Dom za stari lica - da ili ne

Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.702
Поени од реакции
24.167
Имам чувство дека повеќето од вас не знаат што значи да имаш стар и болен човек дома.
Не разбирам зошто толкава аверзија кон домовите за стари лица, ако се функционални и финансиски достапни? Исто како дома да е, само што ќе има стручни лица кои ќе се грижат за него/неа. Да го оставиш во дом не значи дека под дифолт ќе биде осамен човек, тоа ќе зависи од роднините колку ќе одат на посета.
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
Од аспект на нега, грижа и способност, дококу семејството може да си дозволи старечки дом (што за жал кај нас е не секогаш лесно остварливо), домот е работа која мора да се дестигматизира, и да не се гледа на него како место кај што го „фрлаш“ стариот.

И тоа тргнувам не од аспект на тоа како јас би се грижел за некој за од таму да го носам мислењево, туку размислувајќи како некој би се грижел за мене. Пре би да ми биде назначена особа која е обучена, извежбана и знае како да ме негува кога би бил стар и изнемоштен, наместо децата и внуците да ми ги мењаат посраните пелени, бришат гзот и бањаат. Нема да правам деца со цел тоа да ми биде крајната цел пред да го напуштам светов, пошто доколку тоа ми е целта тогаш јас сум себичниот и им правам емоционална манипулација на моите потомци, како што очигледно му направиле на членот од првата страна.

Би бил многу посреќен доколку моите потомци се стекнат со успех и финансиска стабилност да успеат да ми најдат стручна помош, наместо да се мачат со мене, а со нив и самиот јас да бидам измачуван од недоволно спремни лица за нега.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
Имам чувство дека повеќето од вас не знаат што значи да имаш стар и болен човек дома.
Не разбирам зошто толкава аверзија кон домовите за стари лица, ако се функционални и финансиски достапни? Исто како дома да е, само што ќе има стручни лица кои ќе се грижат за него/неа. Да го оставиш во дом не значи дека под дифолт ќе биде осамен човек, тоа ќе зависи од роднините колку ќе одат на посета.
Прашање е колку се функционални и колку човек со примањата може да си дозволи. Во домови каде се плаќаат и по 1000 евра месечно, сум наоѓал мани, а толку и не сум можел да си дозволам.
Друго е што човек во одреден период ќе прави она што е принуден, ако се мора, се мора.
Јас сум се грижел за родителите бидејќи сум се уверил дека никаде нема да добијат таква нега. Тоа е жртва, од љубов. Пак би го сторил тоа.
Дали некој близок ќе се грижи за мене? Не би сакал, знаејќи што го чека.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.702
Поени од реакции
24.167
Прашање е колку се функционални и колку човек со примањата може да си дозволи. Во домови каде се плаќаат и по 1000 евра месечно, сум наоѓал мани, а толку и не сум можел да си дозволам.
Друго е што човек во одреден период ќе прави она што е принуден, ако се мора, се мора.
Јас сум се грижел за родителите бидејќи сум се уверил дека никаде нема да добијат таква нега. Тоа е жртва, од љубов. Пак би го сторил тоа.
Дали некој близок ќе се грижи за мене? Не би сакал, знаејќи што го чека.
Тоа е единствената пречка која јас ја гледам на тие простори, цената и функционалноста. Тука е друг муабет, од вработени до фамилија(најчесто) се тресат над тебе, те служат и ти угодуваат. И што е најбитно, тука е најнормално во старост, ако не си најдобар со здравјето, да одиш во дом. Не го гледаат како во Македонија „го фрли во дом да се отараси од него“, туку е нормален процес.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
Тоа е единствената пречка која јас ја гледам на тие простори, цената и функционалноста. Тука е друг муабет, од вработени до фамилија(најчесто) се тресат над тебе, те служат и ти угодуваат. И што е најбитно, тука е најнормално во старост, ако не си најдобар со здравјето, да одиш во дом. Не го гледаат како во Македонија „го фрли во дом да се отараси од него“, туку е нормален процес.
Не случајно така се гледа во Македонија. Најчесто сместените таму брзо умираат. Она што сум го видел во Скопје е недоволно, за мои сфаќања. Претпоставувам дека во другите градови е уште полошо. Па кога ќе осетиш и ќе се увериш какво ни е здравството, што да очекуваш понатаму.
Имам информации каква е негата во домовите во Словенија, Германија, верувам дека е слично и во другите побогати земји. Би сакал последниот период од животот да го проведам таму
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Какви се домовите во Мк, психички се спремам да работам до крај на животот, нормално ако можам.
Немам ни причина да живеам пензионерски. Шах одамна не сум играл, карти ми е досадно, а да присуствувам на ритуал на миење вилици трипати на ден, не фала.
 
Убава ти е намерата, дај Боже да ти се оствари. И мојата е слична. Колку ќе успеам, ќе видиме
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.702
Поени од реакции
24.167
Не случајно така се гледа во Македонија. Најчесто сместените таму брзо умираат. Она што сум го видел во Скопје е недоволно, за мои сфаќања. Претпоставувам дека во другите градови е уште полошо. Па кога ќе осетиш и ќе се увериш какво ни е здравството, што да очекуваш понатаму.
Имам информации каква е негата во домовите во Словенија, Германија, верувам дека е слично и во другите побогати земји. Би сакал последниот период од животот да го проведам таму
Селењето е стресно за сите, особено за изнемоштени и стари лица, небитно во кој дел од светот се. Некому не му е битно тоа што ќе има помош секогаш кога ќе притисне на копче, туку спокојот и слободата што ја има во домот, особено ако живее таму цел живот. Сѐ зависи до состојбата на умот и начинот на кој ги перцепираш работите. Во Македонија домот за старци е таму, очигледно.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Од аспект на нега, грижа и способност, дококу семејството може да си дозволи старечки дом (што за жал кај нас е не секогаш лесно остварливо), домот е работа која мора да се дестигматизира, и да не се гледа на него како место кај што го „фрлаш“ стариот.
Не е за стигма работата. Нормално, природниот тек на работите треба да биде дом, кај што фамилијата нема да се замара и стручни лица ќе ја превземат грижата. Но, како некој кој поминал низ овие работи, домовите кој за мене, колку толку, имаа прифатливи условите, чинеа над 35.000 ден. Тоа не вклучуваше, инфузии, суплементи, масажи и сл. Се на се 45.000 ден тогаш беше некоја прифатлива нега. Тоа беше пред 6 години. Сигурно цените се сега рипнати. Комшијата, ја даде мајка му во дом за 26.000 ден, жената умре за помалку од 2 недели. Многу такви случаии сум чул. Масовен шок е тоа за стари луѓе.

Негата не е на ниво во мнозинство домови. Квалитет си кошта, а не секој може да си го дозволи. Плус, и не можеш да го најдеш баш тука. Зошто би дал некој родител во дом, кога е свесен дека тој човек би се измачувал таму, и би ги поминал последните моменти од животот во емоционална и физичка агонија? Дали некој би му го направил тоа на некој драг?

Плус има други фактори. Пример дедо ми рмбал по странство со децении да изгради куќа за децата. Направил голема фамилијарна куќа сам, а за себе си оставил мала гарсонњера во неа. Секој ден прави обиколки, средува работи околу неа на скоро 90 години. Сега, нешто, не дај боже да му се деси, и му се отежне движењето на човекот, ја треба да му кажам во дом дека треба да оди? Па, инфаркт ќе го стегне човекот. Едноставно не сум спремен да му правам такви шокови на човек кој цел живот го инвестирал во грижење за фамилијата. Така што овие работи се покомплицирани од 1+1=2. Дом е често логично решение, ама тешко е да се спроведе од Х причини. Луѓе со тврди ставови, мора дом, едноставно не се запознаени со сите проблематики на оваа тема.
 
Последно уредено:

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Секој ден прави обиколки, средува работи околу неа на скоро 90 години. Сега, нешто, не дај боже да му се деси, и му се отежне движењето на човекот, ја треба да му кажам во дом дека треба да оди? Па, инфаркт ќе го стегне човекот. Едноставно не сум спремен да му правам такви шокови на човек кој цел живот го инвестирал во грижење за фамилијата.
NIKAKO ne smees da mu kazes> znaes sto resivme deka vo DOMOT ke ti bide podobro
NIKAKO...
moze da ti ja rascepi glavata,pa ti da otides pod zemja a toj 2 nedeli vo zatvor.
 
Член од
11 јуни 2021
Мислења
359
Поени од реакции
782
Одговорот на ова прашање зависи само од ситуацијата во која се наоѓа семејството. Најмногу од финансиски аспект.

Не сум од тие кои имаат стигма кон старечките домови. Напротив, доколку таму навистина има стручни лица и се грижат квалитетно за старите луѓе нема зошто да не пратите стар човек во дом.
За финансиите и квалитетот во старечките домови овде во државава, ќе го прескокнам.

Најглупа работа што ја прават старите е манипулацијата со деца/внуци. Гледај ме, чувај ме и ќе ти препишам имот. Имотот треба да е подеднакво поделен на сите, а не тој што ќе го изгледа до смрт.
За стари лица најпонижувачко и болно е да дојде до тој степен од животот деца или внуци да му ставаат и менуваат пелени. Верувајте, кој немал или не видел ваква ситуација не знае.

Не би сакал ни јас утре моите деца, ако ги имам, да ги мачам и малтретирам на старост. И со оглед на тоа што сум видел и го гледам, дојдов до заклучок дека староста е грда. Ако дојдам до тој степен во животов да не можам сам да се грижам за себе или да си ги вршам сам физиолошките потреби подобро да ме нема. Ама никој не знае што нè чека.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.935
Поени од реакции
3.625
Ако домот чини 45 000 зошто тогаш тие пари да се дадат на дом а не на некое лице кое за плата од 45 000 ке доаѓа дама и ке се грижи за стариот кога фамилијата не се дома? 45 000 за МК услови е солидна плата за негувател....
Оставете тоа западот, таму било вака било онака... Таму никој како овде не рмба за децата цел живот и таму во просек децата од родителите наследуваат шипак или куќа со 5 хипотеки. Прифаќам да завршам во дом ама со школувањето да завршат сите мои обврски спрема децата и по белосветските одморалишта спичкам се што сум заработил и ке заработам плус и имотот кој сум го наследил од предците за кои сум се грижел. Во западот народот е отуѓен и опериран од емоции, ниту родителите ги боли курац за децата ниту дацата за родителите... а тоа не е добро.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Ако домот чини 45 000 зошто тогаш тие пари да се дадат на дом а не на некое лице кое за плата од 45 000 ке доаѓа дама и ке се грижи за стариот кога фамилијата не се дома? 45 000 за МК услови е солидна плата за негувател....
Затоа што треба да има негуватели 24 часа. Дење-ноќе затребува вц, кој ќе го однесе тоа лице ноќно време? Па преслекување, бањање, сетоа се околу 3 смени, тројца негуватели. И нормално најмалку една плус просторија каде ќе седи/спие негувателот. Инаку домот во просек чини 28000-34000 денари. Не знам за цени од 45000. И јас бев многу против ама сега кога остареа родителите, гледам дека домот честопати е неопходен.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Инаку домот во просек чини 28000-34000 денари. Не знам за цени од 45000.
Пред 6 години кога прашував јас, тие цени ми ги кажаа. Ама ти викам, тоа не вклучува инфузии, суплементи, лекови кои не се позитивна листа, масажи и други работи. Така што, тоа е само основата.

А тоа за 45,000 да платиш негувател. Океј, ќе платиш. Ама мир нема да добиеш во 2 сат ноќеска кога старото лице ќе почне да рика од болки, или дементно ќе почне да бара да си оди дома, иако е веќе дома.

Никој не спори дека дом е логичен чекор, ама често има други работи кои го попречуваат и прават невозможен. Така што, не треба да се има остри, цврсти ставови за овие работи, зошто никој не знае што ќе го снајде. Секој нека си гледа во свој двор и нека си носи одлуки кои мисли дека се најдобри за него и неговите.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
Затоа што треба да има негуватели 24 часа. Дење-ноќе затребува вц, кој ќе го однесе тоа лице ноќно време? Па преслекување, бањање, сетоа се околу 3 смени, тројца негуватели. И нормално најмалку една плус просторија каде ќе седи/спие негувателот. Инаку домот во просек чини 28000-34000 денари. Не знам за цени од 45000. И јас бев многу против ама сега кога остареа родителите, гледам дека домот честопати е неопходен.
Пред три години моја пријателка плаќаше 800 евра месечно. Сега верувам дека е уште повеќе. Инаку има агенции за овој проблем. Може да се договори 24 часа нега, негувателот живее во станот, заедно со оној на кој му е потребна помош. Тоа и не е прескапо меѓутоа, не се ангажирани професионалци, туку луѓе на кои им е потребна работа. Барем, моето искуство беше такво.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom