Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Летна и Мориба, 40 милки од двајцата, мора да земат напаѓач сега, барем во лигава да туркаме некако. Ептен е тенок ростерот, една повреда на Депај и гол давање малце потешко.
 
Еве ти асална управа што ти значи. Можам да замислам да беше Бартомеу сеа како ке идеше процесов. Ние ке им платевме да го земат ѓупакот со право да бираме некој пропалици од нивна школа, и ништо чудно да му го лапнеше успат на Мориба.

Жал ми е за Емерсон, ми се свиѓаше таа конкуренција за деснава бековска позиција помеѓу него и Дест али тие 25 милиони и те како се добра зделка за ваков недокажан играч. Ретко кога сме профитирале со вакви трансфери.
 
Не се спомнува ни една опција, ама се мислам дека е Лаказет, и ако јас лично не би преферирал напаѓач, повеќе крило ни треба.
Депа, Гризман, Бретвајт и Агуеро, сите може да играат на 9ка, додека моментално немаме класично крило.
Требаше да извлечеме некое евро и од Бретвајт, имаше топ европско, сега беше моментов.
На крај ќе искочи добар преоден рок, ако Волвс наредна година го откупи Тринкао ќе бидеме 100 мил во плус.
Другата година очекувам продажба на срањето во тимот и барем еден добар трансфер што ќе не подигне ниво погоре.
Нормално преоритет се да останат најдобрите.
 
Се шпекулира за Манџукиќ, искрено се надевам дека не е точно...
 
Бускетс и Алба намалиле плата, Агуеро можеме да го регистрираме.

Управата пробува Гризман да им го продадат за 50м на Атлетико.
Ако не прифатат Атлетико, ќе пробат да понудат позајмица + право следно лето да го откупат.
 
Гризман во Атлетико ау. Пјаниќ трампа за Лук Де Јонг е во тек. Ослободување од големите плати е приоритет, добри потези се мислам ова на долгорочен план. Кога ќе се врати се во нормала, ќе има голем раст во приходот и со средени плати, исто голем буџет за трансфери.
 
Barça have offered Leipzig €75m for Dani Olmo. Barça have had an agreement with the player for five years. [md]

Griezmann to Atletico Madrid is imminent. The clubs are working on the right formula. [skysports]
 
Прво беше трампа Гризман-Феликс,потоа трампа Гризман-Саул ама највероватно Саул во Челзи,па после излезе продажба на Гризман само мада не верувам да го продадат Гризман а да немаат замена т.е крило знаеме дека со Јусуф Демир е ризик....Се споменуваше и за Олмо ама Лајпциг НЕпопуштал така да ништо чудно и да не договорат ништо,иако ОК би било и Нето да го продадат во Виљареал.
 
Автоматски споено мислење:

Автоматски споено мислење:

Ова е веќе тотална чистка на триото напред, ремонт.Остана уште Кутињо.

Тер Штеген
Дест - Араухо - Пике - Алба
Де Јонг - Бускец - Педри
Дембеле - Ансу Фати - Депај​
 
Последно уредено:
Вака или онака раководството пробува да го среди проблемот со екстремно високиот трошок за плата. Ова со Гризман мислам дека е дел од тој план. Штета што пред една година не се сфати сериозно проблемот, можеби ќе се оставеше можност барем да се задржи Меси.
 
Меси јасно си кажа дека сака да си иде минатата година и требаше да искешираме убаво од него. И да бевме финансиски стабилни џабе ке ни беше, ни п од победнички тим неаме. Таков играч како него многу нормално дека сака титули да освојува а ние јадеме резил од сите страни.

Да беше стварно до играчите и плативе одамна ке се средеше тој проблем, сепак за Меси се работи. Ама чисто сумњам, не му се игра више во овој умрен клуб. Отиде во ПСЖ кај другарчето негово уште некоја титула лш да види.
 
Меси јасно си кажа дека сака да си иде минатата година и требаше да искешираме убаво од него. И да бевме финансиски стабилни џабе ке ни беше, ни п од победнички тим неаме. Таков играч како него многу нормално дека сака титули да освојува а ние јадеме резил од сите страни.

Да беше стварно до играчите и плативе одамна ке се средеше тој проблем, сепак за Меси се работи. Ама чисто сумњам, не му се игра више во овој умрен клуб. Отиде во ПСЖ кај другарчето негово уште некоја титула лш да види.
меси лани сакаше да му го раскинат договорот а не да отиде со обештетување
 
меси лани сакаше да му го раскинат договорот а не да отиде со обештетување
Како и да е, уверен сум дека не дриблаа цело лето само за да нема драми. Дента кажаа си иде, утре дента пресконференција наредниот веќе потпишан со ПСЖ.

Мислам го разбирам, блам дупнувавме со Каталонскиве куриња ни ја не би сакал да играм веќе. И уште не ми се верува дека Меси замина пред нив. Какво дно пробивме. Наместо Меси да не носи кон новата ера на Барса нас БускеЦ, Пике, Алба и Роберто уште ке ми изиграваат светска класа фудбалери.:facepalm:
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom