Dom za stari lica - da ili ne

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
Многу луѓе и не разбираат дека многу домови не примаат дементни луѓе, а и домови враќаат стари луѓе што не се однесуваат соодветно. Пред неколку години зборев со жена која имаше татко со деменција, кој беше многу агресивен. Од три дома го имаа вратено човекот и буквално скина живци жената не знаеше што да му прави. На геријатрија врски треба, ако исполнуваа услови за таму, а таму условите се еднакви на нула. Плус, за некои "здрави" стари луѓе одење во дом е понижување. Да, тоа може е стар поглед на работите, ама не може да им се објасни тоа на стари луѓе како што вика fennel. И така се при крај тие со животот, па уште низ такви трауми да ги пушташ да преживаат на крај, во масивна депресија да умираат, чувстувајќи се напуштени. Знам исто 4-5 случаии од постари луѓе кои отишле во дом и умрел после 2-3 недели, шок е тоа за тие луѓе. Сите тие муабети дека добро е во дом, стари се дружат, децата раат, се ставови на луѓе кои лесно поминале или воопшто не поминале низ овие проблеми, и се наивни за се што во живот ги чека. Не е тоа валидно во повеќе од пола од случаиите.
 
Лош пример си зел.

Ти претстои еден тежок живот, реално, на тебе а и на жена ти, која се надевам ќе се опамети и ќе го направи правилниот чекор.

Замисли да земав пример од тебе на форум, уште колку потежок живот би имал.
 
Вишокот ќе до донираат во дом за деца без родители, пошто тебе нема да ти треба, пошто ти си способен сам да си заработиш и со тоа и независен.Друг е муабетот во многу редок, мал %. Можеби 10% е многу, се што треба е да ја погледнеш својата подалечна фамилија ради која паметно си се откажал од имотот.

Не ме разбираш пак. На човек кој дошол пред крајот не му треба ништо, ни станови, ни пари, ни имоти. Освен вниманието од блиските и мир. И да, ако се работи за дементна особа, доколку сите работат дома, неопходно е да биде сместена во старечки дом. Освен ако некој не е волен да се жртвува и да остане 24/7 со лицето. Јас за друго правам муабет, под грижа мислам да отидеш да му испазариш ако не е во состојба да носи потешки работи, да го однесеш на контрола во болница да не се ака по автобуси, да му бркаш правно административни работи по судови/општини/банки ако сам не знае како и ако има потреба од тоа, да му поправиш/викнеш мајстор ако нешто се расипало по дома итн. И најважно од се е времето што ќе го поминеш со него. Највредната работа која што можеш да му ја подариш на еден човек не се ниту пари, ниту имоти, ниту скапи поклони, туку да го поминуваш своето време со него.
 
Звучи убаво но дали ради се ова би се откажал од остварување на себе надвор од земјава, подалеку од родителот? Сем поминувањето на време се друго можеш со прокси да организираш. Што ако ти добиеш понуда професор на катедра на ЕмАјТи или Станфорд пример, би ја одбил за да би бил блиску до родителот? Имам пример во околина, не отиде во Германија заради мајка му токму од овие причини, сега се кае откако мајка му почина и остана сам. Имаме двојни стандарди чинам, за своите деца не сакаме да сме товар, нека се слободни, но за родителите не го резонираме истото од емотивни причини. Дали ти би сакал твое дете да остане до тебе цел твој живот за да ти пазарува, завршува правно административни работи, поминува време со тебе? Или повеќе би сакал систем кој ќе ги реши тие ствари за тебе, а за гледање со детето ќе си подголтнеш и задоволиш со вибер и еднаш годишно физичка посета? Верувам дека би се жртвувал за детето, како што и мајка ти треба да се жртвува за тебе, тоа е природата на нештата.
Многу луѓе и не разбираат дека многу домови не примаат дементни луѓе, а и домови враќаат стари луѓе што не се однесуваат соодветно. Пред неколку години зборев со жена која имаше татко со деменција, кој беше многу агресивен. Од три дома го имаа вратено човекот и буквално скина живци жената не знаеше што да му прави. На геријатрија врски треба, ако исполнуваа услови за таму, а таму условите се еднакви на нула. Плус, за некои "здрави" стари луѓе одење во дом е понижување. Да, тоа може е стар поглед на работите, ама не може да им се објасни тоа на стари луѓе како што вика fennel. И така се при крај тие со животот, па уште низ такви трауми да ги пушташ да преживаат на крај, во масивна депресија да умираат, чувстувајќи се напуштени. Знам исто 4-5 случаии од постари луѓе кои отишле во дом и умрел после 2-3 недели, шок е тоа за тие луѓе. Сите тие муабети дека добро е во дом, стари се дружат, децата раат, се ставови на луѓе кои лесно поминале или воопшто не поминале низ овие проблеми, и се наивни за се што во живот ги чека. Не е тоа валидно во повеќе од пола од случаиите.
Таткото на мој добар другар алцхајмер, иста приказна, прво го чуваа сами, навистина тешко, им требаше една година да одлучат да го однесат во дом, го вратија бидејќи човекот беше баш тежок. Се пресели врата до врата со неговите бидејќи и во 3 сабајле одеше да го смирува, почна да има и лични проблеми на работа и со своето семејство. Кога почина се преродија. Не би сакал тоа да го помине мое дете со мене, да бидам таков проблем. Домови за какви правиме муабет кај нас не постојат, и за забава и за грижа и токму ради тоа нашава генерација можеби треба да размислува во таа насока многу посериозно и енергично, ова е побитно и од закрпени улици, за да не сме им товар на децата.
 
Звучи убаво но дали ради се ова би се откажал од остварување на себе надвор од земјава, подалеку од родителот? Сем поминувањето на време се друго можеш со прокси да организираш. Што ако ти добиеш понуда професор на катедра на ЕмАјТи или Станфорд пример, би ја одбил за да би бил блиску до родителот? Имам пример во околина, не отиде во Германија заради мајка му токму од овие причини, сега се кае откако мајка му почина и остана сам. Имаме двојни стандарди чинам, за своите деца не сакаме да сме товар, нека се слободни, но за родителите не го резонираме истото од емотивни причини. Дали ти би сакал твое дете да остане до тебе цел твој живот за да ти пазарува, завршува правно административни работи, поминува време со тебе? Или повеќе би сакал систем кој ќе ги реши тие ствари за тебе, а за гледање со детето ќе си подголтнеш и задоволиш со вибер и еднаш годишно физичка посета? Верувам дека би се жртвувал за детето, како што и мајка ти треба да се жртвува за тебе, тоа е природата на нештата.

Таткото на мој добар другар алцхајмер, иста приказна, прво го чуваа сами, навистина тешко, им требаше една година да одлучат да го однесат во дом, го вратија бидејќи човекот беше баш тежок. Се пресели врата до врата со неговите бидејќи и во 3 сабајле одеше да го смирува, почна да има и лични проблеми на работа и со своето семејство. Кога почина се преродија. Не би сакал тоа да го помине мое дете со мене, да бидам таков проблем. Домови за какви правиме муабет кај нас не постојат, и за забава и за грижа и токму ради тоа нашава генерација можеби треба да размислува во таа насока многу посериозно и енергично, ова е побитно и од закрпени улици, за да не сме им товар на децата.
На Стемфорд и ЕмАјТи немало Македонци студенти до сега, за професори да не праиме муабет. Да се вратиме во реалноста, пошто по муабетиве што ги правиш излегува дека секој втор иселен од државава е генијалец и има неверојатна кариера кога ќе отиде надвор, а не е така. Сум имал понуди и сум одбил од истите причини, тоа се некои мои правила во животот и гледам да не им судам на други ако решиле да одат по друг пат. Ако детето реши да оди нормално дека нема да му забранам, напротив ќе го поддржам да си го следи сонот. И на крај краева е доста субјективно кога ќе кажеш да се реализира некој. Што е реализирање за тебе? Претпоставувам годишна плата од над 100.000 евра во голема компанија? За мене е сосема поинаку, мир, тишина, живот во природа и што помалку луѓе околу мене.
 
Не би сакал тоа да го помине мое дете со мене, да бидам таков проблем.
Пак ќе кажам, никој не сака и не треба да биде таков товар. Чување лице пред крај на живот е 24/7 работа која е физички и психички исцрпувачка. Верувај знам. Идеално би било да има дом некаде да се дадат кај што ќе бидат згрижени и децата ќе може да си го живеаат живот и сите ќе бидат супер. Се тоа е така. Никој не го спори тоа. Поената ми е во реалност најчесто овие идеи не се остваруваат, зошто се нереални за мнозинството од луѓе. Едно е да се збори што треба од страна, да се има став за овие работи, друго е што ќе се направи кога човек ќе се соочи со ваква ситуација. Лесно е да се има цврсто мислење за нешто, тешко е да се реализира тоа кога ќе дојде време. Така што, никогаш не треба прејако да се настапува, ја ова би направил и слично, со 100% сигурност, зошто незрело е тоа.
 
Премногу буквално ме сваќаш, не е поентата за генијалци туку животот ти пружа шанси кои сам ги пропушташ поради таа јака емотивна врска со родителот, ти си одбил но не би сакал твоето дете да одбие и верувам и ќе го бутнеш во таа насока а не да се замара со тебе. Но ти тоа не го очекуваш од твојот родител. Не сакам да те провоцирам или навредам но се надевам си свесен дека поатојат родители посебно мајки кои оваа природна емоција на детето ја користат за манипулација со цел никогаш да не ги напуштат. 100 к еура во природа на лап топ подалеку од коорпорации и што помалку луѓе.

Жал ми е што не ме читаш пофокусирано, претпоставувам понесен од тоа што си го поминал, токму заради немање на такви институции во моментот овој муабет е битен, за да ги создадеме еден ден, функционални за нашата генерација, но за тоа да се деси пред се треба да сакаме да ги направиме. Мене ме загрижува дека сме лицемерни кога велиме дека ќе им менуваме пелени на родителите ама не сакаме нашите деца тоа нам да ни го прават. Незрело е да го прифатиш сегашниот систем како фактичка состојба и да не направиш чекори да го унапредиш, за добро на нашите деца пред се, за кои гледам сите сакаме да се слободни и неоптоварени со нас како обврска на стари години.
 
Има случаеви кога животот ти го трасира патот, како што он решил, игнорирајки ги твоите моментални позиции, место на работа и т.н. реализација во животот. Јас се вратив од проекти во Русија баш кога ги склопив коцките да бидам раководител на проектите. Единствено дете бев во таа фамилија, ако јас не превземам одговорност и бидам во близина нема никој тоа место мене да го прави! Во меѓувреме најдов ангажман со гејците за плата пута 10 од македонската, по три месеци родителот западна во тешка состојба и си отидов. Немаш тогаш ни време ни место да правиш комбинации, вака ќе биде така ќе биде. Едноставно те носи бранот од лекар до лекар, од дома до него и одиш како машина. После тоа се прашуваш, како издржав, ама кога ќе си преставиш пак низ што поминува твојот близок, дури срам те фаќа што си се прашал за себе!
Македонија е на дното по овие прашања, ние не успеавме да направиме да биде посаглам, за жал. Дај боже вие помладите, од страв за вашата поминувачка на стари години, да го подсредите тоа прашање.
 
Премногу буквално ме сваќаш, не е поентата за генијалци туку животот ти пружа шанси кои сам ги пропушташ поради таа јака емотивна врска со родителот, ти си одбил но не би сакал твоето дете да одбие и верувам и ќе го бутнеш во таа насока а не да се замара со тебе. Но ти тоа не го очекуваш од твојот родител. Не сакам да те провоцирам или навредам но се надевам си свесен дека поатојат родители посебно мајки кои оваа природна емоција на детето ја користат за манипулација со цел никогаш да не ги напуштат. 100 к еура во природа на лап топ подалеку од коорпорации и што помалку луѓе.

Жал ми е што не ме читаш пофокусирано, претпоставувам понесен од тоа што си го поминал, токму заради немање на такви институции во моментот овој муабет е битен, за да ги создадеме еден ден, функционални за нашата генерација, но за тоа да се деси пред се треба да сакаме да ги направиме. Мене ме загрижува дека сме лицемерни кога велиме дека ќе им менуваме пелени на родителите ама не сакаме нашите деца тоа нам да ни го прават. Незрело е да го прифатиш сегашниот систем како фактичка состојба и да не направиш чекори да го унапредиш, за добро на нашите деца пред се, за кои гледам сите сакаме да се слободни и неоптоварени со нас како обврска на стари години.
Најважно е да имаш јасна визија што сакаш во животот. Проблемот е што ретко кај кој тоа е кристално јасно уште на толку млада возраст. Кога ќе го имаш тоа, се е полесно, без разлика дали тука или на страна. На крај памет ми е да барам такво нешто од мое дете. Би го поддржал во се што искрено сака да прави се додека тоа што го прави не биде на негова штета или на тие околу него.

Со среќа со 100к евра во природа, освен ако не успееш да создадеш рентабилен бизнис, тој што ќе те плаќа толку и ќе те поседува во исто време.
 
тој што ќе те плаќа толку и ќе те поседува во исто време.
Визија е никој да не те поседува, но и од никој да не зависиш не само физички туку и емотивно, 100к од повеќе извори, никако еден, во природа, модерни времиња. Ти благодарам.
 
Но те поседува, желбата да докажеш нешто, дали на себе или на некој друг. Не разбирам емотивна зависност, како што кажав среќата е состојба на умот, не локација, предмет или моментална желба. Кога ќе сфатиш што ти било највредно во животот тогаш ги носиш тие одлуки и престануваш да бараш/талкаш. Во мојот случај тоа било семејството.
 
Со среќа со 100к евра во природа, освен ако не успееш да создадеш рентабилен бизнис, тој што ќе те плаќа толку и ќе те поседува во исто време.

Со 100к купуваш 40-50 хектари државно земјоделско земјиште
Истите потоа ги издаваш на некој друг да ги обработува и имаш ок месечна плата во пензионерски денови или уште подобро ако некој се нафати да ги работи така џабе а ти само да зимаш субвенции. Иако со толкава површина реално во Македонија ќе најдеш и луѓе да те гледаат атер заради имотот кој ќе го наследат :)

А има и вакви случаи

Мене ме загрижува дека сме лицемерни кога велиме дека ќе им менуваме пелени на родителите ама не сакаме нашите деца тоа нам да ни го прават.
Не знаеш и ти што ќе бараш на тие години. Наивно е да мислиш дека нема да сакаш тогаш тебе да ти ги менуваат пелените твоите деца. Не знаеш како ќе реагираш кога ќе ти дојде тоа време. Се до тој момент е претпоставка. Празни се денешни мислења за утре. Ќе си видиш кога ќе дојде, ако ја имаш таа не/среќа. Колку си подготвен да се жртвуваш за други.

Стари луѓе се со здравствени маки, во депресии дека им дошло време, патат по нереализирен живот и сл. Кој знае што се тебе ќе ти поминува во тие години. Џабе објаснување филозофии за тоа како треба да размислуваат луѓе. Прашање и колку животно искуство имаш ти. Многу мака мачат да преживеат, работат трети смени на работно место кое одвај го нашле, гледаат фамилии, куќи. Не знаат главата кај им е, не па тука да бараат начини за пасивен приход. Не секој има привилегии да се образува, ни па да има претприемачки дух. Некои работи не се учат, не може вредности, принципи за живот да им се наметнуваат на луѓе кои не можат да ги примат. Не важат исти работи за сите. Секој е во различна ситуација.

Ти гледај да си го живееш животот како ти сакаш. Ти гарантирам дека нема да испадне како си го замислуваш. Точно е дека проблем е и системски, ама системот нема да се смени скоро, и тоа бара многу напор. Некои луѓе и си имаат емоционални врски со родителите какви што ти може немаш, и не се подготвени да ги напуштат. Треба да го регистрираш тоа и да го прифатиш. Не е тоа недостаток, туку друг пристап кон живот. Нема вистински или погрешен.
 
Последно уредено:
Фенел добро објаснување даде, зависи од моменталните животни околности.

Инаку, нема правилен одговор темава т.е. секој е правилен и секој е погрешен истовремено.

Така да, гледајте да го проживеете животот со своите блиски додека дојде време за на постела пошто тогаш можеби веќе ќе биде касно за добар збор, прегратка, внимание.

И што и да правите немој да си судите себе си за одлуките и не им судите на своите ближни.
 
Ме интересира кој ќе се грижи за @Tyrael на стари години кога нема да има свои чеда да му мењаат пелени, а да смениме нешто во системот не сме мотивирани или спремни.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom