- Член од
- 4 ноември 2017
- Мислења
- 2.200
- Поени од реакции
- 4.171
Многу луѓе и не разбираат дека многу домови не примаат дементни луѓе, а и домови враќаат стари луѓе што не се однесуваат соодветно. Пред неколку години зборев со жена која имаше татко со деменција, кој беше многу агресивен. Од три дома го имаа вратено човекот и буквално скина живци жената не знаеше што да му прави. На геријатрија врски треба, ако исполнуваа услови за таму, а таму условите се еднакви на нула. Плус, за некои "здрави" стари луѓе одење во дом е понижување. Да, тоа може е стар поглед на работите, ама не може да им се објасни тоа на стари луѓе како што вика fennel. И така се при крај тие со животот, па уште низ такви трауми да ги пушташ да преживаат на крај, во масивна депресија да умираат, чувстувајќи се напуштени. Знам исто 4-5 случаии од постари луѓе кои отишле во дом и умрел после 2-3 недели, шок е тоа за тие луѓе. Сите тие муабети дека добро е во дом, стари се дружат, децата раат, се ставови на луѓе кои лесно поминале или воопшто не поминале низ овие проблеми, и се наивни за се што во живот ги чека. Не е тоа валидно во повеќе од пола од случаиите.