Анкета: Mercedes A180 CDI v.s. VW Golf VII 2.0 TDI?

Кој од овие два автомобили е подобар и зошто?

  • Вкупно гласачи
    30
Член од
14 август 2020
Мислења
224
Поени од реакции
522
2.0 tdi е пренежен мотор за наша нафта.Искуство со 2 модела.За две три години ќе дими,турбина ќе се заебе,или дизни.Исто и на подвозје цела vag групација е нежна за наши патишта.Пазарот со делови е преплавен со кинески фалсови па рамења стабилизатори гумици ќе ти пуштаат секоја 2ра зима ако не ставаш оргинал прескапи делови.
Мерцедесот ти е рено мотор и подвозје ама е аутоматик (светска работа) и е поекономичен мотор.
Е сега околу колите од авто плац.Сите до една имаат 180.000км пред 5 години имаа 120.000,поефтини се и од германија.Одма мораш да мењаш водни пумпи каиши дискови гуртни 500 еу минимум+гуми+регистрација ете ти 1000че. Затоа ако купуваш ауто фрли некој 500 1000 еу плус земи си од тука кола купена што историја можеш да провериш седиш возиш раат глава.
Другиве дечки се сериозно во право за тојота што зборат.Пред се доаѓа со стандард безбедносна опрема напуштање лента,сама кочи при пешаци и коли што е сериозно добра ствар особено што се загледуваме во мобилниве.И уште една работа е што за тојота забораваш на сервис.Многу се издржливи.Е сега што есапот на билборд и во салон кога ќе идеш никад не е ист тоа е друга работа.И во твојов случај би гледал и bmw f30.Сериозно добра и издржлива кола со премала потрошувачка.Дури и 316d е 2000 кубика 115 коња и има супер вожња за наши услови.позз
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.789
Епа тоа и беше муабетот, за reliability. Тоа нема никаква врска со изјавата дека Тојота 2008 имала внатрешност ко Голф 1998. Сигурно и касетофон има наместо цд плеер.

Некој гледа што делови има лаптопот, а некој само гледа да биде розов :)
Лоша компарација со лаптоп...

Релативен лаик сум на темава, ама пак ќе споделам искуство.

Секој си има различни преференци на кола.Некој сака да биде квалитетен ентериер, други издржливост, трети сакаат driving experience, и македонското "се во едно", едноставно тешко може да се најде.
Постојат премногу стереотипи на интернет кои нам ни се достапни на само еден клик, многу "маани" и комбинаторики правење и тн и тн, и пошто македончето ретко купува кола, онака, преголем притисок си ствара да го направи правиот избор околу оваа тема.

Ако тебе, на членови од твоето семејство или некој познаник не се погодило нешто или те/ги спопикала несреќа, не значи дека моделот или самата кола се објективно лоши, туку тоа е само едно субјективно искуство.

Денес на интернет можеш да видиш подеднакво лоши коментари за Алфа Ромео и за БМВ, особено ако премногу и доволно истражуваш. Кола без маани и без негативни (макар и поедини) ревјуа, едноставно не постои.

Генерално според она што можам да го извлечам како заклучок од мое искуство, разликата квалитет-цена кај автомобилски серии и производители не е драстична и сите се со некои свои маргинални pro's and cons.
Еве да земам за Ц-класа ... нема драстични разлики некои огромни во overall квалитет кај пример Фокус, Корола, Голф, Мазда 3, Леон, Сивик, Лансер и тн и тн. Варијациите во оценките се да речам во размер од +/- 2 поени од 10 максимални за некој даден аспект како на пример издржливост, возачко искуство, економичност и тн и тн.

Во поглед на потрошувачка, сите се малтене тука некаде (мали се осцилацииите реално), цена на сервис сеа реално 30-50 евра годишно повеќе не би требало да ти значат, ако си спремен да искешираш 12-15.000 евра за автомобил (значи, пак, спаѓаш во некоја средна македонска класа со тој буџет)

Само треба да вагаш што повеќе ти тебе прави ќеф, мерак и што ти е најбитно, и според тоа да вагаш.
Дали сакаш driving experience, дали сакаш квалитетен ентериер, долгорочност. Разликите меѓу параметрите се минорни во денешно време. Особено овие кежуал етаблирани модели на коли (не зборам некои новоизлезени) кои се веќе 7/8/9та генерација.

Реално и самите производители и коли се доста напреднати и постојат многу, вака од око, автомобили кои нема шанси да речеш дека имаат 250.000 поминато, ќе си речеш ова е под 150к. Си зависи и од сопственикот/сопствениците. Се запрепастувам како некои коли изгледаат сочувано и после прилична километража. Постојат и обратни сценарија, кога некоја малку извозена кола изгледа и внатрешно и надворешно ко свињарник, но тие се искрено поретки.
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2018
Мислења
63
Поени од реакции
20
Како се проверува за голфот по број на шасија?
извинете за офтопик :)

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
Moze da go proveris na carvertical spored broj na shasija, samo se plakja okolu 300-500den
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.661
Поени од реакции
34.954

Километражата не е толку страшна за ентериерот, туку за: моторот, мењачот, предницата, амортизерите и тн.
Во 2013-14та возев служебено пунто, ново купено од салон прв влегов во него, и само јас во една година му направив 72 000км, следната година продолжија да го возат други колеги и во рок од 4 години возилото имаше поминато речиси 230 000км.
Од надвор светеше, ниту еднаш драснато/удрено, внатре возено од максимум 2ца, на задна клупа освен ранец и документи друго немаше ставено никогаш, во гепек само опрема ама со едно хемиско ќе светеше.
Теоретски возилото уште немаше ни 5 години, а моторот почна да троши масло, на предницата и беше скоро се променето, мењачот веќе имаше луфта.
Е ако имаш среќа да налеташ на вакво возило и не разбираш што купуваш ќе станеш поредовен во сервис и од вработените.

Со половни возила отворени очи 24, и во мкд и од надвор сум видел возила кои се како од салон извадени, а имаат поминато и над 250 000 км.

Инаку има разлика од производител до производител во поглед на квалитет на изработка внатре, а особено и на издржливост на мотор и ситни дефекти кои ќе те вадат од такт и нема да имаш сигурно возило.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.578
Поени од реакции
7.573
Епа тоа и беше муабетот, за reliability. Тоа нема никаква врска со изјавата дека Тојота 2008 имала внатрешност ко Голф 1998. Сигурно и касетофон има наместо цд плеер.

Некој гледа што делови има лаптопот, а некој само гледа да биде розов :)
Не е за касетофон или внатрешноста, општо технологијата вградена во секоја Тојота е 1-2 генерација поназад од Пежо, Ауди, Мерцедес итн. Затоа и се каде каде поиздржливи.

Возев 2017 Х3 сам врти во кривина, сам паркира, кочи, даваш жмигавец тој сам дава гас за да претица, буквално со еден прст ја контролираш цела кола. Тојота уште го нема комерцијализирано овој концепт а многу други веќе петта година продаваат вакви коли.
 
Член од
14 август 2020
Мислења
224
Поени од реакции
522
Не е за касетофон или внатрешноста, општо технологијата вградена во секоја Тојота е 1-2 генерација поназад од Пежо, Ауди, Мерцедес итн. Затоа и се каде каде поиздржливи.
Да ама разликата е во тоа што бмв ауди мерцедес со таква опрема е 20.000 поскапо од стандард варијанта.А сузуки тојота киа им е основно ниво на опрема.
Одам со бмв од 35.000 еу во сузуки да гледаме авто за пријател и се запрепастив.Сфит од 13.000 еу има греачи на седиште,blind spot ретровизор,автоматско кочење при обструкција на патот,адаптивен темпомат,hill assist.Влагаш у бмв и ти останува да се тешиш дека возиш премиум брнд.
 
Споредбава ти е крајно глупава, споредуваш тојота(комерцијално возило) со бмв што е премиум бренд, спореди со лексус па ке правиме муабет дали сам паркира, додава гас на претицување.
А и нема поетна тојота како бренд да го тера овој концепт на луксузни возила, тука е лексус! Тојота и хонда во поглед на квалитет (мотор и мењач) е деценија пред европските возила :)
Vw проба да влезе во премиум сегментот пред 15/16 години со phaeton и што се деси? Моделот пропадна затоа што vw до тогаш правеа "ефитни комерцијални возила" Phaeton беше скап и сите се одлучуваат да купат ауди а8, с класа и серија 7.
 
Последно уредено:

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.578
Поени од реакции
7.573
Да ама разликата е во тоа што бмв ауди мерцедес со таква опрема е 20.000 поскапо од стандард варијанта.А сузуки тојота киа им е основно ниво на опрема.
Одам со бмв од 35.000 еу во сузуки да гледаме авто за пријател и се запрепастив.Сфит од 13.000 еу има греачи на седиште,blind spot ретровизор,автоматско кочење при обструкција на патот,адаптивен темпомат,hill assist.Влагаш у бмв и ти останува да се тешиш дека возиш премиум брнд.
Па тоа е муабетот, еден свифт има од дополнителна опција која може да се купи а кај Тојота уште наредни 2 генерации додека развијат иста опрема во понуда за сличните модели. Ни како дополнителна опрема не постојат работи што ги има кај Пежо од иста година споредено со Тојота
Автоматски споено мислење:

Споредбава ти е крајно глупава, споредуваш тојота(комерцијално возило) со бмв што е премиум бренд, спореди со лексус па ке правиме муабет дали сам паркира, додава гас на претицување.
А и нема поетна тојота како бренд да го тера овој концепт на луксузни возила, тука е лексус! Тојота и хонда во поглед на квалитет (мотор и мењач) е деценија пред европските возила :)
Vw проба да влезе во премиум сегментот пред 15/16 години со phaeton и што се деси? Моделот пропадна затоа што vw до тогаш правеа "ефитни комерцијални возила" Phaeton беше скап и сите се одлучуваат да купат ауди а8, с класа и серија 7.
БМВ Х3 не е премиум кола, премиум е Тојота ЛендКрузер В8 а тој ни денес ги нема опциите од средно класно БМВ од 2017. Пак ти мисли дека споредбата е глупа
 
Член од
16 декември 2018
Мислења
63
Поени од реакции
20
Па тоа е муабетот, еден свифт има од дополнителна опција која може да се купи а кај Тојота уште наредни 2 генерации додека развијат иста опрема во понуда за сличните модели. Ни како дополнителна опрема не постојат работи што ги има кај Пежо од иста година споредено со Тојота
Автоматски споено мислење:

БМВ Х3 не е премиум кола, премиум е Тојота ЛендКрузер В8 а тој ни денес ги нема опциите од средно класно БМВ од 2017. Пак ти мисли дека споредбата е глупа
Па и не е поентата ЛендКрузер да има опции како "средно класно" бмв.ЛендКрузер е сосема разлчна приказна од бмв.Средно класен лексус ги има сите опции што едно беееееемве 2.0дизел(со пластичен усис и картер) дури и повеќе.
П.С и сам знаеш што значи ЛендКрузер и зошто е 80к евра и се продава како таков,глуп пример ке ти дадам шеици во дубај.
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.661
Поени од реакции
34.954
Па тоа е муабетот, еден свифт има од дополнителна опција која може да се купи а кај Тојота уште наредни 2 генерации додека развијат иста опрема во понуда за сличните модели. Ни како дополнителна опрема не постојат работи што ги има кај Пежо од иста година споредено со Тојота
Автоматски споено мислење:

БМВ Х3 не е премиум кола, премиум е Тојота ЛендКрузер В8 а тој ни денес ги нема опциите од средно класно БМВ од 2017. Пак ти мисли дека споредбата е глупа
Хахахахахахахахахаха цар, споредуваш возило што кошта преку 55 000 евра со возила што се во ранг под 20 000 евра.

Ленд Крузер е класичен теренец и пак не е во иста класа со Х3. Комфорт верзијата е горе-доле иста цена со Х3, али намената на двете им е тотално различна и затоа доаѓаат со тотално различна опрема.
Инаку ако навистина ти треба теренец, а не возило за курчење тогаш каде што ќе се качиш Ленд Крузер, со бмв може да сонуваш.

И да не е тојота, за 15 000 евра се наоѓаат нови возила или возила стари максимум 2 години кои се далеку подобар избор од голф/мерцедес што веќе има 200 000км.

Ако не брза и Mitsubishi ASX се наоѓа до 17к евра на акција со 2.0 мотор, 150 коња бензин, класи подобар е од играчката со знак од мерцедес и гољфот.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Можно е да грешам, но мене ми се чини дека Тојота за ЕУ пазар и за УСА пазар, се разликуваат многу. Во УСА Камри е најпродаван модел со децении, а тука е и Акорд на второ место, Королата исто. Во Европа не се ни продаваше Королата едно време, туку Аурис (сличен модел). Откако Јапонците влегоа во САД не го испуштија тој пазар, за ЕУ како ќе се погоди. Не им е многу битен ЕУ пазарот, тука царуваат Германците.
 
LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.338
Поени од реакции
3.310
Koga go sporeduvaat so germanski brendovi od ista klasa (merc, bmw, audi), lexusot e ligi i nivoa pozadi germancite i vo pogled na kvalitet i vo pogled na performance. I ke bide uste dolgo vreme..

Iskreno malku mi e smesen muabetov, koga sporeduvate germanski i japonski brendovi e isto kako da sporeduvate babi i zabi.
Toyota e entry level brend za sredna urbana klasa zeni sto ne iskacaat od grad i vozat malecki kolicinja za da ne se zamaraat za parking.
Za sportskite kupea samata Toyota gi koristi motorite na bmw. Toyota nikogas ne napravila jak izdrzliv motor. Najnovata supra e Z4 so shasija od toyota...

Land cruiserot i hiluxot ke izdrzat 500k kilometri pod haubata, ama vnatre tie platnenite sedista ke se unistat po dve tri godini. Plastikata ke ispuka.. Edinstvena pricina zosto drzat cena e radi dolgogodisna reputacija za izdrzliv motor.
Ama dali mozes da sporedis land cruiser so G wagon?
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.425
Поени од реакции
7.789
Километражата не е толку страшна за ентериерот, туку за: моторот, мењачот, предницата, амортизерите и тн.
Во 2013-14та возев служебено пунто, ново купено од салон прв влегов во него, и само јас во една година му направив 72 000км, следната година продолжија да го возат други колеги и во рок од 4 години возилото имаше поминато речиси 230 000км.
Од надвор светеше, ниту еднаш драснато/удрено, внатре возено од максимум 2ца, на задна клупа освен ранец и документи друго немаше ставено никогаш, во гепек само опрема ама со едно хемиско ќе светеше.
Теоретски возилото уште немаше ни 5 години, а моторот почна да троши масло, на предницата и беше скоро се променето, мењачот веќе имаше луфта.
Е ако имаш среќа да налеташ на вакво возило и не разбираш што купуваш ќе станеш поредовен во сервис и од вработените.

Со половни возила отворени очи 24, и во мкд и од надвор сум видел возила кои се како од салон извадени, а имаат поминато и над 250 000 км.

Инаку има разлика од производител до производител во поглед на квалитет на изработка внатре, а особено и на издржливост на мотор и ситни дефекти кои ќе те вадат од такт и нема да имаш сигурно возило.
Секако мислев и на внатрешност, лошо се изразив.
Не само екстериер, иако постојат луѓе што само за екстериерот се фаќаат, нели. Мајстори со 2-ish години искуство можат да промашат некој од овие компоненти и да направат погрешна процена за исправност/дотраеност/извозеност и тн и тн…

Постои разлика, не викам не, но тоа е повеќе исклучок отколку правило. Денешните коли, особено оние кои се 7+ генерација, по моја некоја лаичка перцепција се прилично изедначени по многу параметри. Секогаш има по некоја црна овца во стадото.
 
Член од
2 ноември 2015
Мислења
195
Поени од реакции
52
Покрај Мерцедесот и Голфот, што мислите и за овој автомобил:

Seat Leon FR 2.0 TDI 110kw/150ks (2015) (цена 12.000,00 €)?

=Ако може админот нека го стави автомобилов од овој пост во анкетата=
FB_IMG_16303497750215403.jpg FB_IMG_16303499030867153.jpg FB_IMG_16303497821393175.jpg
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.661
Поени од реакции
34.954
Секако мислев и на внатрешност, лошо се изразив.
Не само екстериер, иако постојат луѓе што само за екстериерот се фаќаат, нели. Мајстори со 2-ish години искуство можат да промашат некој од овие компоненти и да направат погрешна процена за исправност/дотраеност/извозеност и тн и тн…

Постои разлика, не викам не, но тоа е повеќе исклучок отколку правило. Денешните коли, особено оние кои се 7+ генерација, по моја некоја лаичка перцепција се прилично изедначени по многу параметри. Секогаш има по некоја црна овца во стадото.
Секое половно возило е приказна за себе.
Сите возила што сум ги имал приватно сум ги купил половни, и не сум имал со ниту едно посериозни проблеми. За следно зависи кога и каде ќе го земам, ќе видиме дали ќе биде половно или ново.

Она што мене ме нервира кај половните возила се сервисите, не толку сумата што ја фрлаш, колку што ме нервира честата промена на едни те исти делови, и расправање со мајстори/продавачи.
Деловите што ќе ги променуваш никогаш нема да го имаат истиот квалитет со фабричните, ако со фабричниот си поминал 50 000км, со новиот нема да поминеш ни 15 000км.

Друга работа е сигурноста што ја имаш во поглед на долги патувања: ново возило е пали-вози, имаш за промена на редовни интервали масло, каиши, филтри и пневматици, акумулатор, плочки/дискови и тоа е тоа. Кај половно, загушил егр, заебава маф, не уклучува турбина, заебава дпф, па светнало едно ламбиче, светнало друго, па отишол некој сензор, па отишол замаец....упм, и да не сакаш ќе научиш механика.

Следна премногу битна работа која многумина не ја внимаваат е дали си способен да го одржуваш возилото во следниот период.

Ланска година другар зеде Е220 авангард од 2010та, 11к евра, авион од возило. Арно ама секое влегување на сервис му е колку на мојата цел ремонт.
Да, возилото е чудовиште,каква не опрема, ама за одржување е далеку поскапо од пониска класа на возила (а се расипува, иако е мерцедес веќе има поминато над 350 000км и полека си откажуваат работите).

Ако е човек мераклија, има пари за одржување и не му пречи што ќе се ашка по сервиси, тогаш постои мерцедес и сите останати возила :D Јас сум изгорен за CLS, многу ми е јак на изглед, се повозив кај еден роднина од Швицарска, возилово е елеганција во движење :D

Инаку шала на страна, на претходното мислење имаше пишано за алфа, сум се заебавал многупати, али ако најдеш зачувана (159ка), за ниска цена добиваш најмногу во поглед на изглед и перформанси.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom