И викам: „Маче, изгледаш ко Мерилин Монро..."
Се прашувам дали ова пали некаде?
Порано имав другар кој велеше дека треба и зборуваш додека си малку пијан, ако те слуша додека трескаш глупости значи дека и се допаѓаш. Јбг. имавме 20 години тогаш...
Девојките на таа возраст сакаат идиоти, од некаква причина. Значи може да трескаш секакви глупости, ако тоа го правиш релаксирано, ненападно, со многу самодоверба и насмевка, немаш проблем. Само опуштено. Ова посебно важи во кафиќи и ноќни клубови. Потешко ќе помине на пример во градска библиотека, иако не е невозможно.
Во триесетите е веќе друга работа, или треба да биде. Императив е да покажеш дека не си сељак. Учтивост и манири не се на одмет.
With all that being said, моите генерации се намачија со ова. Требаше да постои курс во школо, нуклеарна физика е полесна од науката наречена „разбирање жени“. Сега ви е лесно, гледаш девојка што ти се допаѓа, ставаш фејк слики на инстаграм како вежбаш во теретана, возиш точак на планина, спасуваш деца од пожари, донираш во добротворни цели... па и праќаш friend request и 90% од работата ти е завршена.