афричко племе-Ако не рипнеш врзан со јаже од околу 10 метра висина, ти немаш право да се наречеш маж. Секој маж таму тоа го осеќа како должност да го направи, и како срам ако не го направи. Тебе како Македонец тој ритуал ти значи колки и ситуацијата во Северна Кореа. Епа се што си вложил во таа врска, за нив е Северна Кореа. Не се чуди зошто е тоа така, како може да се такви итн... Едноставно се такви, прифати го тоа како факт и постави се соодветно на ситуацијата. Втор пат ако се заебеш на иста логика значи си глуп. Подоцна ќе анализираме по кои принципи се водат тие.
--- надополнето: 4 септември 2013 во 17:19 ---
Не разбирањето на економската логика на функционирање на жените
Вие работите во некоја фирма и земате 200 евра плата. Ви се јавува друга фирма и ви вика да одите кај нив и ќе ви даде 600 евра плата. Што ќе направите? Ќе одите кај втората фирма нормално. Е сега замислете дека првата фирма била супер коректна со вас, сте имале супер колеги и претпоставени, биле полни со разбирање ако нешто сте отсуствувале поради приватни причини итн... Би ја прифатиле втората понуда? Тука си правите калкулации-Абе да беа 50-100 евра па да размисли човек дали да остане, ама за 600 евра што има да се мислам. Нормално вие ќе се испоздравите најкултурно, ќе им земете бројчиња на сите, ќе се изнагушкате дури и изнаплачете последниот ден. Приказнава ви е јасна нели? Или сте ја доживеале, или некој ваш близок ја дожиеал, добро може не со толку драстични разлики во плати ама сепак не е нешто што не се случува и тоа често.
Епа како тогаш не ви е јасно кога девојката ве напушта и покрај тоа што сте биле максимално најдобар со неа? Затоа жените се поуспешни на поле љубов од мажите. Затоа што тие се водат строго по економска логика и бизнис, штитејќи си го единствено
сопствениот интерес. Додека снесува кокошката јајца, чувај ја. После тоа заколи ја изеди се што може од неа, и земи друга кокошка.
Една и единствена причина зошто е она со тебе е затоа што сеуште го има интересот. Е сега тука малку се замрсуваат работите. Интересот не значи дека е строго финансиски иако многу често е. Знаете вие некој богат што не ебел одамна, и не само тоа, знаете ли некој што не ебел разноврсно? Меѓутоа не значи дека постои само финансиски интерес. Познавам девојка којашто имаше дечко чиишто татко беше професор на факултетот каде што таа студираше и секако му раскина бргу по дипломирањето. Ако тука некој му текне да се запраша-Па добро кај и е образот, одговорот е-Го нема. Ако и надаље се чудиш зошто го нема наврати се на примерот на афричкото племе погоре. Интересот може да биде и забава. Жени имаат различни тригери пример: да си интересен, хумористичен, дружељубив, таинствен, интелигентен, заеднички интерес за планинарење и слично. Ама еден ден ќе те знае. Еден ден она ќе те знае доволно. Ти ќе станеш превидлив, дури и ако си по правило непредвидлив токму твојата непредвидливост е предвидлива. Еден ден ти веќе не можеш да бидеш посмешен, поинтересен, подружељубив, потаинствен, поинтелигентен од она колку што си. Еден ден може ќе осиромашиш, она ќе заврши факултет. И ништо од ова да не биде, еден ден ќе се појави подобра конкуренција од тебе. И да не биде подобра конкуренција од тебе, и да биде многу, најмногу полоша, барем е нов, непознат, интересен. И тука ти си готов. Тука си сјебан, тука џабе ти е се. Единственото нешто што може да те извади во ситуацијата е твојот непокор. Што е тоа ќе објаснам во следниот пасус. Да се разбереме жените на 3 дена кратат нокти па прават надградба на истите, кратат коса па пак ја пуштаат на истото ниво, ја фарбаат, па ја префарбуваат, купуваат нови штикли иако дома имаат 20 пара од кои 10 никогаш не ги облекле. Ако ги прашаш зошто одговорот секогаш е ист само со различни варијации на истиот-Досадно ми беше; Малце да сменам; Си станав досадна сама на себе; Монотоно беше се тоа па тоа...
Ти не си ништо поразлично. Ти си нивната коса, нивните нокти, нивните штикли. Ти си само алат, чеканот со која она ги кове клинците. А кога ќе ти се скрши или трајно отапе чеканот го фрлаш и купуваш нов. Не плачеш по него, немаш чувства за него, го забораваш скоро инстантно после купувањто на друг чекан, а тоа е скоро веднаш од кога ќе го фрлиш стариот, се што максимум можеш да кажеш е-Добар чекан беше, ми заврши многу работа ама толку му беше, одиме нов. Ете тоа си ти во нејзини очи. Ништо повеќе, ништо помалку-алат, средство, помагало во остварувањето на нејзиниот интерес и нивната пријатност на душичката.
АМА ОНА МЕ САКА. Секој ден ми пишува во пораки цуци-буци, рече дека ќе се омажи за мене и дека ќе ми роди деца, сака да биде со мене до крајот на животот.
Не биди глуп. Она МОМЕНТАЛНО е во тој емотивен стадиум на животот кога сака права коса, односно кога сака да има некого на кого ќе му пишува цуци-буци, ******, те сакам. Стањето е менливо како пелена. А што, сакала и брак? Тоа значи дека е во стадиум од животот кога ја притискаат мајчинските инстинкти и сака да си го уозбили животот. За тоа и треба сопруг. Нормално, она си има дефинирано критериуми за сопруг и тоа не може да биде секој. Ама тоа не значи дека и други не ги исполнуваат тие критериуми и дека те сака баш тебе. Ако те сака тебе, ти треба да и бидеш побитен од некое си глупо парче хартија потпишано на матично. Кажи и дека не си спремен уште за брак (но тоа не значи дека не ја сакаш и дека нема никогаш да стапиш во брак) и ќе завршиш како јунакот во приказната на Антоние
http://forum.kajgana.com/threads/Феноменот-Раскинување-на-долга-врска-веднаш-започнување-на-нова-врска-и-веднаш-брак.54164/#post-4423212.
Само затоа што ти ги задоволуваш критериумите за брак и дете, затоа што она е во тој стадиум на бракомајчинство, и затоа што се погодило ти да и се најдеш на патот, тоа воопшто не значи дека она тебе те сака или дека ти си посебен за неа. Нејзиното-Те сакам во превод значи, ти исполнуваш голем дел од мојот интерес (но само) во овој даден момент, тука и сега. А утре, утре е нов ден. Жените немаат тврди принципи на раководење. Се е тоа аморфна супстанца, смола на дрво, мед пред шеќересување. Сите нивни правила кои ти мислиш дека ги имаат се со рок на траење. Краток рок на траење. Затоа размислете се пред женување дали цел град не ја возел а ти како најпаметен си нашол да ја регистрираш.