Dom za stari lica - da ili ne

  • Креатор на темата Креатор на темата Anco
  • Време на започнување Време на започнување
ќе праат со вишокот, у гроб ќе го земат? :)
Вишокот ќе до донираат во дом за деца без родители, пошто тебе нема да ти треба, пошто ти си способен сам да си заработиш и со тоа и независен.Друг е муабетот во многу редок, мал %. Можеби 10% е многу, се што треба е да ја погледнеш својата подалечна фамилија ради која паметно си се откажал од имотот.
 
Кога домовите за стари лица во нашава држава би биле направени како што треба, би функционирале како што треба, како што е во другиве држави...и...И..она најбитното, кога нашиве пензионери би имале пензија со која би можеле да ги покријат трошковите во домот и па да им остане нешто за нив, е тогаш секој би посакал таму да оди.

Зошто да им бидам товар на децата, кога би можела да се дам у дом каде што ќе имам медицинска нега, храна, чистење, перење, како у хотел...но со пензија минимална, а нашиве старечки домови се изгор скапи, нема шанси никакви...тешко на тој што има у фамилија стар болен кој треба да го гледа, да го рани, крева, да му менува пелени......и за едниот и за другиот се маки танталови.
Нема ништо понедостоинствено од дете да ти става пелени на старост.
Не дај боже никому. Државава требаше да гради државни старски домови за пензионери со пониски примања.
Значи, Јас сум ЗА ...ако имам пари , затоа штедам уште сега.
 
Ја имам план, ако дојдам до ситуација да треба у старечки дом или некој да се грижи за мене да направам криминал со затајување данок, и да им оставам пари на тие позади мене, барем едно 500000 евра.
Се чудам сите оние на умирање и со терминални болести зошто не го прават ова.
 
Уште не можам да ја разберам таа глупост дека ако старите оделе во дом значело дека децата ги напуштиле или не ги сакале и ценеле. Боже господе!

За себе лично нема да одам ни во дом, но ниту би им бил товар на децата. Уствари како и да е нема да бидам во брак ниту пак ќе имам деца(освен ако не посвојам).

Најосновно не можам да поднесам да си дозволам некој да се грижи за мене бидејќи ме сожалува. Подобро нека ме распне на крст.

И друго зашто би требало некој да губи време со мене уместо да си ги гледа своите деца и да им обезбеди нив пристоен живот.
 
Сум живеел со, и чувал неподвижно, склеротично лице пет години. Не е лесно, кажи на спиење и кичма чао. Многу луѓе и немаат живци за вакви работи, поготово жени, од мое искуство, и тоа што сум збореле со други во слична ситуација. Многу луѓе не разбираат дека склеротични лица не само што забораваат, карактерот им се менува, и знаат да бидат многу агресивни. Сепак, да морам пак, не би имал срце баба, дедо да давам во дом. Неверувам дека би добиле грижа на ниво на кое што јас сакам да добијат. Така што, пак би поминал низ истата мака. Тоа е мое лично искуство и став. Секој друг си има свое и никој нема право да суди.
 
Последно уредено:

А што би сакал ти за тебе? Ја пример мое дете да има понуда да работи у Церн и да открива нови честици, не би сакал да ја одбие за на тате да му е блиску да менја пелени. А ако немам ни паре ни имање за дом ќе отидам у манастир гага, ќе подзаметам, молзам козите.
 
Пред да го поставиме прашањето за старечки домови, треба да се постави и едно друго прашање: крематориум! Може на дискутантиве овде им е чудно, ама не е само живеачката, кај нас е проблем и умирачката! Јас сум чувал, гледал и погребал, баби, дедовци, родители, ама бев тука или можев да си дозволам да бидам тука, со вакво темпо на емиграција, многу помлади нема да бидат во можност!
Апропо старечките домови: како и се’ друго кај нас: скапо и неквалитетно.(точка)
Јас се ближам накај пензиска возраст, ама нит се гледам во дом, нит е тоа решение! Финансиски може и ќе обезбедам за престој, ама кое фајде од тоа?
Затоа план, да те снема пред да дојдеш на такво дереџе!
 
Зависи, тешко е ова да се одговори со да или не.

Прво, еден од најдобри совети што го имам добиено од роднина е тоа да не дозволиш утре од некого да зависиш, дали од родител, дали од дете, да се стремиш кон тоа да си независен и таков да останеш.

Мислам дека е многу себично да направиш, да ги израснеш децата се со цел утре истите да те чуваат, а притоа да не си водиш грижа за сопственото здравје знаејќи без разлика на што децата ти се тука.

На родителите фокусот треба да им биде на тоа децата да ги направат независни, да им овозможат да напредуваат и да се надоградуваат, а не цел живот кон истите да се понашаат заштитнички или како нешто децата да им должат, да ги уценуваат со наследство и слично за да не се двојат од нив.

Јас лично не гледам ништо погрешно во тоа постара личност да биде стационирана во старачки дом, се разбира доколку финансиите тоа го дозволуваат. Дури и самиот би го избрал тоа кога би бил постар, наместо да им се туткам на децата, да ги замарам, да им одземам време и расположение за банални работи. Да, доколку се во можност и имаат желба и нема да им влијае во иднината тоа што ќе треба да се замараат со мене слободно нека ме чуваат, но и старачки дом не е лоша опција.
 
Последно уредено:
А што би сакал ти за тебе? Ја пример мое дете да има понуда да работи у Церн и да открива нови честици, не би сакал да ја одбие за на тате да му е блиску да менја пелени. А ако немам ни паре ни имање за дом ќе отидам у манастир гага, ќе подзаметам, молзам козите.
Јас лично не би сакал да бидам товар на никој. Верувам дека никој не го сака тоа. Ама, комплицирана работа е живот. Секој е различен. Едно е да се збори теорија, друго е да гледаш мил човек како скапува пред тебе, копнеејќи по некој топол момент пред да оди. Секој е со различен емотивен склоп и различни погледи за живот. Знам човек што има оставено болна сопруга, зошто не можел да се справува со товарот и сакал да си го живее живот. Мене лично, џабе би ми било и пари и стабилен живот ако не можам да се погледнам во огледало, зошто тогаш би немал духовен мир. Не ти проповедам дека ти или било кој друг треба така да живее. Кој што сака нема прави. Нема чисто дефиниран правилен пат. Ама, се е празен муабет додека човек не се најде во конректна ситуација. Одлуката е индивуална, секој треба да живее со последиците какви и да се.
 
Сопруг шо остава болна жена не е во оваа категорија, тој потпишал за во добро и зло, таквата себичност ми е врвна. Сврти ја од другата страна, не ти да гледаш како се болни и ти проработува емоцијата туку ти на стари години дали би сакал тоа да им го правиш на децата, тажен поглед кој буди сожалување. Јас би фејкал дека сум во ред колку е возможно, можам сам, би си организирал се претходно, дали дом дали манастир бидејќи моето завршило, сега е нивното време. Познавам неколку такви кои така и си ги воспитаа децата, терајте ја сум океј, со направен план. Ова е повеќе можеби муабет за нашава генерација каков крај би сакале, какви домови да изградиме, каков систем за да ни е достапно и сл.
 
Абе ја реков, не би сакал да сум товар. Бољи да умрам него да влечам други со мене. Верувам и дека 90% од луѓе размислуваат така. Убаво се ти што викаш тоа, како си испланирал, ама во живот не функционираат многу работи така по план. 200 чуда се случуваат. Мојата ситуација беше со физички хендикепирано, старо лице, кое беше дементно (баба). Па, одлука падна, колку е тешко, тешко е, фамилијално ќе ја чуваме. И ја чуваме 5 години откако стана немобилна. Тоа вклучуваше жртви. Сепак, јас пак би поминал низ се тоа, зошто тоа лице додека било живо се грижело за мене, и кога и било најтешко, не сум имал срце да дозволам да прима инфериорна нега. Духовно би ми правело проблем мене тоа. Доколку и родителите ми дојдат во ситуација каде не можат да се грижат за себе, а јас не сум во состојба да платам за најдобра грижа, ќе ги гледам максимум колку можам. Тоа е мојот однос со фамилија. Друг може да има друг. Убава е таа замисла, луѓе остарат, одат во дом, таму се дружат со луѓе нивна возраст и супер им е, ама нефункционираат секогаш така работите, и тоа е тоа. Никој на никого не му ветил дека животов ќе биде идеален. Се надевам дека ти нема да бидеш во ситуација кај што мора да поминуваш низ овие маки.
 
Ова прашање е дискутабилно и мислам дека највеќе зависи од околностите во дадениот момент.
Ја не гледам на тоа како на 'напуштање на родителот', затоа што мислам дека домовите се места на кои старите луѓе може да си најдат занимација, да се дружат, да си разговараат и истовремено да добиваат постојана нега и грижа. Значи да бидеме реални, еднаш штом си оформите свое семејство и се остварите како родители, обврските трократно ви се наголемуваат. Дали и колку вие ќе бидете во можност да им обезбедите постојана нега и грижа на вашите родители, покрај сите други обврски кои ги имате секојдневно?
Друго, секогаш може да ги посетувате во домот. Искрено, мислам дека многу полошо е кога на +70 години ќе ги оставите по цели денови сами дома, без друштво, без разговор, отколку да ги сместите во дом. Значи ако вие си ги запоставувате вашите родители, не ги посетувате и не се грижите за нив, за тоа не ви треба старечки дом.

Староста е најубава ако здравјето ве служи. До последно ќе се грижам за моите родители, но не знам што ми носи животот, а и ако некогаш се остварам како родител веројатно и приоритетите ќе ми се променат. Во едно сум сигурна...без разлика на околностите, максимално ќе се трудам да бидат згрижени и да им го направам што поудобен и похармоничен тој период од животот.
 
Абе види како убаво си го замислувате тоа, ќе се дружат, ќе си разговараат! Кој, луѓе што не се виделе до 85 години? Мало морген, тоа се 80+ години граден карактер и однос кон една околина, не е само луѓе, таму има и дом, двор, работи, место....
Мајка ми, едвај подвижна, војна водеше да си оди дома. Таа го градела тој дом, живеела, фамилија растела, остарела и секое ќоше, каменче, дрвце има значење со себе за неа. Тежок е друштво тој избор, не е домот за стари цвеќе, повеќе е затвор! Изместување од текот на животот.
@Aceso на 70+ луѓето уште работат, ако не се болни далеку се од дом! Мојата тешта работи уште а има 83 години, помалку тресе глупости или заборава чат-пат, ама придонесува за себе и домот!
Инаку важи онаа старата: Земи ме боже, додека не сум станал товар на други.
 
Последно уредено:
Ако се сеќава некој од постарите (со стаж) членови на форумов некој отвори слична тема, мислам насловот и беше "старост".
Почнаа со прикачување на слики од стари луѓе и многу набрзо модераторите ја избришаа темата од форумов со образложение дека делува депримирачки.
 
Абе види како убаво си го замислувате тоа, ќе се дружат, ќе си разговараат! Кој, луѓе што не се виделе до 85 години? Мало морген, тоа се 80+ години граден карактер и однос кон една околина, не е само луѓе, таму има и дом, двор, работи, место....
Мајка ми, едвај подвижна, војна водеше да си оди дома. Таа го градела тој дом, живеела, фамилија растела, остарела и секое ќоше, каменче, дрвце има значење со себе за неа. Тежок е друштво тој избор, не е домот за стари цвеќе, повеќе е затвор! Изместување од текот на животот.
@Aceso на 70+ луѓето уште работат, ако не се болни далеку се од дом! Мојата тешта работи уште а има 83 години, помалку тресе глупости или заборава чат-пат, ама придонесува за себе и домот!
Инаку важи онаа старата: Земи ме боже, додека не сум станал товар на други.
Веојатно е и до карактерот, некои лесно продаваат и се журкаат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom