Секако дека актуелниот првак е уште главен кандидат за титула.
Сити денес повеќе ја сакаше победата, односно Пеп. Разбирливо. Челзи за првпат откако е дојден Тухел играше дефанзивно, до примениот гол. Во прво и свесно дозволија Сити да има посед и да напаѓа, надевајќи се на дупка и брза контра, но предолго се задржаа на таа игра.
Потоа тргнаа да играат нормално, ама Сити е премногу искусен за да дозволи замена на улогите во таа фаза од мечот.
Заслужија победа, чесно. Не би му честитал само на гадот Грилиш, одвратен актер.
И да, конечно здраво судење во дерби. Да биде Оливер од некоја корист некогаш.
За тоа дека Челзи немал одржлив систем на игра, нах. Прегрубо. Но делумно точно. Нема во однос на Сити и Ливерпул, исто така сосема очекувано. Инстант газењето на Тухел во Европа ги натера сите да заборават дека во овој тим има играчи кои првпат се гледаат, има играчи и кои нецела календарска година играат заедно. Сити е конструиран за долги стази.