Фала на сите за одговорите и што конечно се разви дискусија на темава. Долго време барав искуства и рецензии за панеливе ама најчесто наоѓав само текстови од самите производители.
И јас размислувам да земам барем едно за проба, сакам да земам од тој сајтот што го постирав. Исто и кај мене дневната е околу 40 и кусур квадрати. Имам и уште 2 соби, купатило и ходник. Изолација има добра, 10 цм стиропор фасада, но има доста прозорци. Од Али не би земал поради немање на гаранција, трошоци за транспорт, царина итн. итн..
Ова е буквално на ист принцип, инфрацрвено зрачење исто како и сонцето. Тоа е идејата.
How Does An Infrared Space Heater Work?
Добро ова е доста постар и поразличен модел од овие стаклени панели кои имаат поголема ефикасност и слично. Идеално е да се постават на таван за да може да покријат што поголема површина. Е сега тука доаѓа моментот што ако нозете ти се под маса кај што не може да допре инфрацрвената светлина, ќе ти студи на нозете? Веројатно тоа е тоа што викаш топлината се осеќа само од таа страна од која те грее.
@tzlatko во поглед на економичноста, во право си дека веројатно со клима ќе биде поефтино, ама овие некако ме привлекоа бидејќи се лесни за инсталирање, бесшумни, нема дување итн.. Клима уште утре можам да ставам ама за овие би плаќал и малку повеќе струја доколку знам дека ќе ми ја згреат куќата.
Инаку во домот години наназад се грееме на дрва, грее прави бања ама трошиме скоро 60 000 денари од грејна сезона, цепиме, складираме, чистиме пепел, ложиме, дишеме чад, викаме оџачари 2 пати годишно итн... Па си го заборавил се угасило, па потпалувај, па не сака да запали.. Ни здосади веќе така да и со овие да плаќам исто пак би ги ставил ако знам дека нема да се замараме со тие работи.