А јас осеќам и морална и граѓанска одговорност да спомнам дека е 2 коло и дека сте досадни ко пролив со другар ти.
Не заврши сезоната, само што почна, играчиве уште не се загреани, а вие двајца веќе се искурчивте во секој под-форум на кајгана, со што ја нарушивте честа, достоинството и угледот (да речеме дека постојат де) на фан-клуб Интер. Ја, Иосоно, Syn (господа луѓе btw) се трудиме да одржиме некое ниво тука, ама џабе.
Иначе, тоа за Јувентус дека ќе се прошета до титула, важеше додека Роналдо уште беше во Јувентус. И јас уште стојам на тоа. Никој нема ни блиску толку квалитетен играч во ростер. Играч што гарантира 30 гола. Јувентус лани со аматер тренер, стигна до 78 бода. Со многу подобар тренер и со ист или подобар тим, лесно би освоиле титула.
Е сега, не се истиот тим од лани, многу послаби се без Роналдо. Затоа, според мене, нема изразит фаворит за титула, борбата за титула е целосно отворена и може многу клубови да бидат дел од неа. Сигурно дека во ваква ситуација, без Роналдо во Јуве, и Интер треба да биде дел од неа.
Да завршеше лигата после второ коло, Лацио ќе беше прв, а Рома ќе беше најдобриот тим во лига.
И што си го спомнал Милан, подобри ли се од лани?
Сите што завршија во топ 4 лани, со исклучок на Аталанта, се послаби од лани.
Би завршил со следното, без разлика што ќе биде многу мачно да ве чита човек, сакам да сте во право со Џонтра Ди Канио, Интер лесно да освои титула, а Јувентус целосно да пропадне.
П.с. сликнете се со Џонтра со Дуомо во кадар и направете срце со рацете. И после отрујте се како Ромео и Јулија.