- Член од
- 12 март 2009
- Мислења
- 20.157
- Поени од реакции
- 16.296
кај живееш ?? ... со 13г купуваат невести, со 16 веќе легално со дозвола на родителите склопуваат брак...Токму тоа ми беше инспирација за напишаното. Во кампов иделе деца над 16 години...16,17 и 18 години воопшто не се наивни години за да не можеш барем малку да расудиш што е ок а што не е.
Да си ги бојам гениталиите и да оставам отпечатоци од нив на хамер, да идам топлес, да идам на натпревар за најубави гради и сето тоа да ми изгледа нормално на 16 години, не е ок. Мене би ми било понижувачко и деградирачко во најмала рака. Не сакам да верувам дека од сите деца што иделе таму, ниту едно не се нашло во сите тие години за да каже дома на родителите.
Не ми се верува ни дека ниту еден родител толку години не се заинтересирал да не ја читне програмата. Ај еве не ја знаеле програмата, затоа што со години наназад детето го пуштале таму (со претпоставка дека не се педофилски настроени од 2011 год)...ама насловот бе Златко? Па толку ли нема да се дознае во текот на тие 11 години од некој во градот?
Не знам, моите и ден денес кога разговараме знаат кога нешто не е океј со мене. Дури и по телефон. Едноставно по гласот ме познаваат.
Патем, пролетва излезе на ФБ, еден женски неделник на големо ја промовираше младата мајка од Струга која со 18г роди 3то дете, првото со 15г ( нормално сексот почнал порано, од 12 - 13г )... сега некој коментираа тоа е педофилија ( партнерот бил 6г постар) а таа се брани, ама они се сакале ...