Очекував и посилна кампања да има, да влезе агресивно и да мава директно и јако, ама некако ми е без енергија, резервирано и исплашено.
Таа мора да води безбојна кампања, да не иритира гласачи (шарени, Албанци) да се мобилизираат против неа. А одат со математика дека дел од десни гласачи нема да можат никако да ги придобијат, а дел ќе гласаат барем во втор круг за неа за да изгуби СДС.
Затоа кога го пратија Саше да ја провоцира, таа одговори дека не и се допаѓало многу СК2014, таа е за нешто модерно да се гради.
За валкани работи и агресивно одење на Шилегов е задолжена партијата. Кандидатката треба да остане чиста, позитивна, безбојна, другото треба ДПМНЕ да го заврши. Шилегов е агресивниот, некултурниот, а таа е фина, вредна, симпатична, културна.
Тоа им е кампањата.