Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Да бев во тој филмскиот клуб ќе го предложев, мислам дека е доста потценет и од аспект на (не)популарност/анонимност
За да бидеш во клубот, се што треба е само 1 филм да гледаш и да напишеш рецензија. Ама сепак јас не би го предложил Triangle. Не дека е лош филм, напротив, и јас уживав кога го гледав. Еве гледам дека со 8/10 сум го оценил. Туку дури 21 личност од тие кои ги следам на LB, од кои повеќето од тука, веќе го имаат гледано. Значи не е така непопуларен.
 
Да бев во тој филмскиот клуб ќе го предложев, мислам дека е доста потценет и од аспект на (не)популарност/анонимност и по оценката од 6.9 на ИМДБ.
Мислев којзнае каков нечуен филм е ова некој студентски режисерот од џеб што си го платил со рачна камера што го снимил, па и со Сизиф уводот мслев нешто ко оној Лајтхаус. Отварам глеам 20 души јас само што ги следам го глеале. Не се мачи у клубот да го даваш сите веќе го имаат гледано. Џонтра дури и 2ка му има ставено, солидно.

А да, Крис Хемсворт, исто така.
 
За да бидеш во клубот, се што треба е само 1 филм да гледаш и да напишеш рецензија. Ама сепак јас не би го предложил Triangle. Не дека е лош филм, напротив, и јас уживав кога го гледав. Еве гледам дека со 8/10 сум го оценил. Туку дури 21 личност од тие кои ги следам на LB, од кои повеќето од тука, веќе го имаат гледано. Значи не е така непопуларен.

1 болд. Немам дисциплина и ќе забушавам.

2 болд. Види подолу.

Мислев којзнае каков нечуен филм е ова некој студентски режисерот од џеб што си го платил со рачна камера што го снимил, па и со Сизиф уводот мслев нешто ко оној Лајтхаус. Отварам глеам 20 души јас само што ги следам го глеале. Не се мачи у клубот да го даваш сите веќе го имаат гледано. Џонтра дури и 2ка му има ставено, солидно.

А да, Крис Хемсворт, исто така.

Да, се согласувам. На моменти заборавам дека вие тука не сте баш репер за секојдневен човек кој си гледа филмови онака, што на торент, што на Нетфликс, што во кино... Дека малце повеќе попасионирано имате пристапено на тематиката и дека треба да е стварно некоја утепана продукција, со рачна камера како што викаш па да постои веројатност некој филм не е гледан. Мада овој стварно беше некоја чудна продукција, непознат режисер и глумци. А од друга страна дебело заостанувам со гледани филмови.
 
Netflix направиле римејк на данскиот The Guilty , беше кандидат за Оскар и европска филмска награда, со Џејк Гиленхал во главна улога. Не се сомневам дека е полошо од оригиналот, ама сепак би го ѕирнал. Го гледаше ли некој од вас?
 
@Sussaro

Ако го немаш гледано, гледај го Coherence, интересен филм многу сличен на Triangle. Супер возење е, чим ти се бендисал Triangle, сигурно ќе ти допадне и Coherence.
 
Netflix направиле римејк на данскиот The Guilty , беше кандидат за Оскар и европска филмска награда, со Џејк Гиленхал во главна улога. Не се сомневам дека е полошо од оригиналот, ама сепак би го ѕирнал. Го гледаше ли некој од вас?
Јас не, ама за Гиленхал би го гледала. Само не сега, уште ми е свеж данскиот.
 
Netflix направиле римејк на данскиот The Guilty , беше кандидат за Оскар и европска филмска награда, со Џејк Гиленхал во главна улога. Не се сомневам дека е полошо од оригиналот, ама сепак би го ѕирнал. Го гледаше ли некој од вас?
Јас го немам гледано данскиот, така да можно е да го пуштам вечерва да го изгледа, па ќе споредуваме американско/дански импресии. :D
 
Netflix направиле римејк на данскиот The Guilty , беше кандидат за Оскар и европска филмска награда, со Џејк Гиленхал во главна улога. Не се сомневам дека е полошо од оригиналот, ама сепак би го ѕирнал. Го гледаше ли некој од вас?

само јас и @Комита Ултрас сме го гледале од тука, све исто со данскиот од а до ш, убаво вика корвус ептен брзо направен римејк, толку да се нема идеии да се направи нешто оргинално ти е.ам нетфликсот

Од Нетфликс ме изненади Кате интересно акционо филмче
 
Netflix направиле римејк на данскиот The Guilty , беше кандидат за Оскар и европска филмска награда, со Џејк Гиленхал во главна улога. Не се сомневам дека е полошо од оригиналот, ама сепак би го ѕирнал. Го гледаше ли некој од вас?
Само што го изгледав, добра глума :)
 
Не знам типот во данскиот како глуми, али Гиленхал изгази за сите пари.
Филмот онака, те држи во неизвесност, ама не е ништо посебно.
 
The Guilty е генерално ок филм, али ништо посебно. Го пуштив само ради Џејк, и искина во филмот. Читам коментари дека Данскиот е многу подобар, ќе го гледам деновиве.
 
The Guilty е досаден филм. Не знам дали е буквално копиран од данскиот, ама ако е така нема шанси тој да го гледам.
Ич не сакам да гледам филмови во кој цело дејствие се одвива во една соба и целото дејствие е околу еден актер.
Да внесеа малку сцени во филмот од тоа како го наоѓаат малиот со сестра му, па како ја апсат женава па ај да речеш...ама вака изгледа ко да е ептен ефтин филм. 5/10
 
све исто нема разлика
 
Го немам гледано филмов. Може да ми го смени мислењето за една сцена-филм.
Ама еве The Guilty, а ми текнува и на American Son и двата снимени во една сцена, и двата досадни. Оној American Son е еден од најдосадните филмови кои ги имам гледано. Не би рекол дека The Guilty беше толку досаден како него, ама не ми пружи некое уживање за да кажам добар филм.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom