D
Deleted member 53418
Гостин
Факт е дека ТП е поекономична кога работи на пониска температура на вода.
Меѓутоа... ако потребата на просторот е таа(рецимо 5kw), тогаш дали на 35ц дали на 45ц на вода, ТП па ќе мора да испорача 5kw за да те стопли!
Мое мислење е дека нема да имаш значајна разлика, уште повеќе ако го земеш фактот што еден фенкојлер кошта >300€!
Како што разбрав, ти веќе си направил голема инвестиција, па сега е "малце"доцна за думање...
Евентуално, и не ме зимај за збор не сум стручњак, една опција е додавање на друг котел во системот како дополнување на ТП на минусни температури(кога и највеќе страда ТП)! Меѓутоа тоа повлекува уште поголема инвестиција... а бидејќи(претпоставувам) ТП ти е моноблок, мислам и дека неможе да се додаде бафер(голем бојлер) и друго котле.
Тука спаѓаат и соларните колектори, меѓутоа било која комбинација е "екстра" скапа во старт, и сигурен сум никогаш нема да се поврати инвестицијата!!
Како е, така е, уживај! Биднало.
Автоматски споено мислење:
Всушност сега проверував, и гледам сме дискутирале за ова!
Најекономично греење (затоплување)
Здраво Размислувам за топлинска пумпа , посто веќе имам парно со котел на дрва , дали некој прочитал некое искуство за Грее Версати 3 моноблок , или друг бренд во сличен ценовен ранг ! ...сите ти испрепорачаа Т.П. Ама никој не ти кажа дека ако си на радијатори,а сам велиш си имал котел на...forum.kajgana.com
Епа ако е толку неекономична зошто ја 'фураат' толку ?
По германии/британии секој 2 на тп се грее исто и Белгија. За нашево поднебје не е добра дека се ладни зимите ?