Serie A 2021/2023

  • Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Никако не си.
Хипотетички, ако си позитивен на брз тест, одма правиш друг тест (поверодостоен) и гледаш на што си. А реално сите клубови во топ 5 лигите можат да си дозволат и секојдневно тестирање со брзи тестови пред тренинг и пред утакмица.

Проблемот ако тотално се батали мислам дека ќе е поголем. Доволно е 1 заразен, дали несовесен дали асимптоматски да ти дојде ден, два на тренинг и да ти го стави на ризик цел прв тим. Особено сеа после интернационална пауза е уште поголем ризикот.

Според тебе како би можеле да го решат проблемот? Комплетно да се батали тестирање или? Збориме тука да не се деси распад на лигите и релативно нормално да си течат првенствата.
Нормално, комплетно да се престане, ниту се релевантни ниту има некаква корист, само проблеми. Но тоа моментално е невозможно од познати причини.
На пример, во Белорусија не постојат никакви задолжителни тестирања за спортските колективи, освен овие кои играат европски утакмици.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.645
Поени од реакции
59.582
Непопуларно мислење, ама според мене требаше да одложат светско и квалификации, играчите да си ги играат националните првенства и да не патуваат. Не може бабл со патувања и со репрезентативни собири. Нешто мора да се жртвува.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.969
Поени од реакции
15.226
Непопуларно мислење, ама според мене требаше да одложат светско и квалификации, играчите да си ги играат националните првенства и да не патуваат. Не може бабл со патувања и со репрезентативни собири. Нешто мора да се жртвува.
Можеа многу подобро да го изведат сето тоа без да го одлагаат светското. Се што требаше да направат е да ги преместат квалификациските натпревари по завршувањето на сезоната. Секако првенството се игра во декември имаше простор да ги спасат играчите од непотребни патувања со тоа што првенствата ќе завршеа порано, па крај на мај и почеток на јуни можеа комотно да си играат квалификации. Дури и поинтересно ќе беше така.
 
Член од
30 јануари 2008
Мислења
13.942
Поени од реакции
23.426
И да се и да не се вакцинирани пак можат да фатат, едино решение е доста често тестирање со брзи тестови и рано приметување и изолирање.

Реално на било кој тим може да му се деси потоп со коронава, на никој не би му посакал. Заеби и ривалство и се, поинтересно е да гледаме јаки утакмици со фул состави.


Не знам само дали размислуваат за некој вид на бабл да напраат слично ко НБА што беше и колку би било изводливо тоа. Некако како најдобро решение ми се гледа.

Па има врска, сеа не знам каков е протоколот у Серија А и општо низ европскиот фудбал. Ама у америка у НФЛ ако си вакциниран за 5 дена те тестираат ако си негативен тераш. Не вакциниран 10 дена изолација и 3 дена по ред негативен тест па да се вратиш на терен. Имаше некои екипи и ради правилава некои не многу битни играчи беа условени на вакцинирање или раскин на договор.

Ама доста поголем е пеоцентот на вакцинирани играчи тамо, некои НФЛ и НБА екипи имаат 100% процент на вакцинираност у играчки и стручен кадар.

Таа бројка не веруем ни една екипа у Европа дека ја нема
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Не знам, некако осеќам морална одговорност да ги спомнам моите комради Лупхол и Иосоно после првиве две кола. Според нив Јувентус лесно ќе се прошетал до титула, Интер ќе се борел за топ 4, Милан бил многу ослабен во однос на лани и исто ко Интер борба за топ 4, а Аталанта и Наполи можеле од сенка да се вмешаат во борба за титула. :icon_lol:
Особено смешен е делот за Јувентус, демек Алегри се вратил и тоа е тоа, божем магично стапче има па нови нозе и мозок ќе им пресади на тоа инвалидите што им играат. :icon_lol:

Не ми се обраќајте двајцата до мај кога ќе бидам на Дуомо со мојот комрад Џонтра, отруени од алкохол и славејќи 20то Скудето. Песимисти низаедни.
А јас осеќам и морална и граѓанска одговорност да спомнам дека е 2 коло и дека сте досадни ко пролив со другар ти.
Не заврши сезоната, само што почна, играчиве уште не се загреани, а вие двајца веќе се искурчивте во секој под-форум на кајгана, со што ја нарушивте честа, достоинството и угледот (да речеме дека постојат де) на фан-клуб Интер. Ја, Иосоно, Syn (господа луѓе btw) се трудиме да одржиме некое ниво тука, ама џабе.

Иначе, тоа за Јувентус дека ќе се прошета до титула, важеше додека Роналдо уште беше во Јувентус. И јас уште стојам на тоа. Никој нема ни блиску толку квалитетен играч во ростер. Играч што гарантира 30 гола. Јувентус лани со аматер тренер, стигна до 78 бода. Со многу подобар тренер и со ист или подобар тим, лесно би освоиле титула.
Е сега, не се истиот тим од лани, многу послаби се без Роналдо. Затоа, според мене, нема изразит фаворит за титула, борбата за титула е целосно отворена и може многу клубови да бидат дел од неа. Сигурно дека во ваква ситуација, без Роналдо во Јуве, и Интер треба да биде дел од неа.
Да завршеше лигата после второ коло, Лацио ќе беше прв, а Рома ќе беше најдобриот тим во лига.
И што си го спомнал Милан, подобри ли се од лани? :LOL:
Сите што завршија во топ 4 лани, со исклучок на Аталанта, се послаби од лани.
Би завршил со следното, без разлика што ќе биде многу мачно да ве чита човек, сакам да сте во право со Џонтра Ди Канио, Интер лесно да освои титула, а Јувентус целосно да пропадне.

П.с. сликнете се со Џонтра со Дуомо во кадар и направете срце со рацете. И после отрујте се како Ромео и Јулија. :icon_lol:
 

Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.732
Поени од реакции
2.823
Како Милан е послаб од лани? Имаат многу поголема клупа од лани, едино турчето и џиџи заминаа.. ама ете го Брахим послободен е и први две кола изигра за пет класи болје од Хакан. А и Мајк е добра замена за џиџи. Ја ги гледам Интер за главни фаворити, направија солиден профит од Лукаку и Хакими и за ситни пари ги земаа Џеко, Дамфрис и Хакан. Аталанта ги гледам у топ 4 сигурни со Интер а за другиве две ќе се борат Јуве, Милан Рома Наполи и Лацио
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.917
Член од
23 август 2010
Мислења
39.821
Поени од реакции
115.860
А јас осеќам и морална и граѓанска одговорност да спомнам дека е 2 коло и дека сте досадни ко пролив со другар ти.
Не заврши сезоната, само што почна, играчиве уште не се загреани, а вие двајца веќе се искурчивте во секој под-форум на кајгана, со што ја нарушивте честа, достоинството и угледот (да речеме дека постојат де) на фан-клуб Интер. Ја, Иосоно, Syn (господа луѓе btw) се трудиме да одржиме некое ниво тука, ама џабе.

Иначе, тоа за Јувентус дека ќе се прошета до титула, важеше додека Роналдо уште беше во Јувентус. И јас уште стојам на тоа. Никој нема ни блиску толку квалитетен играч во ростер. Играч што гарантира 30 гола. Јувентус лани со аматер тренер, стигна до 78 бода. Со многу подобар тренер и со ист или подобар тим, лесно би освоиле титула.
Е сега, не се истиот тим од лани, многу послаби се без Роналдо. Затоа, според мене, нема изразит фаворит за титула, борбата за титула е целосно отворена и може многу клубови да бидат дел од неа. Сигурно дека во ваква ситуација, без Роналдо во Јуве, и Интер треба да биде дел од неа.
Да завршеше лигата после второ коло, Лацио ќе беше прв, а Рома ќе беше најдобриот тим во лига.
И што си го спомнал Милан, подобри ли се од лани? :LOL:
Сите што завршија во топ 4 лани, со исклучок на Аталанта, се послаби од лани.
Би завршил со следното, без разлика што ќе биде многу мачно да ве чита човек, сакам да сте во право со Џонтра Ди Канио, Интер лесно да освои титула, а Јувентус целосно да пропадне.

П.с. сликнете се со Џонтра со Дуомо во кадар и направете срце со рацете. И после отрујте се како Ромео и Јулија. :icon_lol:
Се заебавам нормално, ама за Јувентус сум мртов сериозен и мислам дека си во голема заблуда за нив. И со Роналдо во тим не беа појаки од нас, а не пак сега без него. Не знам зошто упорно го потенцираш факторот Алегри а го забораваш факторот слаб квалитет на тимот. Нема збор дека Алегри е одличен тренер, ама што дека е таков кога тимот му е лош? Глеаш дека и по медиуми дивее и изјавува дека нешто не штима. Овој тим со оној од пред 3-4 години што го водеше нема допирна точка. Јувентус не само што не е фаворит за титула него е многу далеку од истата и само некоја катаклизмична сезона на конкурентите би ги одвела до врвот.

Се слагам дека нема изразит фаворит сезонава и ништо не е сигурно. Дефинитино од квалитативен аспект лигата е послаба од лани, доста добри играчи и тренери отидоа. И да, се зезам нормално со курчењево после 2 кола, секако нас исто ни се фаќа у случај да фејлнеме, ќе бидеме реметени, па вака боље да си замараме си време. :icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom