Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
6 септември 2007
Мислења
8.193
Поени од реакции
8.277
The Guilty е досаден филм. Не знам дали е буквално копиран од данскиот, ама ако е така нема шанси тој да го гледам.
Ич не сакам да гледам филмови во кој цело дејствие се одвива во една соба и целото дејствие е околу еден актер.
Да внесеа малку сцени во филмот од тоа како го наоѓаат малиот со сестра му, па како ја апсат женава па ај да речеш...ама вака изгледа ко да е ептен ефтин филм. 5/10
све исто нема разлика
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.872
Поени од реакции
23.387
Го немам гледано филмов. Може да ми го смени мислењето за една сцена-филм.
Ама еве The Guilty, а ми текнува и на American Son и двата снимени во една сцена, и двата досадни. Оној American Son е еден од најдосадните филмови кои ги имам гледано. Не би рекол дека The Guilty беше толку досаден како него, ама не ми пружи некое уживање за да кажам добар филм.
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328

А овој?

Џ

Џонтра Волта

Гостин

Овој е буквално у една соба, 12 поротници расправаат дали да осудат човек или не.
Врвен филм, и самата оценка го кажува тоа. Нема утка.

Х8фул 8 на Тарантино вака од прва што ми текнува на филм чие дејствие се одвива на едно место.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.872
Поени од реакции
23.387
Нихт. Aма гледам го има на јутуб. Може вечер да го пуштам.
Како и да е, ми изгледа далеку посодржаен од тие два филма кои ги споменав.
Гледам тука банда актери.

Овој е буквално у една соба, 12 поротници расправаат дали да осудат човек или не.
Врвен филм, и самата оценка го кажува тоа. Нема утка.

Х8фул 8 на Тарантино вака од прва што ми текнува на филм чие дејствие се одвива на едно место.
Hateful Eight го немам гледано ама според трилерот истотака е далеку посодржаен од The Guilty.
Исто за 12те поротници, банда актери за разлика од филмов на Jake Gyllenhaal.
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
9.116
Поени од реакции
25.178
Мислам дека и овој спаѓа во таа категорија.
Дури во овој филм, освен последната сцена, мислам дека во цел филм нема никаква музика.
Али затоа глума, дијалог, сторија.. предобар филм, предобар!

Член од
7 јули 2013
Мислења
1.794
Поени од реакции
11.741
Кога сме кај филмови сместени во една соба вреди да се спомне и Glengarry Glen Ross. Врв филм, сценарио, глума, монолози и дијалози се е перфекција.

Нормално и Breakfast Club, многу добар филм.
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Сериозно не ви текна на Rear Window и Rope? (n)o_O
Јас па воопшто не го перцепирам Rear Window како one-room drama, освен што е Џејмс Стујарт во собата, друго ништо не се случува во собата. Затоа па ни овој The Guilty не го перцепирам како таков.

Инаку и Autumn Sonata би го препорачала, ама е релативно потежок филм, јас барем не би го гледала за забава и релаксација.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom