- Член од
- 23 август 2010
- Мислења
- 39.890
- Поени од реакции
- 116.209
Се слагам, ама не е исто внатре во 16ник и на центар од игралиште. Иначе џабе бараме конзистентност кога секој судија има различно толкување за одредени ситуации, за некои она третото од Роналдо ќе беше досудено ко пенал без око да им трепне, за Еткинсон ете немаше основа за истото. Не знам како е сезонава во ПЛ зашо се на се пар мечеви изгледав само, али до лани проблем беше што не сакаа да корегираат очигледни грешки кои од вселената се гледаа дека се грешки. И да, мора веќе еднаш да се решат од лигавењата на Роналдо, Кејн, Бруно и компанија кои по секоја цена одат да изнудуваат пенали. Во живот се кладам дека следна прилика ќе му биде свирен пенал на Роналдо па макар и некој апла мек зашо се уби од лигавење сеа против ВХ, а знаеме каква репутација има и што значи за лигата.Ти бараш конзистентност од меч во меч, кога истиов судија 2 слични ситуации различно ги досуди. На истиов меч имаше ситуација каде Зума пушти подолг фор и скокна над ногата на Погба. Фаул за Зума свирнаа, иако Зума скокна пред има контакт, гледај ја само десната нога на Погба дека нема допир, нема удар, нема движење. Да го удреше Зума колено во колено, сол ке го направеше.